ИНТЕРНЕТ ВЕСНИК

Дали сте за основање на интернет весникот?


  • Вкупно гласачи
    17
  • Гласањето е завршено на .

bucko buckovski

Професот/Доктор/Магистер
Член од
16 ноември 2009
Мислења
24
Поени од реакции
5
Локација
Скопје
Оваа тема ја отворам со цел виртуелно да се собереме повеќе заинтересирани луѓе и да направиме интернет весник. Доколку немате никакво хоби, или пак имате, но сакате уште едно придружете се и помогнете да изработиме интернет весник. Доколку весникот биде добар, а со тоа и читан голема е веројатноста да добиеме реклами. За целиов проект ни требаат:

1. Веб дизајнер (кој ќе дизајнира страна, а потоа и ќе ја хостира)
2. Графички дизајнер (кој ќе се погрижи за изгледот на весникот и распоредот на текстовите)
3. Лектор (кој ќе ги поправа печатните и содржинските грешки во текстовите)
4. Неколку истражувачки новинари (кои ќе наоѓаат интересни податоци и ќе пишуваат статии)
5. Двајца колумнисти ( кои ќе го искажуваат својот став за одредени актуелни теми)
6. Фотограф (кој ќе изработува слики или ќе наоѓа слики за одредените теми)
7. Главен и одговорен уредник (кој ќе се избира со гласање од сите вклчени во проектов, а гласањето ќе се одвива секои два месеци)
8. Заменик на главен и одговорен уредник (кој ќе се избира со гласање од сите вклчени во проектов, а гласањето ќе се одвива секој месец)
9. Маркетинг (потребни се двајца-тројца луѓе кои ќе го презентираат, рекламираат весникот и ќе бараат потенцијални фирми за рекламирање во весникот)

За сите дополнителни нешта кои горе се испуштени да дискутираме. Прво треба да ја одбереме главната тема на весникот, а потоа и да му дадеме име. Сите ваши мислења, идеи, барања...итн. поставете ги тука!
 
БДА СТАЈЛ? Кајгана весник или нешто др?
 
Мислам дека боље би било нешто како магазин отколку весник.
 
имаш кајгана.ком таму имаш се не ти треба весник нема да се чита толку..имаш се на страната
 
Што и да направиш,од содржински аспект уште одма ќе го надминеш кајгана порталот,бидејќи има најлоши статии.
 
Што и да направиш,од содржински аспект уште одма ќе го надминеш кајгана порталот,бидејќи има најлоши статии.
I-lold3.jpg
 

Абе ти си газда,и можеш да се смееш твое си е....но ние сме тие што ја одредуваат посетеноста на порталот.(а инаку форумот си е врв,и затоа ме чуди зошто порталот заостанува)

Кај вас порталот е склоп од повеќе рубрики....но на почетната сите статии се од тапа по тапа....секоја втора статија е "10 работи како да направиш ова","5 работи како да направиш она"...."15 начини како да постигнеш ова"....и сл.

И најчудно од се е што пола од статиите немаат никаква содржинска издржаност со текстот во статијата....т.е тој што ви ги уредува,или му се префорсирани,или доживува неуспех со духовитоста на насловите.

Смени го детето што ги куцка статиите и што го мрзи да бара квалитетни статии,и ќе видиш како on.net ќе го прелеташ за 5-6месеца мин.
 
Јас мислам дека главната тема на весникот треба да биде поврзана со политиката, секојдневниот живот и актуелните случувања нешто како „жолта политичка штампа“. На пример новинарите ќе пишуваат за некои политички афери и секојдневниот живот, колумнистите ќе излезат со свој став околу актуелните случувања, тука може да се додаде и некој стрип. Мислам дека магазин е лоша работа бидејќи ги има могу а интернет весници од типот на „жолта политичка штампа“ скоро и да ги нема. Но сепак оставам се на мнозинството како ќе одлучи!

BTW Кајгана е одличен портал.
 
Зашто би правеле интернет весник кога сите весници имаат интернет страни и плус има еден куп портали, дај нешто по иновативно.
 
Јас ќе ти бидам уредник и за два месеца ќе не пикнат во затвор.
 
Зошто главниот уредник би се менувал со гласање на секои два месеци?
Уредниците не мора да се менуваат на секои еден или два месеци, но гласање ќе има од проста причина доколку „колективот“ не е задоволен од уредниците може да ги замени, но доколку е задоволен повторни ќе ги изгласа. Јас ќе бидам колумнист. Ајде луѓе кажувајте ја вашата функција во весникот и давајте идеи, никој нема дадени идеа!
 
мразам политика........има доволно плукачи по партии и институции.....
Јас ќе ти бидам уредник и за два месеца ќе не пикнат во затвор.
јас да пишувам нешо во весник има да ме стрпаат на Голем Град да толчам камења
 
мразам политика........има доволно плукачи по партии и институции.....

Јас да пишувам нешо во весник има да ме стрпаат на Голем Град да толчам камења
Боље ти е да пишуваш, но секако доколку знаеш да пишуваш. И сите текстови од кои ќе се состои весникот мора да бидат напишани на стандарден јазик. Нема дијалекти, жаргони и тн.!
--- надополнето: Sep 8, 2011 11:46 AM ---
Според вашите коментари можам да заклучам дека се обидувате да ја заобиколите политиката. Па најдобро би било во весникот да имаме еден забавен дел што ќе опфаќа секојдневен живот, технички достигнувања, резултати, статистики и друг дел т.е. колумните да се занимаваат со политика, но во тој случај ќе треба тројца колумнисти. Весникот најдобро е да биде неделник, за да имаме доволно време да го уредиме и неговото име би требало да биде многу привлечно!!
 
Добро еве уште еднаш ќе повторам дај те да правиме нешто по оргинално што го нема кај нас весници има еден куп и печатени и на интернет
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom