Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.
T

Tetro

Гостин
Да ти кажам, што убаво си дудлаат неколкуминава момци, да ти е милина да ги читаш ;) Као у порнич, исто:D Некој би рекол дека е грозно-ја викам дека е збавно!
Пу, завидл`к, тебе не те поканија? :icon_lol:
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Да ти кажам, што убаво си дудлаат неколкуминава момци, да ти е милина да ги читаш ;) Као у порнич, исто:D Некој би рекол дека е грозно-ја викам дека е збавно!
Лејди купу го последниот неделник Фокус таму ќе видиш што прават нашите патриоти.Ако имаш 50 денари.
 
Член од
4 мај 2007
Мислења
598
Поени од реакции
208
А ти како нешто искажа мислење на темава, демек?
И ти си летечи, не знаеш да дискутираш и да дадеш став по едно обично прашање.
Другар што не сфаќаш ? не, не вадам бугарски пасош за да можам да возам некој издрнкан мерцедес од 92ра со 500000 километри на бугарски таблички.(90% од "патриотите" наши вадат пасош за тоа)
Дај олади.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
И видео ви постирав, и пак наудрени се праите, додуша едни те исти фаци.
Што не ви е уште јасно бе луѓе? Шо само вртите со тие муабети за немање леб да се јадело, да се преживеело и слични патетики. Или муабетиве за тоа кој е патриот, која партија бил и кај го вработил, па уште Бугаров се јави да не освести за некаква си "тајна" пропаганда против, оооооо толку добронамерниве Бугари.
Ја лично, не се замарам со политика, активен НЕгласач сум, неам никаква врска со ниедна партија, у превод, не живеам на државни јасли.
Наместо да зборите конкретно за тоа како се добива пасошот, иако е веќе објаснето, упорно ја разводнувате темава со дробење у празно.
Изгледа ќе треба да ви се нацрта за да ви е појасна ситуацијава. Мене многу ми е гајле тоа што некој Македонец таму у Бугарија го сметаат за Бугар и ПО ТОЈ ОСНОВ зел пасош, ама еднаш признајте дека тој е начинот да се добие пасошот. Нема друг. Очигледно ви е тешко да го соочите овој момент.
Да, у пасошот не пишува дека си Бугар, АМА за да го добиеш некој таму, во мајка Бугарија смета дека си тоа, БУГАР, и затоа ти дава државјанство, а после и пасош.
Ај, нека го демантира некој ова бе, со факти ама. До сега ви беше постиран текст со изјава од министер бугарски, ви стаив и видео каде јасно кажуваат дека основот е бугарското потекло, и пак упорно пишувате некакви празни приказни.
Това е един от начините. Има уште неколко други.Никоj насила не те тера да аплицираш, уштепомалце да аплицираш по тоj основ.Родените во Бугариjа не се сметат автоматски за бугари. Бугарски државjaни-ДА, бугари етнически - НЕ. Факта е закона за добиване на бугарско државjaнство.
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
Ов ти е утка, онака у празно шут, апла офтопик де. Ако ме прочита погоре, разбра дека политичари не ме занимаат, не сум ја овде да бранам нечии интереси, најмалку на некоја парија, а и тоа што го постираше, уште еднаш, нема никаква допирна точка со бугарскиве пасоши. Мислам, незнам ни шо да ти искоментирам, си делеле дипломатски пасоши, и шо сеа? Да, разбрав, немало основ за тоа, и? Каква врска има тоа со темава?
 
T

Tetro

Гостин
Другар што не сфаќаш ? не, не вадам бугарски пасош за да можам да возам некој издрнкан мерцедес од 92ра со 500000 километри на бугарски таблички.(90% од "патриотите" наши вадат пасош за тоа)
Дај олади.
Очигледно не сме на иста фреквенција. Ионака на секое мое мислење реплицираш после некои 5-6 саати минимум. Не ме цитирај со празни постови во иднина. Ај, давајте нов играч.
--- надополнето: Sep 11, 2011 10:49 PM ---
Ов ти е утка, онака у празно шут, апла офтопик де. Ако ме прочита погоре, разбра дека политичари не ме занимаат, не сум ја овде да бранам нечии интереси, најмалку на некоја парија, а и тоа што го постираше, уште еднаш, нема никаква допирна точка со бугарскиве пасоши. Мислам, незнам ни шо да ти искоментирам, си делеле дипломатски пасоши, и шо сеа? Да, разбрав, немало основ за тоа, и? Каква врска има тоа со темава?
Ма мене да ми даат државјанство од друга земја, ќе бидам среќен. Нема да те плукам тебе ако имаш државјанство од друга земја.

Деновиве сите скандираме за Борче.
И тој не е роден у Македонија, а има Македонско државјанство. На кој не му е јасно сега?

 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
Това е един от начините. Има уште неколко други.Никоj насила не те тера да аплицираш, уштепомалце да аплицираш по тоj основ.Родените во Бугариjа не се сметат автоматски за бугари. Бугарски државjaни-ДА, бугари етнически - НЕ. Факта е закона за добиване на бугарско државjaнство.
И? Ова ти е некаков факт? Истово што ти ми го одговори и јас го имав пишано на последниве неколку страни, ништо ново не ми кажа. ДА, знам дека немора да значи автоматски дека си Бугар ако имаш бугарско државјанство, ако прочита некоја страна предходно ќе ме разбереше што прашувам, вака пак истото го повторуваме.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
И? Ова ти е некаков факт? Истово што ти ми го одговори и јас го имав пишано на последниве неколку страни, ништо ново не ми кажа. ДА, знам дека немора да значи автоматски дека си Бугар ако имаш бугарско државјанство, ако прочита некоја страна предходно ќе ме разбереше што прашувам, вака пак истото го повторуваме.
Това е реалниот факт.
http://www.lex.bg/bg/laws/ldoc/2134446592
Три процедури по придобиване на државенство - по произход, по место на рагjaне и по натурализациja. Секи сам бира како да аплицира.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Двојното (или повеќекратно) државјанство за мене не е никаков проблем ниту пак може некого да го идентифицира како непатриот. Мерењето на количество патриотизам отсекогаш ми било смешно и неконструктивно. Сепак, случајот со бугарски државјанства е специфичен поради историската и политичка заднина.

Условот за земање пасош за кој се спори на темава е по основа на крвна (етничка) припадност кој во меѓународното право е познат како jus sanguinus. Според ваквото право, Бугарија има донесено закон (т.н. lex sanguinus) кој предвидува давање државјанство на оние кои имаат „Бьлгарски произход“.

Според Чл. 15 од Бугарскиот закон за државјанство од 1991„...an individual "of Bulgarian origin" may be naturalized without any waiting period and without having to show a source of income, knowledge of the Bulgarian language or renunciation of his former citizenship.“

Вакво право на стекнување државјанство се применува во други земји во светот и не претставува исклучок. Допуштам дека во Македонија постојат такви кои се чувствуваат како Бугари и сосема е природно за таквите да посакаат да имаат бугарско државјанство. Но, се прашувам колку од Македонците кои зеле бугарско државјанство навистина имаат „бьлгарски произход“ или „бьлгарско самочувствие.“ Вековната асимилаторска политика на Бугарија кон Македонците е сосема доволна причина да се проблематизира доброволното изјаснување на илјадници Македонци како Бугари.

Од разговорите на форумов (и од исказите на оние кои добиле бугарски пасоши) може да се заклучи дека причините кои Македонците апликанти ги наведуваат се прагматични (обезбедување егзистенција, безвизно патување, стипендии, итн.) Јас сосема ги разбирам оние кои се борат да обезбедат егзистенција, да патуваат без визи, или да добијат стипендии. Меѓутоа, илјадниците Македонци кои се изјасниле како Бугари даваат силна поткрепа на асимилаторската теза дека Македонците се всушност Бугари. Кој одбива да го согледа ова или глуми лудило или е тотало незаинтересиран за политичките консеквенци од ваквите државјанства.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Очигледно не сме на иста фреквенција. Ионака на секое мое мислење реплицираш после некои 5-6 саати минимум. Не ме цитирај со празни постови во иднина. Ај, давајте нов играч.
--- надополнето: Sep 11, 2011 10:49 PM ---

Ма мене да ми даат државјанство од друга земја, ќе бидам среќен. Нема да те плукам тебе ако имаш државјанство од друга земја.

Деновиве сите скандираме за Борче.
И тој не е роден у Македонија, а има Македонско државјанство. На кој не му е јасно сега?

Ама на Бо не му бараме да се откаже дека е Американец ! дали тебе ти е јасно или не..дали и друго нешто ти е јасно,дека во пријавите таму попунуваш дека имаш бугарски корени и слично,дури и цела фамилија мора да ја напишеш дека се бугари,дури треба да пишеш и некој бугарски град каде живееш,адреса и слично..лично сум ги гледал документите и не тролај кога врска немаш. едно е без притисок да ти дадат пасош,а друго е да те тераат ај тебе ,па и цела фамилија, од татко до брат/сестра да ги пишеш како бугари
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
--- надополнето: Sep 11, 2011 10:49 PM ---
Деновиве сите скандираме за Борче.
И тој не е роден у Македонија, а има Македонско државјанство. На кој не му е јасно сега?
И на ова ти одговорив неколку страни поназад, јасно е дека не ги читаш постовите на другиве луѓе, само упорно реплицираш со скроз нерелевантни моменти.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
За мешањето на национална припадност и поседување на државјанство, мислам дека ако до сега не стана јасно, стварно е жално. Точно, може да имаш државјанство на некоја друга земја, а да бидеш Македонец по националност, затоа што си исполнил некој друг услов да се стекнеш со тоа државјанство. Во ваков случај националната припадност никој не ти ја чепка. Пример за тоа се Македонци што живеат по 20,30 год. во Канада, они се декларираат како Македонци, но престојувале доволно години во Канада и на тој начин стекнале право на државјанство.
Е, во случајов со бугарскиот пасош, НИ ЕДЕН ОД ДРУГИТЕ услови со кои не се рчка во националната припадност не го исполнуваат луѓево што аплицираат за тоа. Исполнуваат, демек, само еден услов, а тоа е баш тој што се однесува на националниот идентитет. Па да биде по весела работава, сега БГ не барала ти да го докажуваш твоето бугарско потекло, туку самата држава ти вика елај си при нас, ние за Блгари ве есапиме сите таму во Мк. Луда работа.

А во однос на тоа дека го зимаат пасошот за да преживеат, мислам, ако така ви е полесно на душичката, јас тоа можам да го разберам. Има начин и начин да се обезбеди фин и пристоен живот. Проституирањето, у било која смисла, за мене лично никогаш не било опција, ама ете секој со своето достоинство и интегритет. Тоа е.
Това не е само за РМ, това е и за Украjна,Ср,Молдавиja,Русиja.
Относно на условите - условите са различни според това по каква процедура аплицират.
 
T

Tetro

Гостин
Ама на Бо не му бараме да се откаже дека е Американец ! дали тебе ти е јасно или не..дали и друго нешто ти е јасно,дека во пријавите таму попунуваш дека имаш бугарски корени и слично,дури и цела фамилија мора да ја напишеш дека се бугари,дури треба да пишеш и некој бугарски град каде живееш,адреса и слично..лично сум ги гледал документите и не тролај кога врска немаш. едно е без притисок да ти дадат пасош,а друго е да те тераат ај тебе ,па и цела фамилија, од татко до брат/сестра да ги пишеш како бугари
Државјанин на Македонија, државјанин на Бугарија во исто време, Цитро. Исто ко државјанин на Македонија, на Албанија и на Швајцарија во исто време. Кој закон го прекршил некој кој зел блгарско гражданство?
И на ова ти одговорив неколку страни поназад, јасно е дека не ги читаш постовите на другиве луѓе, само упорно реплицираш со скроз нерелевантни моменти.
Ма не, истото и пак истото го пишуваш, затоа и со истото се вртиме за да не речеш дека многу прашања имаш поставено а не добиваш одговори.
 
Член од
6 декември 2010
Мислења
238
Поени од реакции
158
Конечно некој конкретно објасни, тоа ми беше и поентата, дали се свесни луѓево по кој основ го добиваат тоа државјанство и пасош. А, ако им е сеедно, нека им е со среќа.Јас не ги осудувам, само сакав да се разјаснат работите.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ама на Бо не му бараме да се откаже дека е Американец ! дали тебе ти е јасно или не..дали и друго нешто ти е јасно,дека во пријавите таму попунуваш дека имаш бугарски корени и слично,дури и цела фамилија мора да ја напишеш дека се бугари,дури треба да пишеш и некој бугарски град каде живееш,адреса и слично..лично сум ги гледал документите и не тролај кога врска немаш. едно е без притисок да ти дадат пасош,а друго е да те тераат ај тебе ,па и цела фамилија, од татко до брат/сестра да ги пишеш како бугари
Но заборави да кажеш,дека сам си избрал да аплицираш по ваква процедура.
Кога не сакаш да се изjaснуваш како бугарин,ни сакаш да пишеш целата фамилиja како бугари - тогава има друга процедура и това се вика придобиване на државjaнство по натурализациja.
Адреса винаги ке ти сакат во Бугариja. Има два вида местоживеене - постоjaно и времено.
Еве ти условите кога немаш бугарско потекло:
Чл. 12. Лице, което не е б'лгарски гражданин, може да придобие б'лгарско гражданство, ако к'м датата на подаване на молбата за натурализација:
1. е п'лнолетно;
2. преди не по-малко от 5 години е получило разрешение за постојанно пребиваване в Република Б'лгарија;
3. не е ос'ждано за умишлено прест'пление от обшт характер от б'лгарски с'д и срешту него нјама образувано наказателно производство за такова прест'пление, освен ако е реабилитирано;
4. има доход или занјатие, което му дава в'зможност да се изд'ржа в Република Б'лгарија;
5. владее б'лгарски език, което се установјава по ред, определен с наредба на минист'ра на образованието, младежта и науката, и
6. е освободено от досегашното си гражданство или ште б'де освободено от него к'м момента на придобиване на б'лгарско гражданство.
Многу битно е да се знае,дека процедурата не е само и единствено да се пишеш бугарин или да пишеш цела фамилиja вакви.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom