Манчестер Јунајтед vs Челзи, Олд Трафорд, 17h, 18.09.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи?


  • Вкупно гласачи
    112
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Vgxom.png
sQHB2.png
f2m5a162ebpg8.png
TrKMs.png
AU3YH.png

По Манчестер Јунајтед vs Арсенал, на ред е уште едно дерби во Премиер Лигата. Битка помеѓу екипите кои немаат ривалство помеѓу себе, освен фактот што последните неколку години битката за премиерлигашкиот трофеј се сведува најчесто помеѓу Ѓаволите од Манчестер и Сините од Лондон.

Oвие два тима досега во нивната историја се сретнале 162 пати, од кои Манчестер Јунајтед победил 71 пат, нерешено завршиле 47 меча а Челзи победил на 44 наврати.

Поранешни пресметки во Премиер Лигата и резултати:

10/11

Chelsea 2:1 Man Utd - Luiz, Lampard; Rooney
Man Utd 2:1 Chelsea - Chicharito, Vidic; Lampard

09/10

Chelsea 1:0 Man Utd - Terry
Man Utd 1:2 Chelsea - Macheda; J.Cole, Drogba

08/09

Chelsea 1:1 Man Utd - Kalou; Park
Man Utd 3:0 Chelsea - Vidic, Rooney, Berbatov

07/08

Man Utd 2:0 Chelsea - Tevez, Saha
Chelsea 2:1 Man Utd - Ballack x2; Rooney

Во тимот на Манчестер Јунајтед, има четворица повредени играчи. Во недела, со сигурност нема да настапат капитенот Немања Видиќ, бекот Рафаел и Том Клеверли, додека не се знае дали Дени Велбек ќе биде подготвен за во недела. Позитивна вест за тимот е што Рио Фердинанд ќе биде спремен за игра.

Во тимот на Челзи позитивна вест е враќањето на Давид Луиз на терените со што би се зацврстила одбраната, како и брзото опоравување на првиот голман на тимот, Петр Чех. Што се однесува до повредените играчи, како што е познато, подолго време во аут ќе биде Микаел (Мишел :icon_lol: ) Есиен и веројатно Дидие Дрогба нема да успее да се опорави на време за во недела поради страотниот удар по главата.

Судија на мечот ќе биде Фил Дауд.

Да гледаме интересен натпревар :)
 
Ќе биде многу, многу тешко но верувам дека може да се победи на Олд Трафорд.
Јунајтед се во одлична форма, а Челзи постепено доаѓа до нивото кое го посакува Боас. Се може да се случи, се надевам на победа.
Најважно е да гледаме атрактивен фудбал без судиски грешки.
 
Сигурно ја гледам утакмицава, очекувам добар меч пред се.
Типувам победа на Јунајтед, и тоа убедлива. Имаат премногу добра форма, страшно јаки воиграни играчи и гладни за победи. Руни може да тресне голче или два, Торес може да тресне некоја тупаница од ѕид и тоа е тоа. На вилјас боас ќе му требаат мади*a колку на Илиевски ако сака да извади барем бод тука.
 
Сигурно ја гледам утакмицава, очекувам добар меч пред се.
Типувам победа на Јунајтед, и тоа убедлива. Имаат премногу добра форма, страшно јаки воиграни играчи и гладни за победи. Руни може да тресне голче или два, Торес може да тресне некоја тупаница од ѕид и тоа е тоа. На вилјас боас ќе му требаат мади*a колку на Илиевски ако сака да извади барем бод тука.
Боаш не игра на терен :D . Боаш одамна има мади*а за да извади победа во важен меч :)
 
Мора да се победи! Е сега дали ќе се победи ќе видиме :icon_mrgr: челси се јака екипа, јас ги рачунам за фаворити за пл одамна, така да ќе биде напнато и ќе се чека на грешка на противникот за да се казни. Без разлика што се игра на ОТ се работи за двете најаки екипи во пл, така да секој резултат нема да биде изненадувачки. Сума сумарума ќе ми биде ќејф фил џонс да игра и да испотепа све по терен па и нашите ако треба :icon_lol: а за голови нема да си правам бајрам на мозокот, било кој да даде ќе урлам!

GLORY!!! И со среќа, се надевам после утакмицата нема да се колиме и бесиме ... позз
 
Волку Волку да не бидам јас досаден со фразава толку али да си знајш сините че се победници.
 
Ако може ваквиве коментари, кец, победа, газиме, плескаме, да ги пренесете со еден клик во анкетата, потрудете се да напишете нешто поконструктивно, заборавив тоа да го напоменам во воведниот пост.

Челзи нема да бидат Арсенал па толку лесно да се прегазат. Се работи за многу поискусна екипа која е стабилна во сите сегменти од теренот. На клупата го имаат Боас докажува дека не е дојден во Лондон само на шетња и ги зема работите во свои раце и мислам дека тој ќе биде клучот на преродбата на Челзи по онаа мината катастрофална сезона за нив. Според мене кај нив голем минус а за нас плус е неиграњето на Есиен, кој колку и да го сметаат за истрошен од фан клуб Челзи, сепак секогаш прикажувал добри партии против Манчестер и добро им ја држеше средината. Но од друга страна, за нив голем плус е неиграњето на Видиќ, кој освен што се знае дека ќе допринесеше за одбраната, со него ќе бевме многу поопасни при нафрлените топки во шеснаесетник при изведувањето на корнерите.
Лоша работа е и што се повреди Клеверли, дечкото ми се свиѓа поради тоа што многу брзо се ослободува од топката, не пимпла и во секундата знае на кому да подаде. Друго, се надевам дека ќе игра Валенсија поради тоа што на Ешли Кол му е Ахилова пета со неговите спринтови по десната страна. Трето, Чичарито би можел да го искористи фактот што Тери е спор дефанзивец и да влегува во гол шанси многу често.

Подобро стојат Челзи со повредите од нас, факт, но ако изгубиме, тоа не би бил изговор во никој случај. Мора на мечов Манчестер да тргне уште од првата минута, како што тргна минатата сезона на Олд Трафорд па Чичарито погоди во 30та секунда некаде. Навивачки, би сакала победа и се надевам на тоа секако, но да излезе реми не би ме чудело.

Моја претпоставка за како ќе изгледа составот во недела:

Код:
                      Де Геа
        Фабио - Фердинанд - Џонс - Евра
      Валенсија - Флечер - Андерсон - Јанг
                  Руни - Чичарито

Се надевам на фер судење од Дауд и без контроверзии од негова страна, па нека победи подобриот и да си честитаме после натпреварот :) Гуд лак.
 
Тууууу да го ебам....Веб да судеше бе...цццц...ПЕДЕРИ -.-
 
Дете не оди со главата во ѕид упорно, тој Веб лани ве спаси од срам на Олд Трафорд бетер од тој што го доживеа Арсенал.
 
Чисто навивачки очекувам Јунајтед да тепа. Челзи се јака и искусна екипа но сепак се игра на Олд Трафорд што е голема предност за Јунајтед. Нашите се оштетени и во одбраната и во средината а до некаде и во нападот со Велбек. Минатата сезона меѓусебно играа 5 пати, 2 во лига на шампиони, 2 во премиер и еднаш за комјунити шилдот. Од тие 5 Манчестер победи 4 пати а во 3 утакмици Чичарито постигна гол така да очекувам и во Недела да се запише на листата на стрелците. :)

Скоро секоја меѓусебна утакмица имало некои пропусти во судењето и тие биле причината ние фановите да се разлутиме и ептен “убаво“ да се испокараме како face in face така и на социјалните мрежи. :)

Очекувам убав натпревар и без повреди :)
 
Се надевам на фер судење од Дауд и без контроверзии од негова страна, па нека победи подобриот и да си честитаме после натпреварот :) Гуд лак.
Дауд? Тоа е тој што дава жолт за секој обичен фаул? o_O Зошто им даваат на вакви судии да расипуваат убави утакмици?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom