Нема да коментирам како сме изиграле и кој бил најдобар само ќе напишам дека како се одвива ситуацијата многу ме потсеќа на светското ракомет. И таму во првата утакмица изгубивме од послаб противник а во второ коло ја победивме Полска и ги пренесовме бодовите во следна фаза со нив. Се надевам дека и ние и Хрватска ќе поминеме понатаму и ќе имаме успех бидејќи реално вкрстуваме со најслабата група на шампионатот и со противници со кои може да се надигруваме. Честитки на победата!