Еве го отпуштивме и Гасперини. Сеа што понатаму? Што да се направи за да се подобри ситуацијата. Во трето коло, на почеток на сезона кога сите тимови влагаат во ритам, во форма, онаа што ја работеле преку лето ( што всушност и е поентата на тренирање пред сезона), ние тогаш фактички ја почнуваме предсезоната. Сега нов тренер со нов тактички систем со нов тренинг режим, со нов стручен штаб и плус со еден куп на нови играчи во тимот.Ова вришти на несериозност и на мал клуб.
Ја сакам глави да летаат во менаџментот. Не дека Гасперини не беше за отпуштање, ама две сезони по ред да правиш скоро идентична грешка со тренерите, вториот пат веќе не е грешка туку е некомпетентност. Искрено Гасперини е лош тренер и си го докажа тоа, ама не може ради тоа да се препараваме дека само во него е проблемот. Проблеми имаме и во играчите и целосно сме дезорганизирани. Единствен некој кој има моќ и одговорност да го среди тоа не е физиотерапевтот, туку тие што го управуваат клубот. Хаварија
Ја бев песимист за сезонава,ама ова е beyond my wildest imaginations. Се надевам дека ќе ни се деси некое чудо и ќе ја спасиме сезонава некако и ќе освоиме некој трофеј(било кој), ама ова го кажувам како фан. Вистината е дека ќе ставиме некој ко Раниери и пак ќе пцуваме по него на крај на сезона, дека он ни е проблемот цело време, а пак ќе се заборават еден куп на ужасни одлуки што не донесоа до тука.