Ѓорѓе Балашевиќ

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.804
Поени од реакции
5.581
Иначе, нормално дека имало кој да организира, што, пред Авалон не постоеја организатори, он сам си ја откупуваше Универзална сала? Не доаѓаше затоа што во Македонија веќе немаше пари доволно, премногу беше ефтин. Последниот концерт што го организираше беше 500 денари (ако добро памтам) што за Македониците не се малку пари. Не му се исплатеше да доаѓа. Сега, ја качи на 15 евра концерт или 20 евра плус филм, а тоа е преценување. Пинк која се доака од пичке си материне од Америка не наплаќаше 20 евра, Фифти сент наплаќаше 1000че, а тоа се пејачи коишто се во самиот врв на славата и во други делови на светот наплаќаат карти и преку 100 евра од човек. Значи, јас прифаќам некој да се цени, ама ме вреѓа кога се преценува.
интересен феномен е ова со преценувањево и со ценава на билетите... не само за Балашевиќ него општо за сите што доаѓаат на концерт кај нас.. за Балашевиќ ај некако можам да разберам, немал концерт во Македонија 7-8 години па народот толку долго време го чекаше, и играа на таа карта и тој и Авалон, сега и кој знае кога и сигурен сум и 1000 денари да беше картата само за концертот салата пак ќе беше исполнета до крај.. плус Ѓоле има повозрасна публика која што најверојатно според нив може и да си дозволи да ја плати таа карта од 20 евра... и мене тоа ме бендисува... значи немаше воопшто падобранци и на концертот, туку вистински фанови на Балашевиќ... на кој друг концерт ќе видиш парови од 50 - 60 години кои што играат заедно и ги пеат сите песни од А до Ш... според мене да беа картите поефтини не ќе беше тоа тоа, ќе имаше и миено и немиено и шишано и не шишано...

Плус, кои емоции жити све? Имав список у рука со репертоар, сите песни однапред беа спремни, он си одработи и си отиде како прав професионалец, ни емоции ни бутур. Кои емоции, пее за „пропаднати љубови“ а после тоа вика ги сакам многу жена ми и ќерка ми... Све е тоа супер со текстовите, песните, со целата атмосфера, ама немој да си глумиме сеа дека он нешто не сака особено, али ипак ќе ни наплати по 20 евриња за концерт. Не ме заебавај.
во однос на емоциите не беше нешто претерано емотивен :pos: :pos: ама сепак не можеш да останеш рамнодушен кога ќе згрми 10 000 публика, не можеш да останеш рамнодушен кога ќе ти ги пеат сите песни барем пола од публиката... добар беше, со оглед на тоа што е старче добро се снајде :) крај краева кој пејач внесува емоции во песните на концерти толку многу сите гледаат што побрзо да си ја завршат работата и да си заминат :) уствари секоја чест за Џибони секоја чест.. човекот буквално душата ја остава на сцена... Aвалонци ако читате го чекаме Џибони во Борис Трајковски :)

за плејлистата couldn't agree much more шо викаат енглезите... и јас го имав списокот со репертоарот на песни што ги отпеал Загреб на 18.12.2011.. ама не гледам што има тука за замерка :) сите пејачи ја прават оваа работа кога одат на турнеи... горе доле истите песни Белград, Загреб, Скопје.... иначе еве споредете го со плејлистата од концертот во Скопје (во заграда од Скопје редоследот)..


1. Noć kad sam preplivao Dunav (1 и во Скопје)
2. Panonski mornar (2)
3. Neki novi klinci (3)
4. Ćaletova pesma (4)
5. Divlji badem (5)
6. Stih na asfaltu (ја немаше Скопје)
7. Boža zvani pub (6)
8. Ljerka (7)
9. Čovek za koga se udala Buba Erdeljan (9)
10. Još jedna pesma o maloj garavoj (8)
11. Miholjsko leto (10)
12. Lađarska serenata (11)
13. Galicia (12)
14. Mirka (13)
15. Namćor (ne volem) (14)
16. Sevdalinka (ја немаше во Скопје)
17. Provincijalka (15)
18. Nedostaje mi naša ljubav (ја немаше во Скопје срам да му е :))
19. Otilija (16)
20. Devojka sa čardaš nogama (17)
21. Slabo divanim mađarski (18)
22. Budimpeštanski sneg (ја немаше во Скопје)
23. Poslednja nevesta (20)
24. Priča o Vasi Ladačkom (22)
25. Bezdan (23)
26. D- mol (24)
27. Jednom su sadili lipu (ја немаше во Скопје)
28. Ringišpil (25)
29. Aco braco (26)
30. Sin jedinac (27)
31. Naposletku (28)
32. Slovenska (29)
33. Svirajte mi jesen stiže dunjo moja (30)
34. Život je more (ја немаше во Скопје срам да му е :) )
35. Lepa protina kći (31)
36. Bela lađa (32)
37. Netko to od gore vidi sve (ja немаше во Скопје)
38. Moja prva ljubav (33)
39. Ljudmila (ја немаше во Скопје)
40. Remorker (ја немаше во Скопје)
41. Portret mog života (34)
42. Ne volim januar (ја немаше во Скопје срам да му е :))
43. Slow Motion (35)
44. Odlazi cirkus (36)

(19 песна во Скопје беше Анита, а 21 Чивутски врт)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.959
Поени од реакции
12.377
Доцнам со ова, но мислам дека што се однесува до билетите и собирањето што е можно
поголема публика, требаше порано да обрневме внимание на 2 работи:

1. Џоле не настапува сам, треба и на бендот да му се плати за настапот;
и
2. Според официјалниот веб сајт на Спортскиот Центар Борис Трајковски
http://www.salaboristrajkovski.gov.mk/, цената за настани од културно-забавен карактер
за странски изведувачи е 7.200 евра, пари кои што не верувам дека лесно се даваат
за концерт со евтини билети.

А за Универзална Сала, не знам, на официјалниот веб сајт на Универзална сала
http://www.univerzalna.com.mk/, не пишува ништо за цените за изнајмување на просторот.

А и продуцентската куќа, во последниов случај Авалон Продукција,
секако дека ќе си го очекува и својот дел од заработувачката.

Но како и да е, мислам дека ова е повеќе од доволно оправдание за цената на билетите,
која беше 800 ден. за концертот, односно 1100 ден. за концертот и за филмот.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Доцнам со ова, но мислам дека што се однесува до билетите и собирањето што е можно
поголема публика, требаше порано да обрневме внимание на 2 работи:

1. Џоле не настапува сам, треба и на бендот да му се плати за настапот;
и
2. Според официјалниот веб сајт на Спортскиот Центар Борис Трајковски
http://www.salaboristrajkovski.gov.mk/, цената за настани од културно-забавен карактер
за странски изведувачи е 7.200 евра, пари кои што не верувам дека лесно се даваат
за концерт со евтини билети.

А за Универзална Сала, не знам, на официјалниот веб сајт на Универзална сала
http://www.univerzalna.com.mk/, не пишува ништо за цените за изнајмување на просторот.

А и продуцентската куќа, во последниов случај Авалон Продукција,
секако дека ќе си го очекува и својот дел од заработувачката.

Но како и да е, мислам дека ова е повеќе од доволно оправдание за цената на билетите,
која беше 800 ден. за концертот, односно 1100 ден. за концертот и за филмот.
Значи, почињаш да ме нервираш со фактиве. Вистина е све тоа што кажуваш дека сите сакаат да заработат и тоа е океј. Тоа шо не е океј е некој дебело да заработи на нашата љубов кон истиот тој некој. Пак ќе ти ги спомнам, Пинк, Боб Дилан, 50 Сент, дојдоа во Скопје од пичке си материне, со дупло поголем бенд, со милион пати поголем стандард и слава world wide, со истите ебани организатори и наплатија исти пари за нивните концерти. Ману Чао и Џентлмен настапија на Таксират заедно. Цената, 800 денари. Примери има колку сакаш.

Љубов нема никаде у муабетот. Има само дебел профит. И тоа е океј да има дебел профит ако има овци као нас да бидат стрижени. Ама немој да ми кажуваш дека е тоа во ред и дека им е оправдано.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Значи, почињаш да ме нервираш со фактиве. Вистина е све тоа што кажуваш дека сите сакаат да заработат и тоа е океј. Тоа шо не е океј е некој дебело да заработи на нашата љубов кон истиот тој некој. Пак ќе ти ги спомнам, Пинк, Боб Дилан, 50 Сент, дојдоа во Скопје од пичке си материне, со дупло поголем бенд, со милион пати поголем стандард и слава world wide, со истите ебани организатори и наплатија исти пари за нивните концерти. Ману Чао и Џентлмен настапија на Таксират заедно. Цената, 800 денари. Примери има колку сакаш.

Љубов нема никаде у муабетот. Има само дебел профит. И тоа е океј да има дебел профит ако има овци као нас да бидат стрижени. Ама немој да ми кажуваш дека е тоа во ред и дека им е оправдано.
Би се навратила на она охридското "ак не ви чинит, не идајте". Оправдано е се' додека има луѓе кои ќе ја купат картата по цената по која се продава.
Тоа што Пинк има светска слава не значи дека вреди повеќе од Балашевиќ, или дека е оправдано за Пинк да продава карти по таа цена или неоправдано за Балашевиќ да ја има истата цена. Од личен (субјективен) аспект, не би одела на концерт на Пинк па и да ми дадат пари, додека за Балашевиќ би платила и да беше дупло, па и три пати поскапа картата.
Она што ме разочара во конкретниов случај беше што концертот воопшто беше во толкава сала и со толкава публика. Балашевиќ не е тип на музичар кој е за таква сала, сам по себе си бара поинтимна атмосфера.
Факт е дека ова беше концерт од комерцијален карактер, не беше за душа, но ете, сакав да го видам и слушам и покрај тоа што имаше крдо луѓе кои можеби и не го разбираат целосно, па цел концерт го поминаа чекајќи ги неколкуте песни на кои може да станат, да се изнавикаат и изнаскокаат и да кажат "аууу, колку добар концерт брат". Можеби и ќе беше подобро да беше концертот во Универзална, а картите да беа и дупло поскапи, па да отидеа само вистинските обожаватели кои вака или онака ќе купеа карта.
Исто така е факт дека 90% од музичарите се искомерцијализирани, во кои после концертов сфатив дека спаѓа и Балашевиќ, што е поразителен факт за музичар како него.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.959
Поени од реакции
12.377
Тоа шо не е океј е некој дебело да заработи на нашата љубов кон истиот тој некој.
Истото ова и јас сакам да го потенцирам.
Но за жал во такви времиња живееме.
На некој агент од некоја продукција му е повеќе од доволно да најде некоја секси мома
со добар глас, и ете ти, преку ноќ музичка ѕвезда, не бидејќи открил некаков си талент,
туку бидејќи открил профит.

И ние си го имаме Зафир Хаџиманов кој престана да пее, и самиот убаво објасни зошто:
"Во Југославија ми плаќаа за да пеам, а денес ми требаат спонзори за да одржам концерт".
Покристално објаснение, здравје.
Тоа дека во Југославија државата била спонзор, друг систем бил на власт, воопшто не ме интересира.
Човекот убаво си објасни зошто се повлекува од музиката.

Ние треба да бидеме повеќе од среќни и задоволни бидејќи и Џоле не тргнал по стапките на Хаџиманов,
и сепак човекот одржа концерт во Скопје, па макар и комерцијален, наместо интимен.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.959
Поени од реакции
12.377

Vrteli se tockovi mog bicikla.
Gde god je stao taj rulet beše premija.

Smakla se o stepenik njena štikla.
Nekad su pogledi bili cista hemija.

Dobro je pocela nedelja,
poslednje pripreme za maturu.
Virili smo u daljine
puni nade.

Preko gimnazijskog bedema,
k'o pravi dekor za avanturu
prosuo je nežni purpur
divlji badem.

Poneli nas vetrovi k'o maslacke.
Jedni su leteli lako, drugi padali.

I curice su postale prve macke
a loši djaci odjednom svetom vladali.

Sve mi je odlicno zvucalo.
Dobro sam stajao tih sezona.
Ljuljale mo oci širom
promenade.

A nju sam sretao slucajno,
uvek je s pogrešnim bila ona,
ali znao sam da sanja
onaj badem.

Stane sve u strofu-dve u baladi:
pustinja prošlih minuta i ova zrna sad.

I pred treci refren vec nismo mladi.
Ušla je nedavno sama u kafe "Petrograd".

Suviše tajni u ocima,
u zlati okov joj prstic pao.
Molio me dugi pogled
da je kradem.

Dovraga, kafa je gorcila,
al' taj sam ukus odnekud znao:
probao sam jednom davno
divlji badem.



Да пише тој/таа на кој/а ова не му/и удрило во душа,
иако тоа е доста глупаво прашање за било која песна на Џоле.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.959
Поени од реакции
12.377
Секоја им чест на тие кои ги поставиле концертиве:


 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.959
Поени од реакции
12.377

Зарем постои доволно голем портрет во кој би можеле да се насликаат животот и делата на Џоле ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom