US OPEN 2011

  • Креатор на темата сашенко
  • Време на започнување

Кој ќе победи во машка и во женска конкуренција?

  • Вкупно гласачи
    100
Статус
Затворена за нови мислења.

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.350
Поени од реакции
2.244
Што ви е вас бе? Мареј? Каде ќе оди тој? Гледајте малце реално.
Од кога Рафа стигна до овде, сигурно нема да се предаде лесно, сигурно ќе даде се од себе а и верувам дека ќе го победи конечно веше Ноле, имам такво предчувство.
За Мареј не треба да говориме, тенисер што стига најмногу до полуфинале и некое финеле што има изиграно, друго ништо посебно неможе да направи додека Федерер,Надал и Ноле се пред него.

Во Понеделник, верувам во Рафа сигурно ке се припреми убаво и на психички план и се, мислам дека ќе го победи барем такво предчувство и така сакам да биде, уште пред да почнеше турниров имав надеж, и сега ја имам но сега ми е поголема.

Инаку секоја чест за денешниот натпревар на Ноле и Федерер јас мислев дека Федерер ќе го победи од кога видов 2-0 во сетови за него, али Нолета се врати и го доврши. Федерер си пропушти голема шанса, повеќе мене ми беше страх од Федерер од колку Ноле.

За женскиве, сакам Стосур да освои ако е веќе финалиста како што видов.

VAMOS NADAL !!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Се изначитав мислења на нубови :D

Дали знаете како играа другите познати стари тенисери, кога беа 30 години? (залез на кариера), губеа од кој стигнат! дали мислите дека некој од нив, на таа возраст би бил екстремно тежок противник за Ноле кој е во неверојатна форма, и е во најдобрите години во својата кариера?

Да беше наместо Федерер, Иван Лендл, Агаси, или пак Сампрас прашање е дали ќе земеа гем а не 2 сета, или пак да ја контролираат играта.....размислете малце што зборите, да беше сега Федерер 25 и Ноле 25, Ноле немаше да знае каде му е главата....бидете малце реални.

Овој меч е по својата важност е еднаков на победа, според мене, ако се земат во предвид сите сегементи и да се анализира детално.
Не е баш точно дека сите постари легенди на тенисот губеа од кој стигнат на залезот на кариерата.
Сампрас освојуваше по некој гренд слем и на стари години, исто и Агаси.
Не го преценувај Федерер (25) толку. Сепак, тој тогаш освојуваше гренд слемови против Родик и Хјуит кои никогаш не биле иста класа како Надал или Џоковиќ.
Самиот Роже на почетокот на оваа сезона кажа дека игра пдобар тенис отколку во 2005 година.
Неговиот проблем лежи во физичката подготвеност. Не може повеќе да изигра 4-5 светска класа сета по ред. Чуваше сили за петтиот сет вчера со Ноле, отиде на се или ништо и изгуби.
Федерер сеуште има сили за да освојува барем по еден гренд слем годишно во следните 3-4 години. Само треба да најми нов физички тренер и да се стегне, нешто што Агаси го направи на негови години.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Федерер неможе да биде преценет, само подценет.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Федерер неможе да биде преценет, само подценет.
Уште еден фан на Роже кој мисли дека Федерер го измислил тенисот.
Не сфаќај ме погрешно, јас исто така мислам дека Роже е најдобриот тенисер на сите времиња, но да играа Ноле и Надал како сега во времето кога тој доминираше, Роже ќе имаше 6-7 гренд слемови, не 16.
Роже повеќето гренд слемови и мастерси ги освои против психолошкиот мазохист Марат Сафин, многу стар Агаси кој играше само за пари, Енди Родик и Лејтон Хјуит, играчи кои се неколку класи подоле од Надал и Ноле.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301

А од 2007 наваму како освои грендслемови? И тоа не малку.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
А од 2007 наваму како освои грендслемови? И тоа не малку.
Друже те гледам си фан на Федерер и го поштувам тоа, ама олабави. Му поминува времето, еве сега после 2002 Федерер ќе остане без ниту еден освоен гренд слем.
Убаво еднаш на б-92 кажаа, Ноле е експеримент никој до сега го нема направено ова, само 2 изгубени натпревари во една сезона, на сите им е предизвик, сите даваат 102.3% да го победат, сите се трудат да го прикажат најдоброто, исто како Федерер вчера. После ова што Ноле го прикажува годинава заслужува почит и тоа огромна.
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Друже те гледам си фан на Федерер и го поштувам тоа, ама олабави. Му поминува времето, еве сега после 2002 Федерер ќе остане без ниту еден освоен гренд слем.
Убаво еднаш на б-92 кажаа, Ноле е експеримент никој до сега го нема направено ова, само 2 изгубени натпревари во една сезона, на сите им е предизвик, сите даваат 102.3% да го победат, сите се трудат да го прикажат најдоброто, исто како Федерер вчера. После ова што Ноле го прикажува годинава заслужува почит и тоа огромна.
Секогаш сум давал почит за Џокович, Ѓоковиќ, како и да е, подобра сезона никој во историјата на тенисот немал, и тоа покрај Федерер и Надал, двајцата живи легенди... Само овде на форумов и општо некако не се дава респект за Федерер и за неговиот допринос во тениската игра, бидејќи постои тенис пред Федерер (старовремски, нам досаден) и тенис по Федерер.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Многу брзо заборавија како играше некогаш и си синоќа делуваше на моменти така,тогаш Ноле ни на сон неможеше да му возврати,ама пак сега за нецела година направија некој играч Бог со некаква серија,а ако гледаме така и тој го најде Федерер на стари години веќе и Надал во пад на форма.
Не битно тоа е сега,уте ќе има уште едно Големо Финале.
 
Тоа што не се дава респект за Федерер е доказ за тоа колку го познаваат и сакаат тенисот. Мислат дека ако пишат коментар со навредлива содржина ги прави навивачи, или само ако пишуваат постови, кој иако немаат врска сепак мислат дека познаваат тенис. Ги имаш многу такви.

Инаку донекаде и не се сложувам со тебе дека пред Федерер се играло многу старовремски тенис, дуелите Агаси - Сампрас беа исто така антологиски и имаше добар тенис и пред ерата на Федерер.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
829
Поени од реакции
842
Какви ли се глупости не се изначитав на темата, познавачи на тенис од највисок ранг :) :D.
Првин за вчерашниот дуел, Федерер се изгуби психички, не знам дали се задоволи во првите два сета или се уплаши од шансата да победи, како и да е Федерер изигра мноооогу подобро од Ноле, а таквата игра која потсеќаше на онаа пред 5 години е најубавата за очи и е сон за секој тенисер, па дури и за Новак.
Од друга страна Новак демонстрираше мноогу подобрен return и втор сервис, кој му помогна да се врати и на крај да победи. Мислам и дека грешката на Федерер беше што цело време стоеше еден чекор понапред на теренот од што требаше.

Моментално имаме дечки кои што се спремни да трчаат и да бидат агресивни подолго време, зборам за Надал и Новак. Федерер многу тешко би можел да излезе на крај со нив, но секако сеуште има шанса да победува со техника, елеганција и стил, се надевам дека ќе освои уште некој Grand Slam.
Како и да е ќе ги видиме Новак и Надал кога ќе им одмине времето, се си мислам дека ќе имаат драстични падови на АТП листата и прерано пензионирање, сепак времето ќе каже све.

Моја прогноза е дека Надал ќе го освои турнирот, но секогаш си велам нека победи подобриот, а подобриот според прикажаното на двата тенисери на овој турнир ќе го одреди финалето.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Многу брзо заборавија како играше некогаш и си синоќа делуваше на моменти така,тогаш Ноле ни на сон неможеше да му возврати,ама пак сега за нецела година направија некој играч Бог со некаква серија,а ако гледаме така и тој го најде Федерер на стари години веќе и Надал во пад на форма.
Не битно тоа е сега,уте ќе има уште едно Големо Финале.
Надал во пад на форма?
Надал има подобри резултати годинава отколку во било која друга година. Играше 2 финалиња на гренд слем и 4 финалиња на мастерс турнири и сите ќе ги освоеше да не беше Џоковиќ.

Но, мора некој изговор да се најде.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
829
Поени од реакции
842
Надал во пад на форма?
Надал има подобри резултати годинава отколку во било која друга година. Играше 2 финалиња на гренд слем и 4 финалиња на мастерс турнири и сите ќе ги освоеше да не беше Џоковиќ.

Но, мора некој изговор да се најде.
Гершка си, претходната сезона му беше најдобра. Играше 3 финалиња на Grand Slam турнирите и ги освои истите.
 
С

сашенко

Гостин

Па и оваа сезона ќе игра на 3 финалиња на Гренд Слем турнирите.
Да не беше Џоковиќ, Надал ќе имаше и подобра сезона од 2010, затоа што ќе ги освоеше трите гренд слема и ќе ги освоеше истите мастерси од 2010 (Монте Карло, Рим и Мадрид) плус оваа сезона ќе освоеше и во Индиан Велс.
Надал 2011 е подобар од Надал 2010, нема изговори.
 
Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
^
^
Добро ќе имаше најдобра сезона ако не изгубеше од Новак петпати сезонава и ако добро памтам, во пет финалиња загуби. Тоа е и поентата на горниот пост.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom