- Оригиналната песна е на српски јазик , неофицилната химна на македонската репрезентација оваа првенство е плагијат.
А грците имаат право да се бунат затоа што таа песна се пееше не само од навивачите туку и во официлната прознава организирана од државните институции , а на таа прослава присуствуваа и челници на државата , териториални претензии према соседна држава. ( Водителот на прославата повикува од навивачите да се пее истата песна) .
Покрај сите овие случувања , секој има право да реагира , затоа што испаѓа дека оваа песна е испорачана на некој начин од политичките кругови, во момент кога се очекува да се решат политичките проблеми меѓу двете земји , и да се отстранат сите пречки за да може земјата да се приклучи кон ЕУ и НАТО.
Што стана со Македонско девојче ? Јас колку што праќав кошарка ,не ја слушнав оваа песна. Излези момче на тераса јас прв пат ја слушам толку често кога игра репрезентацијата (да не речам ја немам слушнато порано) , освен од навивачите на Шкендија , Слога , Башкими ... кои ја пееја на друга верзија.
- На трибините во Литванија се отвори транспарент на кој ми чини имаше нацртано мапа во која беа вклучени територии на други суверени држави , сите се дел од НАТО , а две други се и дел од ЕУ.
Навивачите отидени во Литванија беа пратени од Владата со платен превоз и влезница , дали и ова беше организирано сценарио од политиката.
Исто така имаше употреба на знаме кое Македонија сама се обврза дека нема да го употреби
За на крај : Не дека грците, србите или албанците се поарни , но ова беше европско првенство , во вакви натпреварувања се казнуваат екипите и за најмали националистички симболи (еве Шкендија е казнета со 25.000 за навивањето со Партизан , иако Шкендија играше во првите кола од квалификациите , а Македонија играше во полуфинале, не е исто).
Дали вие би реагирале ако цела Грција пее песни и извадат мапи според кои Пелагонија и припаѓа на Грција , Битолско поле? (Да не речам од државата помогнати).