Неуништливото име - Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bratot
  • Време на започнување Време на започнување

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Веб-сајт
www.macedonianspark.com
Името Македонија носи со себе голема историска гордост и вековна традиција, па така секој оној кој што сакал да ги асимилира Македонците прво нешто кон постигање на таа негова цел било оспорувањето на тоа величествено име.

За време на петвековното османлиско ропство на Македонија, Македонците, како и сето христијанско население во Империјата, биле нарекувани Каури. Македонија пак била поделена на вилаети.

Во американскиот весник „The sun“, од 16 јуни, 1903 година (стр. 12), се објаснети обидите на османлиските власти целосно да го избришат името Македонија, бидејќи тоа само по себе асоцира на самостојната земја толку позната во минатото:

„Зборот „Македонија“ го буди цензорот после толку многу години. Го сака турското име на територијата наместо името на независната земја...


Турските цензори од Константинопол протестирале за зборот „Македонија" од седмото издание од првото поглавје на Солунчаните беше потврдено преку писмо од Американското библиско друштво...

Ние имаме сериозни тешкотии во Турција со одделот за јавни инструкции. Цензорите протестираа за зборот „Македонија“ од Новиот Завет. Нашите апликации за дозвола за нашите нови едиции се подложени на подолготрајно и уште понеразумно одлагање, одошто било кога претходно.“

Во американскиот весник „The national tribune“ од 24 септември 1903 година (стр. 3) по повод непостоењето на земјата Македонија на географската мапа, е напишано објаснување за читателите за тоа каде Македонија се наоѓа:

„Во дописите од Константинопол постојано се спомнува Македонија. Нашите читатели ќе имаат големи тешкотии да ја најдат на мапата, бидејќи македонското име исчезна од светската политичка историја пред векови.

Во денешно време под тој термин се подразбира земјата на север од Грција (!) расположена меѓу...“


По балканските војни (1912-1913) и Букурешкиот договор, Македонија е поделена меѓу соседните држави Грција, Србија и Бугарија и мал дел Албанија и се продолжува со засилено темпо да се асимилира тамошното македонско население.

Територијата на денешна Република Македонија потпаѓа под Кралството Србија (струмичко потпаѓа под Бугарија) и српските власти во согласност со нивната пропаганда и асимилаторска дејност ја нарекуваат Јужна Србија, а Македонците Јужносрбијанци.

Од 1918. година територијата на денешна Р. Македонија (вклучително и струмичко) станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и како што се гледа од името на кралството, Македонија е изоставена од истото. Уставни нации сè до 1929. година биле Србите, Хрватите и Словенците, а Македонците биле сметани како дел од српската нација. Македонскиот јазик пак е сметан за дијалект на српскиот и бил забрануван.

Во хрватскиот весник „Narodno jedinstvo“, бр. 48, од 1923 година, на насловната страна е цитиран допис од еден Македонец од Скопје во кој што тој го опишува негирањето на Македонија и на Македонците:

„Србите велат дека ние Македонците сме Срби и дека тие не ослободиле. Да видиме што говорат нивните дела, односно недела спрема нашиот народ. А, тие говорат дека за нас Србите се полоши и од Турците, бидејќи не е само тоа што не викаат Јужносрбијанци (?!), ниту тоа што Македонија ја викаат Јужна Србија (се гледа дека на нашите „ослободители“ им е тешко да кажат Македонија).“


Од горниот цитат се гледа дека името на Македонија било предмет на негација и во тоа време. Понатаму во текстот се спомнуваат ѕверствата и убиствата вршени над македонскиот народ.

Територијата на денешна Р. Македонија (и дел од Србија) од 1929 до 1941 година, во рамките на кралството Југославија добива нов назив - Вардарска Бановина со цел заборавање на античкиот корен од Македонците и создавање на новата нација Југословени.

Забраната за користење на македонскиот јазик и принудното користење на српскиот во администрацијата и образованието во Македонија продолжила и во овој период. За ова сведочи визионерскиот цитат на Методија Андонов - Ченто од 8. декември, 1940 година:

„Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот мајчин македонски јазик, затоа што ние сме Македонци, а нашите деца се македонски деца.

Ние, Македонците, имаме свој јазик и нашите деца имаат право да зборуваат насекаде на својот мајчин јазик. Ниту ние им забрануваме, ниту некој друг може да им забрани на српските деца, кои се дојдени во Прилеп, да зборуваат на нивниот мајчин, српски, јазик. Не им браниме да бидат Срби, но нашите деца нека останат Македонци. Ако овој политички поредок не ни ги дава нашите политички и национални права за самостојност, ќе дојде ден, во една федеративна држава, кога оваа земја нема да се вика Јужна Србија, туку Македонија и ќе биде самостојна држава.“




Слики на Македонска Искра
 
Носи името гордост ама една утка ни име ќе се види.Ја продадоа државата зошто мислите дека нема да се продаде и името o_O
 
Носи името гордост ама една утка ни име ќе се види.Ја продадоа државата зошто мислите дека нема да се продаде и името o_O
кој ја продал државата и како објасни ми?
 
Некој може само да сонува, доколку македонија се смени да речеме во било што а не македонија.
Значи,само со спортот како се разбуди тоа чуство на патриотизам во македонија, па се замислете мислм народо е како овца овде но за промена на името навистина мислам дека од 2.000.000 народ би излегле на протест 90 % додека 10 % ќе остнат во болниците и ќе навиваат.
Теоретски е невозможно да се смени името, а практично уште помалку, освен ако сака да загини млад, тој што ќе го продај, смени и слично. Налет тоа, кој е тој со кое право си дозволува да има неограничена власт? Секој има функција и се држи до тоа...е не сеа баш така ама пробуваме да изглеа така..
Така да, не радувајте се грчишта оти ќе се смени името, и не се нервирајте македонци оти ќе биди сменето.Било и ќе остани.Нема промена.
--- надополнето: Sep 26, 2011 7:49 PM ---
Фактички јас сум за промена на името, кое не ни е нас име ...од FYROM во Републик Македонија.
 
ама нашата влада (не само оваа, туку сите влади од '91ва) "виткаат кичми" за некој разумен компромис...
 
е да знаев немаше да те прашам :)
мислеше на продажбата на се што е државни фирми и фабрики нели? :)
ако на ова мислеше се разбираме

На се, како прво новинарите кои се предавници невидени, второ политичариве кои што натераа 2м народ да страда, трето воа професориве што се фураат како Фрчковски па после Латар и ред други само ме мрзи да пишувам, манги невидени се сите :tapp:
 
Името е одамна продадено, немаше воопшто да се водат преговори околу него ако не сакаа да го менуваат
 
Сум се расправал со другарите цела вечер за ова !

Според мене сега не се водат преговори да се смени името на Република Македонија туку се водат преговори за да се смени името ФИРОМ !
А тоа е заради тоа што ние не сакаме менување на уставното име ниту пак некакво име за севкупна употреба !

Скоро секаде сме ФИРОМ во спортот во музиката (евросонг) , ОН , ЕУ , НАТО ..... итн итн !

Единствено сме Македонија за оние држави што не имаат признаено и тоа само кога сме во некакви дипломатски контакти со нив и за среќа во нивните медиуми !
 
Цел свет не знае како Македонија и знае која била Македонија
Сите други називи, псевдоними, поими се ништо освен политика...
Така да ако вие убаво си живеете и си ја знаете историјата ич да не ве боли уво кој како ве нарекува ;)
 
На се, како прво новинарите кои се предавници невидени, второ политичариве кои што натераа 2м народ да страда, трето воа професориве што се фураат како Фрчковски па после Латар и ред други само ме мрзи да пишувам, манги невидени се сите :tapp:
првично те сватив погрешно али сеа е океј. инаку сосема си во право
 
Сум се расправал со другарите цела вечер за ова !

Според мене сега не се водат преговори да се смени името на Република Македонија туку се водат преговори за да се смени името ФИРОМ !
А тоа е заради тоа што ние не сакаме менување на уставното име ниту пак некакво име за севкупна употреба !

Скоро секаде сме ФИРОМ во спортот во музиката (евросонг) , ОН , ЕУ , НАТО ..... итн итн !

Единствено сме Македонија за оние држави што не имаат признаено и тоа само кога сме во некакви дипломатски контакти со нив и за среќа во нивните медиуми !

Без да прашам каков став имале твоите другари, одма можам да ти речам дека си апсолутно во ГРЕШКА.

Заради твое добро, да научиш правилно, провери во Привремената Спогодба за кое име се води спорот.

Оваа привремена референца не е име, туку е востановена илегално, спротивно на Повелбата од ООН, но и таа е ограничена само во внатрешна употреба на органот на ООН.

Другата заблуда, како сме именувани на разни меѓународни настани, се должи САМО на грчкото лобирање, а не на некоја резолуција која ни забранува да бидеме под нашето име

Прочитај ја следнава статија:

За дискриминацијата на ОН кон Македонија и Македонците
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom