- Член од
- 16 април 2010
- Мислења
- 2.558
- Поени од реакции
- 1.503
Русија одбива да му биде помал партнер на НАТО во одбраната од проектили
03.02.2011 | Свет | Извор: Макфакс
Русија ќе стори се што е неопходно за да ја осигура својата безбедност ако НАТО се обиде на Москва да и подметне неприкладен договор за изградба на заеднички европски систем за одбрана од проектили, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров
Русија и НАТО се договорија да изградат заеднички одбранбен систем на самитот на НАТО во Лисабон во ноември минатата година, но досега преговорите немаат донесено позитивни резултати.
„Ако преговорите помеѓу НАТО и Русија се искористат само како изговор за изградба на НАТО-американски одбранбен систем кои ќе ги игнорира руските интереси, тогаш, секако, ќе немаме друг избор освен да преземеме адекватни мерки за да се заштитиме себе си“, смета Лавров.
Москва инсистира на поставување на заеднички европски систем со НАТО за одбрана од проектили, со цел да се осигура дека разместувањето на елементи на американскиот одбранбен систем во повеќе европски земји нема да ги загрози нејзината национална безбедност.
НАТО, пак, предлага создавање на два одделни система, кои би разменувале информации.
Лавров уште еднаш повтори дека идниот одбранбен систем „мора да биде еднаков“ и „не смее да претставува каков и да е ризик за руските стратешки арсенали“.
„Ако овие две прашања бидат решени позитивно, сметам дека ќе постигнеме огромен успех“, вели шефот на руската дипломатија.
Прашањето на одбраната од проектили ќе биде и на дневниот ред на конференцијата за глобална безбедност, која започнува утре во Минхен.
http://kajgana.com/svet/rusija-otfrla-da-mu-bide-pomal-partner-na-nato-vo-odbranata-od-proektili