Кога бев сега на пролет во Струмица полето беше полно со фолии работат луѓето земјоделие се мачат и паѓа некоја пара, не е сјајно ама за леб не трпат. Од друга страна седачите по кафичи , по цел ден пред продавница и само мрчат , леб немам ова немам она немам. Мајка ми кај шо работеше неможеа да најдат доволно работници. Е сега условите не се нај ама за жена во Струмица околу 10 илјади плус 70 денари за храна плус осигуран не е ни толку лошо. Муебетот ми е дека не му верувам на оној кој ќе каже дека нема за леб. Е сега шо вика Миле Паника за Леб за Млеко за Жената Фустан има се наоџа ама нема за стан за кола и сл.
Може не е во контекст со темата , ама бидејќи постојано се спомнува како аргумент против Скопје 2014 добро е да се спомне.
Ако од друга страна се гледа економскиот аспект на проктот тој е мотор кој го задижи градежништвото и попратните гранки во време на кризата. Тој е мотор кој ќе го раздвижи туризмот, мотор е и во другите градови да се гради нешто ,гледам Берово плоштад, Македонска Каменица Плоштад, Крушево Плоштад ваму плоштад таму плоштад.
Значи гледајте на работите дво по можност и тро димензионално а не само едната димензија.