- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.085
- Поени од реакции
- 1.254
Грците бесни: И Албанија го присвoјува Александар Велики
--- надополнето: Sep 9, 2011 9:18 PM ---
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=79910
Доста беа скопјаните сега и Албанците се обидуваат да ја присвојат крвта на Александар Велики. Вака реагирале грчките медиуми во врска со учебникот по географија за средно образование во Албанија, во кој се тврди дека македонскиот крал Александар Велики е Албанец, што било потврдено со ДНК анализа.
Исто така Александар Велики се прикажува како албански херој а подрачјата како североисточна Грција, Флорина, Гревена, Јанина, Арта, Превес и Треспортис албански подрачја, кои од 1913 година и припаднале на Грција
„ Историските случувања, насилното протерување на автохтоните Албанци и недостигот на официјални податоци го комлицира определуањето на албанските подрачја во Грција и враќањето на одземените имоти“, цитира весникот Прото тема дел од она што е напишано во албанскиот учебник. Она што е преточено во учебникот, стои и во енциклопедијата „Албанска Македонија“ во која уште се тврди дека и албанската национална валута лек е именува токму по името на Лека и Мадх како што го викаат Албанците Александар Велики.
09.09.2011, 11:02
--- надополнето: Sep 9, 2011 9:18 PM ---
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=79910