Карактеристики на Македонска фамилија

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Ако си Македонец и живееш далеку од својата Македонија а се сомневаш во својот идентитет, еве еден тест за твојата Македонштина...

1. Комшиите ти доаѓаат преку ден на кафе, непоканети
2. Денот ти почнува со кафе и цигара.
3. На аеродром ти имаш најголеми куфери.
4. Доцниш саат два на забава, и мислиш дека тоа е нормално.
5. Сите твои деца имаат прекари, кои немаат врска со нивните вистински имиња.
6. Уште саат време откако си станал да си одиш од некаде, разговараш со домаќините, пред врата.
7. Цел стан ти е прекриен со теписон. Паркетот не се гледа никаде.
8. Мајка ти ти вели дека си слаб, иако имаш прилично килограми над нормалното.
9. На секоја врата имаш ставено и завеса.
10. На масата во кујна имаш ставено пластична мушама.
11. Ѓубрето го фрлаш во кесите од кај пиљарот.
12. Кога си бил мал, мајка ти те бркала со метла или со сукало, викајќи – застаниии – за да те удри.
13. Кога имаш дваесет години, твоите родители се обидуваат да те испратат „долу„, во родната земја, за да се омажиш – ожениш, затоа што си веќе стар/а.
14. Ако не живееш сеуште со твоите родители, тие ти се јавуваат на телефон секоја вечер за да те прашаат дали си јадел/а.
15. Нормално е на свадба да се канат по 600 луѓе.
16. Татко ти се шета наоколу со доволно пари во себе, што би можел да си купи и кола.
17. Дома имате кујна со последна технологија, но мајка ти готви во подрум, на шпоретот од старата куќа.
18. Дома ти е забрането да зборуваш англиски.
19. Ако си девојка, и имаш 20 години, а не си мажена, тогаш си стара мома.
20. Животот ти е заснован на претскажувањата од шољата од кафе.
21. Твоите родители досега на одмор биле ЕДНАШ, и тоа во родната земја.
22. Твоите родители сеуште сакаат повеќе да купуваат касети, отколку ЦД.
23. Мајка ти често те опоменува да не седиш на цименто или на бетон, затоа што ќе настинеш
24. Баба ти стално те опоменува да не седиш на промаја.
25. Мајка ти често ти вели: - Ќе видиш ти кога ќе се врати татко ти.
26. Ако живееш надвор од Македонија сега сигурно климаш со глава и се смееш на ова
 
Ова може важело пред десет петнаесет години, сега врска нема. Јас лично не знам ниедна фамилија што пола од овие работи ги прави.
 
26. Ако живееш надвор од Македонија сега сигурно климаш со глава и се смееш на ова
Не живеам надвор од Македонија ,но сепак климав со главата и се смеев на некои од овие точки сепак сите не се баш така вистинити , му помина времето на пархетот :D
 
Нема одредно време за ручек, секој си јаде што сака и кога сака
 
Мајка ти и татко ти те викаат сине , иако си женско.
Во фрижидерот обавезно имаш салама.
На масата во кујна имаш ставено пластична мушама, а на телевизорот миленце.
Баба ти не може да сфати дека НЕ си гладен.
Пиеш кафе само за да ти гледаат во филџанот.
Имаш бар неколку илјади кеш под перница. За секој случај!
Половина од дворот ти е “бавча”.
 
Во ништо не се пронајдов:D
1. Комшиите ти доаѓаат преку ден на кафе, непоканети
24. Баба ти стално те опоменува да не седиш на промаја.
23. Мајка ти често те опоменува да не седиш на цименто или на бетон, затоа што ќе настинеш
12. Кога си бил мал, мајка ти те бркала со метла или со сукало, викајќи – застаниии – за да те удри.
На ова и да сакаш да не се пронајдеш мораш ...
 
Исто и помал кога ќе направиш некоја беља, и твоите ти викаат кажи подобро што направи нема ништо да ти направиме, и откога ќе им кажиш ќе изедиш еден добар сочен ќотек.
 
Исто и помал кога ќе направиш некоја беља, и твоите ти викаат кажи подобро што направи нема ништо да ти направиме, и откога ќе им кажиш ќе изедиш еден добар сочен ќотек.
This... Ее времиња.
 
Ако си Македонец и живееш далеку од својата Македонија а се сомневаш во својот идентитет, еве еден тест за твојата Македонштина...

1. Комшиите ти доаѓаат преку ден на кафе, непоканети НЕ
2. Денот ти почнува со кафе и цигара. НЕ
3. На аеродром ти имаш најголеми куфери. НЕ
4. Доцниш саат два на забава, и мислиш дека тоа е нормално. НЕ
5. Сите твои деца имаат прекари, кои немаат врска со нивните вистински имиња. НЕ
6. Уште саат време откако си станал да си одиш од некаде, разговараш со домаќините, пред врата. НЕ
7. Цел стан ти е прекриен со теписон. Паркетот не се гледа никаде. НЕ
8. Мајка ти ти вели дека си слаб, иако имаш прилично килограми над нормалното. НЕ
9. На секоја врата имаш ставено и завеса. НЕ НЕ И НЕ
10. На масата во кујна имаш ставено пластична мушама. НЕ
11. Ѓубрето го фрлаш во кесите од кај пиљарот. НЕ
12. Кога си бил мал, мајка ти те бркала со метла или со сукало, викајќи – застаниии – за да те удри. ДА
13. Кога имаш дваесет години, твоите родители се обидуваат да те испратат „долу„, во родната земја, за да се омажиш – ожениш, затоа што си веќе стар/а. НЕ
14. Ако не живееш сеуште со твоите родители, тие ти се јавуваат на телефон секоја вечер за да те прашаат дали си јадел/а. НЕ
15. Нормално е на свадба да се канат по 600 луѓе. НЕЕЕ
16. Татко ти се шета наоколу со доволно пари во себе, што би можел да си купи и кола. НЕ
17. Дома имате кујна со последна технологија, но мајка ти готви во подрум, на шпоретот од старата куќа. НЕ
18. Дома ти е забрането да зборуваш англиски. НЕ,ЗОШТО?
19. Ако си девојка, и имаш 20 години, а не си мажена, тогаш си стара мома. НЕ
20. Животот ти е заснован на претскажувањата од шољата од кафе. НЕЕЕЕЕЕЕ
21. Твоите родители досега на одмор биле ЕДНАШ, и тоа во родната земја. НЕ
22. Твоите родители сеуште сакаат повеќе да купуваат касети, отколку ЦД. НЕ
23. Мајка ти често те опоменува да не седиш на цименто или на бетон, затоа што ќе настинеш НЕ
24. Баба ти стално те опоменува да не седиш на промаја. НЕ
25. Мајка ти често ти вели: - Ќе видиш ти кога ќе се врати татко ти. НЕ
26. Ако живееш надвор од Македонија сега сигурно климаш со глава и се смееш на ова НЕЗНАМ
 
ова е се вистина но мислам дека веке не е така по градовите..
на пример ја кога идам во село сите стануваат во 6-7 и отвараат очи се облакаат се мијат и право кај комшијата на ракија/кафе а после тоа од кога ке си отиде гостинот ти го пиеш првото кафе а во град веќе не е така..
и зашо пишувате не е така? кога се е вистина освен за свадбата 600 е за богаташи просек 200-300 луге кое пак не е малце,и шо демек ве немаат мавано со сукало или метла? баба ви не ви спомнува на секој 15 мин дали си гладен? нели те опеменуваат не седи на ладно пази што правиш не се рчкај не се тепај..
и тоа со завесите беше така до пред година две а сега сите тргнале и одат по светот што е во мода така и они..
милето на тв абе во секоја куќа го имаше ама сеа ЛЦД имаат и немат кај да го стават:icon_lol:
и тоа со каснењето зависи по човекот али кај нас е обичај да се касни
нели кога одите на одмор куферот едвај ви се затвора и другите 5 торби? уствари цел шкаф го ставате у куфер и си викате ај да го земам ова ај она и го испразни домот а пола од тие работи таму нема ни да ги видиш а не па да ги користиш
и тоа со филџанот особено тетки коа ке земат цел живот ти го раскажуваат
 
1. Комшиите ти доаѓаат преку ден на кафе, непоканети
24. Баба ти стално те опоменува да не седиш на промаја.
23. Мајка ти често те опоменува да не седиш на цименто или на бетон, затоа што ќе настинеш
12. Кога си бил мал, мајка ти те бркала со метла или со сукало, викајќи – застаниии – за да те удри.
На ова и да сакаш да не се пронајдеш мораш ...
ова под 12 не ме бркаше мајка ми, ме бркаше баба ми со сукалото и после кога ќе ме фати кога ќе ми удреше еден добар ќотек по газето, колку повеќе удараше толку по секси ми беше газот, а додека пак ова под 1 не доваѓаа комшиите на кафе туку пријателки на мајка ми ненајавени па после кога ќе зборат абе рба дба рба дба, овој бил таков овој онаков.
 
како и повеќето и ја мора да се сложам дека ова скоро ништо сега не е вака.
ее времиња :)
 
17. Дома имате кујна со последна технологија, но мајка ти готви во подрум, на шпоретот од старата куќа.
ahahahahahhhahaha krvavo
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom