Аргументацијата ептен ме интерсира, а шансите за прифаќање зависат од силината на аргументите. Темава ја отворив првенствено поради интерес, а не со цел да дебатирам. Многу малку сум упатен во сето ова. Од она што досега го имам прочитано (а тоа се се`уште некои основни податоци) ова е една од насјмелите визии што сум ја сретнал.
Перо, да почнеме од самиот почеток, нали?
Темава отиде каша попара од мешање на работи кои едвај имаат врска со трансхуманизмот (ГМ храна) до етики и религии(???). Трансхуманизмот, во најширока смисла подразбира унапредување на човекот во сите можни домени (физички, интелектуален, -внеси било кој- ). Секако ова би било исклучиво по пат на научен и технолошки прогрес, што и баш не е нешто ново, имајќи го во превид експоненцијалниот технолошки развој во последниве 3-4 милениуми (не дека технологија немало и многу порано, туку тешко е да се спореди правење копје со леење бронза и железо). Овој напредок во различни сфери би изгледал доста различно, на пример во биомедицински науки тоа би било подобро здравје и животна екстензија, во полето на АИ тоа би бил градење интелигентни машини, во невронауката би било развој на когнитивни инхејсери, во генетиката би било редизјнирање на геномот (човечки, не на компири, мада и тоа не е вон игра). Самиот поим на сингуларитет означува момент кога ќе створиме АИ која е поинтелигентна од самите нас, и како таква може да се самоунапредува, така да АИ генерација 1 ќе направи уште поинтелигентна АИ 2, и се така експоненцијално, скоро до бескрај, при што ние самите ќе станеме еквивалент на она што се бактериите за нас. Токму од овие причини е невозможно да предвидиме што ќе биде после појавата на сингуларитетот (оттука и името сингуларитет, како еквивалент на физичкиот сингуларитет). Курцвејл има една теорија според која ќе се стопиме со суперинтелектот на АИ, но постојат многу потемни сценарија кои мене лично ми делуваат доста поверојатни. Како што реков, дрндање што ќе биде после сингуларитетот е само губење време.
Ти имаш премногу прашања околу сето ова, меѓутоа се сомневам дека на повеќето од нив има одговор. Не дека "никој го нема одговорот", туку дека прашањата немаат смисла. Ова е многу чест случај кога лаици или дури филозофи се впуштаат длабоко во научни теми.
Еве за почеток да ти помогнам од старт да исфрлиш голем дел од прашањата на кои никогаш нема да им најдеш одговор. Трансјуманизмот е заснован исклучиво на научни постулати, а науката е заснована на (натуралистички) монизам. Оттука, се она што ти го карактеризираш како "психичко", "духовно" "спиритуално" "религиозно" може да се редуцира на физичко-хемиски процес, математичка равенка, и може да се емулира на компјутер.
Ако не се слагаш, автоматски преминуваш во некоја форма на не-монизам, најверојатно дуализам и се ова што го напишав погоре паѓа во вода. Во тој случај инстантно ја баталуваш науката, можноста за надхумана АИ, или етика базирана на научни принципи. Ако е тоа така, трансхуманизмот е само бајка и е тотално невреден за размисла.
Монизам, не-монизам и дуализам се доста прости филозофски концепти, меѓутоа особено сложени и тешки за аргументација и апликација. Ако не си доволно запознаен може вики да помогне, но не знам колку. Би сакал да ти препорачам литература во која што можеш овие нешта да ги читаш во полесна и "преџвакана" верзија но не би знаел. Можеби некој друг може да те упати подобро. Но како и да е, ова е прв чекор кој не можеш да го заобиколиш, бидејќи треба цврста основа на која ќе ги базираш своите претпоставки, а бога ми и прашањата кои ги имаш околу сето ова.