Грците бесни: И Албанија го присвoјува Александар Македонски

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.322
Грците бесни: И Албанија го присвoјува Александар Велики

Доста беа скопјаните сега и Албанците се обидуваат да ја присвојат крвта на Александар Велики. Вака реагирале грчките медиуми во врска со учебникот по географија за средно образование во Албанија, во кој се тврди дека македонскиот крал Александар Велики е Албанец, што било потврдено со ДНК анализа.

getImageThumbnail.axd


Исто така Александар Велики се прикажува како албански херој а подрачјата како североисточна Грција, Флорина, Гревена, Јанина, Арта, Превес и Треспортис албански подрачја, кои од 1913 година и припаднале на Грција

„ Историските случувања, насилното протерување на автохтоните Албанци и недостигот на официјални податоци го комлицира определуањето на албанските подрачја во Грција и враќањето на одземените имоти“, цитира весникот Прото тема дел од она што е напишано во албанскиот учебник. Она што е преточено во учебникот, стои и во енциклопедијата „Албанска Македонија“ во која уште се тврди дека и албанската национална валута лек е именува токму по името на Лека и Мадх како што го викаат Албанците Александар Велики.

09.09.2011, 11:02​

--- надополнето: Sep 9, 2011 9:18 PM ---
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=79910
 
Како тргнале работиве уште малку и Африканцине ќе го присвојат.;)
 
На запад ништо ново. :)

Јован И. Деретић го прави истото со српската историја: „Александар Велики је заправо српски војсковођа Александар Карановић и он је трећи српски војсковођа који је у свом походу на исток дошао до Индије. Пре њега су то учинили Нино Белов и Сербо Макаридов.“ :pos:
 
Ја предлагам по големината на споменикот да се одредува, т.е. кои ќе изградат најголем споменик - Аце е нивен!
 
Имам чувство дека на Балканот живеат најмногу глупави луѓе.
--- надополнето: Sep 10, 2011 2:16 AM ---
Лошото е дека откако Турција објави дипломатска војна на Израел некој многу упорно почна да се обидува да запали регионот и тоа во сите земји
 
Па и Кристофер Колумбо бил првиот Албански морепловец,Наполеон чистокрвен албанец од страна на чичкому прв братучед па негов вујко,а на вујкому балдска,а на балдскат втора братучеда од таткова страна била Албанка,а да и Мајкл Џордан е најдобриот Албански кошаркар,и најново Меси бил пола Албанец.:pos:
 
Па и Кристофер Колумбо бил првиот Албански морепловец,Наполеон чистокрвен албанец од страна на чичкому прв братучед па негов вујко,а на вујкому балдска,а на балдскат втора братучеда од таткова страна била Албанка,а да и Мајкл Џордан е најдобриот Албански кошаркар,и најново Меси бил пола Албанец.:pos:
ама и бугари истовремено :LOL:
 
.....преку глава ми е од сензационални вести кој што бил.(албанец, грк, турчин, босанец, германец, финец...)
Дарвин убаво кажал ама лошо го разбрале СИТЕ ЛУЃЕ ПОТЕКНУВААТ ОД ПРИЛЕП...кратко и јасно

односно стварањето на светот изгледа вака СОНЦЕТО > МАКЕДОНИЈА > ПРИЛЕП > ЧОВЕКОТ > СЕ ОСТАНАТО

...инаку...ако продолжат да копаат наназад ќе испадне и дека Адам бил (албанец, грк, србин.....)
 
зашто Грците би се бунеле кога Александар бил варварин и убивал грци?
се знае кои се албанците...тоа дека биле илири е спикин' ноусенс
баш сакав да го поставам клипов :)
 
Македонија и АЛбанија умечни се да крадат чужда историја...

Уште малку пловина луге на светот ќе бидат или македоцни или албанци..:pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom