Ете јас ке се обидам да напрам една кратка аанализа за сите тимови во ЛШ
Група А- Според мене фаворит број 1 е
Барселона- имаат склопено супер тим Шарич, Рутенка, Наџ, Рокас и други шпански репрезентативци
На 2 место ги сметам
Шамбери – претежно домашен тим, но лани направи доста изненадувања- победа против Барселона, Некар, Киелце
3 место му го давам на
Загреб- со моменталниот тим што го имаат 3 место е реално гледано- останаа без голманот Шкоф кој замина воЦимос Копер, но ги имаат Перич, после од играчите Балич,Гојун, Хорват, Тончи и Јосип Валчич, Коплјар...
4 место
Кадетен Шафхаузен- добар тим но за во Швајцарска лига попознато име му е десниот бек Александар Стојанович (поранешен играч на Вардар и Металург)
5место-
Савехов тим составен од домашни играчи но сепак недоволно за поголем успех
6 место
Босна- која има далеку послаб тим одколку оној што го имаше пред некоја година кога беа Хармандич, Тахирович, Терзич, Тороманович скоро цела репрезентација. Со ова екипа неможат да постигнат ништо во Европа
Гледано според мене оваа група по завршувањето вака треба да изгледа
Група А
1. Барселона
2. Шамбери
3. Загреб
4. Кадетен Шафхаузен
5. Савехов
6. Босна
Група Б- Фаворит е
Атлетико Мадрид ( Сиудат Реал)- за уште поголем доказ е тоа што во Суперкупот ги прегазија Барселона со 6 рзлика.Полн погодок напраја што го ангажираја најголемиот талент моментално данецот Николај Маркусен, исто така има и одлични предизпозиции. Овој тим според мене е и главен кандидат за титулата во ЛШ оваа сезона
2 место За ова 2 место во ова група има појќе кандидати – Везпрем, Киелце можи и Фуше Берлин.
Сепак јас се одлучвам да ги ставам
Киелце на 2 место во оваа група, оваа година се многу засилени, го ангажираја Денис Бунтич, на голот одличниот Шмал, среден бек Ткачик, го имаат и Јурашик, добра искусна екипа и се кандидати за ова 2 место кое ке го делат со Везпрем
3 место
Везпрем можно е да напрат изненадување и да се искачат и на 2 место исто како и Киелце имаат приближно иста екипа во јачина, овие го имаат Алилович, Мирсад Терзич , Марко Вујин и уште неколку добри играчи
4 место
Фуше Берлин – иако оваа сезона ангажираја неколку добри играчи, најголемо изненадување е
Икер Ромеро од Барселона, Денис Шполјарич, репрезентативниот голман Силвио Хајнветер, сепак ги клавам на 4 место, ова сезона му е прва во Европа а воедно и во ЛШ, и немаат европско искуство
5 место
Чеховски Медведи иако ги имам клаено на 5 место со малку среќа можат да го поразат и европски неискусниот Фуше Берлин и да се искачат на 4 место. Во Чеховски Медведи имат доста добри искусни играчи како Сергеј Шелменко, Сергеј Харбок, Михаил Чипурин, Черноиванов, Ковалев, Аслањин (несудениот бек на Вадрар Про)...
6 место Данскиот
Бјерингбро Силкеборг тим составен претежно од домашни играчи и од неколку други од скандинавските земји, мислам дека немат доволно сили да одат погоре од ова 6 место
Kраен изгледа на
ГРУПА Б
1.Атлетико Мадрид
2.Киелце
3.Везпрем
4.Фуше Берлин
5.Чеховски Медведи?
6.Бјеренгбро
Ова е тешка група за анализирање посебно за 2 место ќе се борат Киелце и Везпрем.
Група Ц –без сомневање фаворит е
Хамбург – имат доста јаки играчи скоро сите репрезентативци – почнувајќи од голманот Битер, Бертранд Жил, Гуилаум Жил, Блаженко Лацкович, Домагој Дувњак, Марцин Лијевски,Паскал Хенс, Ханс Линдберг, Михаел Краус, Игор Вори ...
2 место
Цимос Копер- достасолиден тим го имат искусниот голман Шкоф, Никола Џоно и тн
3 место многу тешко да се определи кој ке биди на ова место дали Металург или Констанца, малку од навивачки план ке бидам оптимист и на 3 место ќе ги клам
Металург – мислам дека не треба многу запознавање
4 есто
Констанца – претежо составен од домашни играчи тука игра и нашиот репрезентативец Бранче Ангелевски
5 место
Висла имат тим составен од анонимни играчи, имат над 15настапи во Европа, но немат тим за да направат нешто појќе од 5 место
6 место –
Ст. Петерсбург – да речам најслабиот тим во ЛШ немаат ништо посебно само Алексеј Костигов (голманот на Руската репрезентација)
ГРУПА Ц
- Хамбург
- Цимос Копер
- Металург ?
- Констанца
- Висла
- Ст. Петерсбург
Група Д – Фаворит
Кил (според мене ова сезона ке се 1 и во Бундес Лига, а имат шанси и за финале ЛШ) – ова сезона почетокот ги поразија 2 пати Хамбург
Имаат тим кој го држат неколку сезони и го надоградват со некој играч + тука се Јиха, Илич, Алм, Омејер, Андерсон, Нарцис, Цајц ...
2 место
Монпењер – одличен тим во кој игра еден Карабатич, Акамбре, Кавтичник...
3 место
Копенхаген – ова сезона ЕКСПЛОДИРАЈА, јаки на финансиски план, ангажираја неколку искусни, малку во поодминати години, но сепак ракометни ѕвезди како што се
Каспер Хвид и
Еге на голот двајца одлични голмани,
Јоаким Болдсен (многу го почитувам чоекот) до пред 2 сезони беше ЅВЕР , исто така го гледав и порано кога играше во Флензбург, едноставно незаменлив, сега го немам гледано но мислам дека повторно ке биди лидер во тимот, после него
Гудјон Валур Сигурдсон брилијантно лево крило,
Олафур Стефансон,
Јоргенсен, еден од најдобрите леви бекови кој на последното Светско Првенство во Шведска беше незаменлив
Микел Хансен
4 место
Адемар Леон – иако останаа без еден од најдобрите во тимот Денис Бунтич, сепак имат задржано добар дел од тимот од лани и донесоја уште некое засилување
5 место
Пик Сегед – ова сезона имат слаб тим иако ангажираја неколку нови играчи од кои и Рајко Проданович( лански играч на Вардар) но сепак силата му е до ова 5 место максимум
6 место –
Партизан целосно домашен тим составен од анонимни српски играчи кои неможат да направат никакво изненадување во ова група освем ако се земи уште некој играч можат на домашен терен да се надеват на реми или победа против Пик Сегед .
Група Д
- Кил
- Монпељер
- Копенхаген
- Адемар Леон
- Пик Сегед
- Партизан