Аоо, знае некој која е таа Весна по математика? Денес имавме прв час со неа, ми се чини како фина жена ама сепак.. Туку имавме денес и Хемија и Географија. Хемија ми е Олгица, значи женава од што толку тивко збореше одвај се разбираше. И од што незнаеше што да ни каже, онаква , амм ученици, ии што сакав да ви кажам.. На крај ни рече ако нема никакви прашања зборете си меѓу себе. Ние си збориме, оваа ни вика нели реков да е тишина?! Па на едно дете му викаше зашто му служеле компјутерите, да се криел позади нив.. Ццц, чувај боже жена. А географија, за чудо, денес сите очекувавме дерење а оваа ни влезе ко сонце да ја огреало, насмеана целата ни вика извинете ученици што доцнам, имаше проблеми со незнам таму што.. И ние сите се чудиме, што и е на оваа сега.
Не прозиваше, па нешто не потпраша и ја предаваше првата лекција и кога ја прашавме дали да ја научиме, ни рече не. Ние цели такви радосни и ни вика.. А знаете да читате на карта со една насмевка, неможам да ја опишам жими се. Ние, ахаа, дада, упрпани целите. Да, сите знаете кога сега ве прашувам ама ќе видиме утре, ќе ве прашувам на карта. Ае, господ нека е со мене.
А музичко Гелевска е една мрдната жена, во позитивна смисла.
Сега за сега, се ми е збунувачко и ново, искрено и тешко ми е, сакам да си се вратам во основно ама тоа е, нема веќе назад.. П.С. Ако некој ја знае Каролина по македонски ако може да ми каже нешто за неа. А Маја англиски и не е така лоша, само збесна малце првиот час кога и закаснивме на час.