И ете пак се закачив со „свесни“ за кои се им е лажно...
Ај од крајот... штета што твоето дирекно спознавање кое го пласираш овде е од книги... што спозна ти вака... ? Дека ти не си ова она тоа таму ваму дека сенката е помалиот брат и треба да се убие ... wow... Ме ослепе спознанието твое. Ти несвесно си полн со туѓи идеи кои ги „спознаваш“ како твои и умот за да не ти работи, те мами, ги калеми и додава тие идеи како свои. И нормално немаш свои зборови ниту дела сето тоа физички да се покаже, колку си ти свесен...
Точно, да си свесен е целта, но ти, не ми покажа никаде дека си свесен за нешто, туку само дрдориш. Јас немам ништо против таа филозофија твоја... јас имам против твојата свесност која е лажна за мене, а и за многумина, а ти ја пласираш за апсолутна! Разбираш?
Свесноста ја врзуваш со умот. Ех ех ех... и уште едно ех.
Ах, пак и за целта ќе зборуваме дека е препрека ... ослободени од страста за резултат, секој пат е совршен. Зарем не зборува така Книгата на Законот? Ах да, ти не сакаш свети книги... Ти се спозна сам велиш, само што Ошо, Патанџали,Руми и остали од истокот, ги цитираш оти тие ти се другари од маало, па муабети што си слушнал ги повторуваш.
Има и друг начин приказната да се разбере, ти ми зборуваш како ти имаш исти мисли како нив, и сега се пронаоѓаш како истомисленик на Патанџали и другите
Немој со тие куршуми
Премногу детски и смешно ми е сето тоа. Дури и ова го правам бидејќи сум расположен да фрлам зборови бескорисно.
Затоа, ти уживај во целта, и „спознавај“ како што си наумил, ама држи си јазикот за заби
Ако сакам цитати од истокот, имаме книги, ќе си прочитаме...
Знаење нема врска со мудрост, може да си начитан у ПМ... Ти фали една алка во ова тврдење за да го протолкуваш (спознаеш) како што треба. Да си начитан и да имаш знаење не е исто. Но ајде, нека ти биде како што ти си спознал.
Знаењето има врска со разбирањето, а тоа пак со мудроста, која те враќа назад кон знаењето... обична повранта врска, ништо поеќе.
И разумот е лага. Умот обична алатка... за таа твоја свесност. Постои причинител бесконечен и непознат. Немој да му даваш на умот метафизички и наприродни својства. Се е природно, нема нешто такво, надприродно.
И каква е оваа поделба надсвесност... ме ежат такви играња со зборови. Ти си над умот? Надсвесност? Над твоето јас? Ако почнам понатаму твоето јас ќе треба да го исвиркаме и да викнеме друго јас да ти ја наполни школката на постоење!
Ти како си запнал да ја величиш алатката, ист си како рисјаните што го величат крстот... Глупости...
Ти се чудам на умот...
П.С. Јас е лага, престани со тоа. Јас и злато да го нарекуваш, лага е. И свесност да го нарекуваш лага е. Си заглавил во некоја бесконечна секвенца на повторувачки мисли и ете ти ја реалноста. Но тоа се твои демони, сам си ги решавај.