Се чудам како може во 21ви век убивањето на животни да се смета за хоби? Треба да го цениме секој вид на живот, без разлика дали се работи за човечки или не.
„Deer-stalking would be a very fine sport if only the deer had guns.“ - Sir William Schwenck Gilbert
Братче, ако Бугарија еден ден га нападне источна Македонија, нема да има потреба од војска, оти как прво нема да можат да се справат со ловџиите од тој дел.
Ново Село, општина од 12.000 народ има околу 600 ловџии шо е голем процент, а пола од тие имат не по една, по две пушки. Можда тва ќе ти покаже колко е популарен тој спорт у некои краишта. Да не прааме маабет за други, поголеми општини. Иначе се е заштитено и регулирано со закон. Кои животни кога треба да се ловат, а кога е забранено. У кој период јаребиците, фазаните, патароците, дивите свињи, зајци, лисици, волци и другите животинки се множат, па е забранено да се убиват, у кој период можат да бидат најштетни, па треба да се ловат и слично. Прав таков спортист, ловџија, и у самио лов одлучува дали ќе скине некоо животно или не. На пример ако виде дива свиња (женка) со прасиња ја остава, едноставно не пука. Ловните друштва организирано прават хајки на штетни животни, градат реони забранети за лов, водат сметка за бројо на животните итн. Интересна работа е, можам да кажам дека е еден од најпопуларните спортови у Македонија. Доста познати фаци, државни и европски функционери ловат низ Македонија как хоби. Можда кај нас нема фудбал, ама има лов.