Свадба - да или не?

V1kTo.Or

Талкач
Член од
16 август 2011
Мислења
504
Поени од реакции
304
Не сум за свадба од проста причина што многу ми е вештачко тоа славење како и самата институција брак (сум го споменал и во други теми). Кога ќе ја најдам личноста што ја сакам и со која сакам да го поминам животот тоа и ќе го направам без некакви адети и триста чуда, сакам едноставност и практичност.
Never say never ... да не играш оро втепсија и то сред зима ... сеир :vozbud:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.405
Поени од реакции
28.397
Ќе почне со

после, вака нешто сакам

тужи ме...
Нема зашто твое си е тоа, ама да плукам по наша песна и да затварам уши, колку и да е лоша ќе го задржам мислењето....
 
Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
Нема зашто твое си е тоа, ама да плукам по наша песна и да затварам уши, колку и да е лоша ќе го задржам мислењето....
Зошто да го задржам, си кажуваме тука кој што мисли, нема сега да се преправам дека ми се допаѓа нешто.
Ок е тоа некој сака, си слуша,си пее итн.

:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.196
Поени од реакции
34.431
[ Македоникус ]* и sasha4fierce ќе одморат од форумов една недела. Има некој нешто друго ОФ-ТОПИК да додаде?
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
18
Категорично НЕ причини многу причина не ми се допаѓа музиката незнам да играм оро
несакам на некоја шабанска музика да ги гледам гостите како доживуваат организација
за мене е шунд и кич
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
164
Поени од реакции
89
Трошење енергија и многу пари. Веселби во ресторан, пијанчење, играње ора на народњаци, типична македонска старовремска работа. Се канат луѓе што не биле видени сто години, ниту ќе бидат видени после свадбата уште сто години, но битно биле поканети оти се роди. А, па традицијата кога се зема невестата од куќата од страна на младоженецот и цела негова гарда е најголема глупост. Доваѓаат милион души демек ја кршат вратата на невестата, а овие па ја држат од другата страна демек да не ја земат, се засрамив пишувајќи за ова. Се кршат кокошки, баници и уште што не, а бабите трчаат наоколу да видат дали е се во ред. Се игра ора цел саат пред куќата, а цело маало ечи од народни песни.
Нема потреба од овие работи, а посебно огромна веселба во ресторан. За мене е доволно да се изврши регистрацијата во матичното, после може да се направи една вечера со најблиските или дома или во ресторант.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Jaс правев 2 “свадби“ една за роднини на денот на регистрацијата и една за колеги и другари 3 дена после првата. На двете имаше по окулу 40 луѓе првата беше во ресторан за роднините а за младите во клуб. И супер беше посебно втората беше кул со рок,пунк, метал музика онака права журка.
И немаше ништо традиционално земајње дома итн. Се чекавме пред матично.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
искрено до пред некое време и јас лаев против свадбата, но сега имам поинакво мислење. Сум била на двата типа свадби: и интимни со рок и џез и традиционално македонски свадби. Убедливо поубаво сум поминувала на традиционалните. Традиционална не значи свадба со турбо и српски ора и миљонерче. Дефинитивно сакам да се видам во венчаница, сакам да дојдат да ме земат, сакам да се венчам во црква, сакам македонско оро на мојата свадба. Сакам да ги направам сите тие адети. Реално адетите не се нешто од што треба да се срамиме, тие ни се дел од традицијата, нешто што ни останало од старите, што не прави поразлични од другите.
Инаку никако турбо на свадба, но секако тоа се договара со музиката што сакаш и што не сакаш. Групата со која ние се договоривме доби инструкции дека можат да свират се што им душа сака освен миљонерче, ајше, турбо и пропагандно српски песни
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807
Свадба да ама не традиционална и со многу гости( знајни и незнајни).
Јас би сакала свадба на некој остров далеку од сите со најблиските пријатели во некоја фина романтична атмосфера.
 
M

Moon Child

Гостин
Од целокупната дешавка - Свадба, едино што ми се допаѓа е фустанот. Нема да правам, воопшто несакам, не ни одам на свадби, одев само како мала моите дека ме влечкаа :cautious: Не се сеќавам кога последен пат сум била на свадба, не одам и не ни правам за да ми дојдат. Несакам ниту веселба ниту оние традиционалните доаѓања дома да ме бараат. :sick:
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Трошење енергија и многу пари. Веселби во ресторан, пијанчење, играње ора на народњаци, типична македонска старовремска работа. Се канат луѓе што не биле видени сто години, ниту ќе бидат видени после свадбата уште сто години, но битно биле поканети оти се роди. А, па традицијата кога се зема невестата од куќата од страна на младоженецот и цела негова гарда е најголема глупост. Доваѓаат милион души демек ја кршат вратата на невестата, а овие па ја држат од другата страна демек да не ја земат, се засрамив пишувајќи за ова. Се кршат кокошки, баници и уште што не, а бабите трчаат наоколу да видат дали е се во ред. Се игра ора цел саат пред куќата, а цело маало ечи од народни песни.
Нема потреба од овие работи, а посебно огромна веселба во ресторан. За мене е доволно да се изврши регистрацијата во матичното, после може да се направи една вечера со најблиските или дома или во ресторант.
Баш па мислам дека свадбата не е за најблиските, него за оние подалечните, да знаат сите дека си се settled down. Затоа и на свадба се вика се живо и диво, луѓе што не биле видени сто години, а нема ни да бидат.
Тоа традициите земање на невестата, кршење врати ау и мене не ми се свиѓаат -.-

п.с. Уствари, у денешно време доволно е да пишеш на facebook дека си женет, нема потреба од свадби...
 
Член од
2 август 2011
Мислења
383
Поени од реакции
653
Па вака сега, според мене и оние што сакаат свадба не знам колку се во тоа сигурни. Имам разговарано со многу коишто цел живот посакувале и направиле голема „циркус“ свадба и сите кажуваат дека за време на свадбата едвај чекале да заврши циркусот, да се ослободат од стресот и да си им дојде животот во нормала. Значи најсреќниот ден од твојот живот се претвора во ден којшто едвај чекаш да заврши што воопшто не асоцира на среќа и сл. Ако навистина сакаш нешто ке уживаш во секој миг од тоа нели?
Јас лично воопшто не сакам такви вештачки створени ситуации, посебно не некои страровремски наметнати обичаи коишто ако не ги направиш “ке гориш во пеколот“. Посебно сум против земањето на невестата од дома па пеење на фамозната „черешна“, па плачат мајки, комшивки, мислам која драма навистина. Навистина не е потребна таква работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom