Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата TripleH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да, ама мислам дека имаше изјава од детето дека сака да остане во Барселона и да освојува титули со клубот. А овие неможат изгледа да извадат добар играч од тие нивните школи па ги бркаат нашите :smir:
 
Што ке бара Фабрегас во Барселона ?

Ги имаме Чави и Ињеста...Фабрегас би се гушел меѓу нив. И сами гледавте на Европско дека ептен лошо функционираат овие 3ца, така да Фабрегас им беше само замена.

За 2-3 години кога ке се ослабне Чави физички, на фабрегас ке му биде здосадено да игра фудбал. Мислам дека таквите деца кој славата ја имаат доживеано на 18-19 години, играат на потребно ниво до 24-25...после тоа гледаат само пари.
 
Во последно време во медиумите се повеќе се пишува дека Манчестер Сити сака да го купи Анри. Незнам колку е паметно ова, бидејќи треба да се купи некоја добра замена, а и плус тоа Анри има изјавено дека доколку се врати во Англија тоа ќе биде само во Арсенал. Мое мислење е да се почека крајот на сезоната па потоа да се продаде ако треба.

http://sport.es/default.asp?idpublicacio_PK=44&idioma=CAS&idnoticia_PK=550712&idseccio_PK=803

А според ова, Реал и Барса се заинтересирани за Даглас, некој си бразилски талент.
 
Нека шиба Анри, цело време се жали на некој повреди, место машки-борбено една утакмица да изигра.
Бар Сити ке дадат некој денар, да се вратат потрошените пари за него. И плус ако се знае дека е најплатен во Барселона...слободен е.

Исто така според мене, Агуеро е лоша опција. Бојан е многу сличен играч со него, во иднина...неможам да ги смислам двајцата заедно во шпицот.
 
Во последно време во медиумите се повеќе се пишува дека Манчестер Сити сака да го купи Анри. Незнам колку е паметно ова, бидејќи треба да се купи некоја добра замена, а и плус тоа Анри има изјавено дека доколку се врати во Англија тоа ќе биде само во Арсенал. Мое мислење е да се почека крајот на сезоната па потоа да се продаде ако треба.

http://sport.es/default.asp?idpublicacio_PK=44&idioma=CAS&idnoticia_PK=550712&idseccio_PK=803

А според ова, Реал и Барса се заинтересирани за Даглас, некој си бразилски талент.

Абе нека иде у Ман.Сити за 15 миљончиња и после нека купат некој асален голман!
А нападот треба да ни е:
Бојан-Ето-Меси
 
Голем проблем во изборот на квалитетно засилување за нападот е формацијата 4-3-3. Тоа е тактиката која ја игра Барса и која тешко може да се очекува дека некој тренер ќе ја смени. Во неа има место за само еден напаѓач. Доколку се купува нов напаѓач постојат две ситуации.

Да се продадат Ето и Анри и да се знгажира некоја супер ѕезда или пак да се донесе некој кој ќе биде среќен да игра за Барса ама од клупата за резерви и секогаш да дава максимум и често да постигнува погодоци (Солсксер беше ѕверот во Јунајтед, а и Ларсон имаше таква улога пред три сезони ако не се лажам).

Бензема е инзвореден напаѓач ама едноставно неможе да игра со Ето во ист тим, некој ќе мора да биде на клупата за резерви, незнам кој од нив двајцата ќе се сложи на тоа.
 
Така сакаше да направи Гвардиола кога ја презема Барселона. Сакаше да го продаде Ето( голема грешка ќе направеше) и да го земе Трезеге, а Анри да игра во напад заедно со Меси и Бојан. Но не успеа во тоа и затоа сега имаме еден напаѓач повеќе.
 
Педро се повредил, ќе отсуствува 4 недели.
Меси се пожалил на болки во ногата кога тренирал со Аргентина и веднаш бил повлечен од тренинг, но не е ништо сериозно изгледа.
Инаку Хлеб се вратил на тренинзите и би требало да игра на наредниот натпревар против Билбао.
 
Јааааааааааааааооооооооооо падобранец !!!:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom