Грците се самообвинуваат за успешноста на македонската држава

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
nezavisnost-opsto_69516.gif


Со патетични колумни испровоцирани од јубилејната прослава во Скопје, грчките аналитичари пишуваат дека Грција самата е виновна за дереџето на кое се наоѓа во однос на спорот со името.

- Наместо уште во 1992-та да се инсистираше на разумен компромис, тогашните власти заземаа апсолутна позиција. Бараа целосно елиминирање на терминот Македонија во името на северниот сосед. Нивните максималистички цели жртвуваа чесен компромис.

Сега Република Македонија под уставно име е призната од мнозинството земји во светот, вклучувајќи ја Кина, САД и Русија.

Пишуваат дека најблиску до решение биле Самитис и Ѓорѓиевски во 2001-та, за името “Горна Македонија”, предлог кој најдолго бил на маса и околу кој најмногу се биеле копјата бил токму “Вардарска Македонија”.

За разлика од времето на Буш, Атина смета дека меѓународната заедница сега е многу понаклонета кон Грција.

- Условите за постигнување чесен компромис за името се зрели. Сите политички сили во Грција се подготвени. Етничките Албанци, но и опозицијата во ПЈРМ. Останува уште Груевски да се осмели - пишуваат грчките аналитичари.

Во меѓувреме официјална Атина е се погласна во тврдењата дека македонскиот јазик не е предмет на преговорите.

Нивната црвена линија е географска одредница во името и негова севкупна употреба.

Ова го потенцираше и шефот на грчката дипломатија за време посетата на Белград, кој изрази оптимизам дека спорот може набрзо да се реши.

Снежана Јовановска

извор

знам дека ке почнат сеа да плачат и да кукаат ама не очекував да дојдат до степем да се самообвинуваат.. ама ако - секое лошо за добро е. чекам да видам какви ли све статии ке искочат деновиве кај јужниве и што се ке изнатрескаат. осеќам дека ке се раскаар меѓусебно само ај да не избрзуваме времето ке покаже.
 
кој грчки медиум го има ова објавено ?
незнам неможам да најдам. барав низ тоа нивните медиуми шо ги имаат ама не најдов... можда и сител си измислуваат не е некоја којзнае колку веродостојна информација ама ај ке видиме.. а дека ке има сеа реакции тоа повеќе и од сигурно е !
 
Нема никакво самообвинување, тоа се голи фрази, исто како и бугарските за нивните политичари, кои ги лиферуваат од време на време. За веднаш во продолжението да се каже дека условите за некаков "компромис" биле зрели.

Инаку, вистина е дека немаше Македонскиот народ вака темелно да ја проучува сопствената лоза и историја доколку не беше соочен со огромните пречки и опструкции од страна на Грците.
 
Не, jaд, просто на каквото си постелил на вакво нешто ке легнеш.
 
Да бре цел век Македонија е крива.

Признај, криви сме што постоиме... :tapp:
 
А не, 2000 години соседите само са криви што постоjaт.
Да ви е честит празника уште за многу години да ви е!
Многу ми бендисаха новите униформи на гардистите ви.
 
Во овој случај ми изгледа како на соседите да им е криво.

Кој на кој требаше е повеќе од очигледно во ситуацијава.

Инаку благодарам за честитките...

А за гардистите ќе треба да ги видам подобро па да ти кажам, многу слабо им обрнав внимание.
 
Официалната политика на сите политички фактори во Македонија дека треба да го измениме нашето уставно име е диригирана од надворешни фактори кои влијаат на нашиот општествено политички живот.
Што ќе се измени во нашиве животи ако го замениме нашето уставно име со некоја рефереца која ќе го подкопа македонскиот национален идентитет?
Ќе почне деградација на македонското национално ткиво,ете тоа ќе се случи...Ќе нема напредок,ќе нема инвестиции... Бидејќи ова парче македонска почва повторно ќе стане предмет на делби.
Цврсто стојам на мојата определба fuck Nato,fuck EU!!!! Длабоко сум убеден дека дека во сегашниве опшествено политички услови на целиот регион околу нас,Македонија долгорочно со малку повеќе од два милони жители по попис може да обезбеди пристоен и достоинствен живот за сите нејзини граѓани.
Од горе наведениве причини Јас давам целосна подршка на една иницијатива која би можела и би требало да гласи:
Не за промена на нашето уставно име
Република Македонија!
 
Лавина реакции во грчките медиуми за прославата на независноста на Р.М.

Експлозија на бескомпромисност од Груевски. Делириум во Скопје со симболот од Вергина. Ова се само некои од насловите во грчките медиуми за прославата на јубилејните 20 години независност на Македонија.​
getImageThumbnail.axd



“Провокативна прослава околу Александар Велики“

“Полнолетни се, но уште немаат мозок: 20 години независност на Скопје“

“Забава со лош вкус“

Вчерашната прослава не помина незабележана во Грција. Но засега само медиумите со коментари и свое видување.

“Сам, без опозицијата, без Албанците, без гости од странство, националистичкиот премиер на ФИРОМ, вчера вечер ја прослави 20 годишнината од независноста со забава со лош вкус на централниот плоштад во Скопје“ – пишува весникот „Етнос“.

Грчките медиуми експресно ја пренесоа и изјавата на македонскиот премиер за црвените линии во прашањето за името, но и за спомениците, за која коментираат дека Груевски индиректно му одговорил на Ламбринидис, кој неодамна рече дека поставувањето споменици во Скопје е провокација.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“, објави фотографија со знаме од вчерашната прослава. Тврди дека е провокација бидејќи знамето било со картата на Голема Македонија и сонцето од Вергина. Според весникот, по неколку минути огромното знаме било тргнато.

Новинар од весникот “Катимерини“, во својата денешна колумна ги поврзува прославата на денот на независноста и успесите на македонската репрезентација во кошарка. Славењето на победата над Грција, во колумната е наведено како полно со национализам, а се повеќе славомакедонци, како што се наречени Македонците, веруваат дека Грција им е најголемиот непријател.

“Во свеста на славомакедонскиот граѓанин виновен за сиромаштијата, за изолацијата и за затворените евроатлантски порти не е Груевски, туку лошиот сосед Гркот. Затоа и излезе на улици да прославува за еден незначителен спортски настан“ - пишува “Катимерини“.

Сања Ристовска




09.09.2011, 14:42​

извор

ке пукнат грциве од мака еј... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom