DarkLord
Невиден малер
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 941
- Поени од реакции
- 247
И покрај поразот, македонската соблекувална ечеше за победа против Литванија
1
Тимот на Марин Докузовки пружи нов фантастичен и инспиративен перформанс, но Сергеј Моња со тројка во последната секунда ја остави Русија единствена непоразена на Евробаскетот и го доби мечот со 63:61
Македонија влезе во последниот меч од втората фаза со веќе обезбедено четвртфинале и ослободена од секаков притисок одигра уште една извонредна партија против големиот фаворит. Без повредениот Тодор Гечевски и со ровитиот Предраг Самарџиски, селекторот Марин Докузовски најде перфектен начин да се спротистави на Русија, чија главна игра се состои од силата на високите играчи.
Го стартувавме натпреварот со 8-0, но Русија почна да игра поагресивна и доста груба одбрана со пресинг низ целиот терен и користење на висината во нападот. Пресвртот на Русија и првото водство (15-13) кратко траеја, а Перо Антиќ со три реализации, ја заврши првата четвртина со минимална предност на Македонија, 20-19. Со стартот на вториот период, Докузовски почна да ротира, а со влегувањето на Чековски на местото на Самарџиски, Дејвид Блат одговори со промена и играта се забрза на двата краја од теренот. Двете екипи играа многу цврста одбрана, играчите мораа напорно да работат за секој шут, а Русија стигна до највисокото водство на мечот (30-23), пред Чековски да погоди две тројки по ред и на полувреме Македонија да замине со само три негатива, 37-34.
Второто полувреме течеше слично, со многу контакт, многу цврста одбрана и многу ротации. Русија инсистираше на игра на високите играчи, но со постојана помош, тие беа одлично затворени. Блат ги користеше сите играчи и сите лични грешки кои ги има на располагање, но ниту тоа не помогна за кршење на нашиот отпор. На стартот на последниот период, Моња и Швед носат ново високо водство за Русија, 58-51, но со враќањето во игра на фантастичниот Перо Антиќ, предноста на Русија се топи и Македонија поведува со 61-60 на 41 секунда до крајот. По двата неискористени напади на двете страни, Русија доби последни 2,8 секунди, кога капитенот, Сергеј Моња со тројка од свртување, одстрана и од табла, успеа да донесе победа за неговата екипа.
Нашиот состав одигра фантастична средба. Како што ветија и повеќе од тоа, максимално пожртвувано, со срце и тимски. Покажаа зрелост за големи дострели. Иако сериозно ослабени на високите позиции, македонските кошаркари успеаја да ги ограничат силните центри на Русија на симболични игри. Кириленко постигна само два поени, Хријапа четири, а Мозгов осум. Брилијантната тактика на Докузовски и перформансот на секој играч посебно, а функционирајќи како перфектен тим на теренот, измамија аплаузи од полните трибини на последниот меч во Вилнус. По завршувањето на мечот, како и по секоја победа, од соблекувалната на Македонија ечеше познатата навивачка песна.
Перо Антиќ блескаше на двата краја од теренот. Го заврши мечот со 15 поени, 10 скокови, 5 асистенции и две украдени топки. Даваше голема цврстина во одбраната, а во нападот реализираше високи 60% од шутевите. Лестер Мекејлеб постигна уште 16 поени, додека Самарџиски заврши со 9. Во Рускиот состав, Александар Швед беше најефикасен со 14 поени и шест скокови.
По овој натпревар, познати се сите четвртфинални двојки на Евробаскетот. Македонија се среќава со домаќинот Литванија, а тој дуел е закажан за 14 септември во 20 часот. На останатите натпревари се среќаваат Шпанија - Словенија, Русија - Србија и Франција - Грција. Утре изутрина репрезентацијата патува за Каунас, каде ќе се играат сите преостанати натпревари од завршницата на Европското првенство