Излези момче право на тераса"- неофицијалната химна на македонската кошаркарска репрезентација во Литванија тема на расправа во грчкиот парламент.
Во прашањата и аргументите на пратеникот Кирјакос Велопулос од ЛАОС до алтернативната шефица на грчката дипломатија Марилиза Ксенојанакопулу, меѓу другото се најде и песната.
- Пред некој ден на Евробаскет. На Евробаскет, горе во Литванија, каде што играа репрезентациите, знаете во соблекувалните што пееја скопјаните, кошаркарите? Знаете што велеа во нивната химна? Ќе стигнеме до Солун. На еден кошаркарски натпревар -- рече Кирјакос Велопулос -- пратеник од ЛАОС.
Велопулос ја обвини грчката влада дека во однос на проблемот со името не се покажала како силна и одлучна, но и дека води тајни разговори.
- Дознавам дека, за кулисно, се разговара, да се даде името Македонија на Скопјаните, со додавка Горна, Долна, Северна, Јужна и се разговара во главно со американски фактор - рече Велопулос.
Не постои ништо задкулисно, ниту двосмислено од страна на грчката влада. Ниту пак, нормално, некаков друг вид на разговори. Нашата позиција е јасна. Тоа е позиција која што ја повторуваме секаде, каде и да се најдеме - одговори Марилиза Ксенојанакопулу -- алтернативен министер за надворешни работи.
Ултрадесничарската партија ЛАОС е единствената во грчкиот парламент што не се согласува терминот Македонија да фигурира во името на нашата земја.
- Сакам категоричен демант од Вас, дека Грција нема да признае држава, што ќе го има името Македонија. Не ми почнувајте со префиксите, со ОН, со Европската Унија, разговараме на меѓународни форуми - побара Кирјакос Велопулос.
- Сакам на најкатегоричен начин и на најофицијален начин, да ја повторам јасната и чистата позиција на Грција. Сакаме со искрени намери, секогаш во рамките на преговорите во Организацијата на Обединети Нации, да постои решение на проблемот со името на Скопје, кое ќе биде со географска одредница, и јасно, за севкупна употреба, рече Марилиза Ксенојанакопулу.
Неизбежно, Велопулос го спомена и споменикот во Скопје, на што Ксенојанакопулу одговори дека Грција следи се што се случува и ги презема потребните чекори.
Сања Ристовска
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=80490