Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
М

Мартин`

Гостин
Со натпреварот против Русија нашите кошаркари и го завршуваат ова Европско првенство, ние против Русија играме за бронзениот медал односно третото одлично место на првенствово. Само за потсетување (ако случајно има некој што не знае) Македонија и Русија се најдоа во борба за 3-тото место откако Македонија во полуфиналето изгуби од Шпанија со резултат 92-80 а Русија доживеа пораз во полуфиналето од Франција 71-79 ..

Што мислите дали ќе им вратиме на Русите за поразот во втората групна фаза со која ни го земаа првото место во групата пред нос и се спасија со тројка во последните секунди ?? Ќе успејат ли нашите кошаркари да се вратат во Македонија со (бронзен) медал ?

Според мене ќе биде екстермно тешко но ќе победиме, инаку не е лошо владава да ги мотивира дополнително со некоја голема награда за медал.
 
Да се надеваме дека ќе и вратат, зошто ако не и вратат сега нема никогаш повеќе :)
Затоа напред!
 
Абе деца што е со темава вака ли се отвара каде пишува БРОНЗЕН МЕДАЛ и дај средете анкетата
 
И не е утакмицата од 8 саат аман !
--- надополнето: Sep 16, 2011 7:51 PM ---
И не е утакмицата од 8 саат аман !
 
Ми ходит Русе! Македонцев будет победили ! It's payback time ! Сакам да им вратиме и то со добра разлика ,за поразот пред некој ден и во Полска пред две години!

... Излези момче право на тераса
и поздрави ја Гоцевата раса
кренете раце високо горе
наше ќе биде и Солунско поле
але але ...

ВИДИ ФОТОС требаше да ја отворат темава ;)
 
Абе деца што е со темава вака ли се отвара каде пишува БРОНЗЕН МЕДАЛ и дај средете анкетата

Не кревај паника толку за една грешка, и намерно анкетата е таква ;)

Пс. А за времето така кажа Игорче а на википедија пишува од 16:30.. нека смени модератор ако е грешка.
 
Нема да се вадите пак со времето ...
ДОЈДИ ВАМУ СЕААА !!!!!!!!!!! :mad:
 
Да, мислам дека ќе победи Македонија. Поразот од Русија во втората групна фаза знаете и самите на кој начин се случи. Во поседната секунда Русија ја извојува таа победа. Значи беше неизвесно, докажавме дека можеме да се носиме со нив, впрочем одлучуваа нијанси на тој меч. Сега во овој дуел за трето место, значи во недела играме уште еднаш со Русија, втор пат на ова Европско првенство, сметам дека овојпат среќата ќе биде на наша страна, ќе победиме, за да ги потврдиме нашите квалитети и ова натпреварување да го завршиме со победа и со славање !

Потоа сите заедно веќе во понеделник најпрво да се упатиме кон Аеродромот Александар Велики, да ги пречекаме нашите репрезентативци. Ќе има спектакл, тоа е сигурно. Потоа ќе видиме, славјето можеби ќе продолжи на плоштадот Македонија.

П.С. Макар и со пораз од Русија во дуелот за трето место, нашите кошаркари ќе бидат пречекани со овации во позитивна смисла, го заслужија тоа ! Ова е огромен успех, ова е историски момент, Македонија ја знае цел свет !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom