Секој сака да сака, ама се хиперболизира чувството на пеперутки во стомак и се нарекува Љубов заради простиот факт што тинејџерите како такви немаат видено сериозни проблеми (тука зборам за повеќето), си имаат мама тато што даваат пари, имаат покрив над глава, а кога се гледаат со дечкото/девојката се ослободени од обврските и излезени за убав провод. И глупаво е да тврдиш дека тој/таа е совршен/а кога го/ја немаш видено во неволја, или кога не си живеел со него/неа. Дознај ги мааните, па ако можеш да ги прифатиш, во ред, make it serious & enjoy while you can.