Кој е најпознатиот антихрист на форумов?

  • Креатор на темата Креатор на темата Donald Sikert
  • Време на започнување Време на започнување

Koj e "Najpoznatiot" Antihrist na Forumov :)

  • Вкупно гласачи
    109
I respectfully disagree with the boldfaced. Една работа е да се тврди дека, „според она што сум го видел, научил, дознал, прочитал во релевантни извори, нема никакви докази дека Бог постои.“ Мене ова ми изгледа како одмерено и разумно тврдење. А да се тврди дека Бог сигурно не постои, или постои само во главите и имагинацијата на простите, заведените, православните, „рисјаните“...е сосема поинаку.
ќе направам обратна логика од твојата.
Иако ни сум чул, ни сум видел, ни науката може да потврди, СЕПАК бог постои и тоа само мојот бог и не само мојот туку и мојата варијанта на бог (различни деноминации). И тоа можам да го докажам преку личен опит.
Што тврдење е ова ако не е имагинација во нечија глава?
 
Мене ништо не трба да ми докажуваш -- јас не сум тој кој бара докази. ;) Јас се залагам за слобода на верување. Дали постојат реални духовни, спиритуални искуства и состојби? Или се само имагинација? Ако го тврдиш второво, тука ќе го завршиме муабетот.
 
Јас тоа не го реков, ниту пак пробав да докажувам.
Само споредив два става.
 
Јас тоа не го реков, ниту пак пробав да докажувам.
Само споредив два става.

Јас пак насетувам теза во твојата споредба -- дека секое религиозно чувство е плод на чиста имагинација.;)
 
Јас пак насетувам теза во твојата споредба -- дека секое религиозно чувство е плод на чиста имагинација.;)
Не, грешка си.
Тврдењето дека бог постои е плод на имагинација, онака како што опишав претходно
Исто како тврдењето дека фк од с. свирипичино е бољи од Ливерпул
 
Не, грешка си.
Тврдењето дека бог постои е плод на имагинација

Се согласуваме. Јас верувам дека Бог постои. Не тврдам и не можам да тврдам. Примерот со свирипичино го додаде за уметнички дојам?
 
:D Атеизамов ми е едно големо НИШТО , ете каде е органиченоста , можат да бидат како коректори , да бараат неправилности во религиите и пак да останат на едно erase.

А тоа со науката нема везе со атеизмот :pos:, како што темна материја и темна енергија - според законите на природата се невoзможни да се детектираат и се хипотезирани.Исто као добар дел од дефинициите за Бог.
Значи науката верува во нешто што неможе да го докаже.

Fuckin' EPIC:P
U got it all wrong.

Науката не верува. Науката докажува или порекнува. Науката е крајно објективна и се обидува да генерализира. По генерализацијата, се актуелизира тековната објективна научна вистина, која, секако, не е апсолутна. Таа е тековно најобјективна.

Атеизмот, од друга страна, не се занимава со нешто или ништо, ниту тврди нешто за универзумот и науката. Атеизмот е едноставно состојба на свест која порекнува постоење на богови и божества.

Еден атеист може да тврди смисолот на животот е јаболко, друг дека е секс, трет дека е да чиниш добрини на другите, а десетти дека треба да играш што е можно повеќе WoW. Она во што сите овие десетмина со сигурност ќе се сложат е дека Бог или богови не постојат. ТОЛКУ.

Се' друго кое ти ќе им го прилепиш на атеистите - ќе згрешиш!

Не знам дали ме разбираш?
--- надополнето: Sep 1, 2011 11:40 AM ---
A зашто атеистите не можат да бидат ограничени, вклучително и купот на форумов? Зашто атеистите кои со сигурност тврдат дека не постои Бог не би можеле да бидат ограничени? Дали и зошто ограниченоста не може да биде карактеристика на атеистите? Зошто атеистичкиот светоглед се претставува како bullet proof?
Секако дека може. Атеизмот не те апсолвира од глупост. Атеизмот не апсолвира од идиотлук, дебилијада или поганост. Атеизмот сам по себе не проширува видици.

Атеизмот едноставно ги отрла религиозните догми. Понатаму, кој за што учел.
 
Прашањата беа реторички -- се провлекува теза дека атеизмот е априори бољи од теизмот. А не е.
 
Прашањата беа реторички -- се провлекува теза дека атеизмот е априори бољи од теизмот. А не е.
Опозицијата Теизам-Атеизам е опозиција од типот рационално-ирационално. Не е опозиција на добро-лошо.

Лично, јас не верувам дека постојат добри или лоши луѓе - постојат ситуации во кои човекот ќе се понесе добро или лошо. Оттаму, постојат верници кои се однесуваат (во просек) добро и од оние другите. За атеистите важи истото.

Ние не пишуваме тука на оумов (барем јас) за тоа што е боље. Пишуваме за тоа што има смисол, а што нема смисол. Што е веродостојно, објективно, рационално, а што е исконструирано, субјективно и ирационално.

Теизмот, според мене, е ирационален.
 
Прашањата беа реторички -- се провлекува теза дека атеизмот е априори бољи од теизмот. А не е.
Се провлекува и обратната, дека теизмот е бољи од атеизмот, сигурно си заприметил.
 
Опозицијата Теизам-Атеизам е опозиција од типот рационално-ирационално. Не е опозиција на добро-лошо.

Лично, јас не верувам дека постојат добри или лоши луѓе - постојат ситуации во кои човекот ќе се понесе добро или лошо. Оттаму, постојат верници кои се однесуваат (во просек) добро и од оние другите. За атеистите важи истото.

Ние не пишуваме тука на оумов (барем јас) за тоа што е боље. Пишуваме за тоа што има смисол, а што нема смисол. Што е веродостојно, објективно, рационално, а што е исконструирано, субјективно и ирационално.

Теизмот, според мене, е ирационален.

Ни јас не се замарам со категоризации дорби/лоши, ниту пак тврдам дека религиозноста или верата се единствени патишта. Но, информираноста е битен критериум и важи и за едните и за другите. Во акдемските кругови (кои се ваљда најинформирани) огромното мнозинство е атеистичко. Но, има и милитантни, неписмени, агресивни атеисти. Сум сретнал нивни постови на форумов.

Смисол е малку заебана категорија со многу варијабли, така да да го оставиме овој концепт на страна.

Ако зборуваш за научна фундираност, тогаш секако, атеизмот (оној информираниот!) е рационален и докажлив. Теизмот (и најинформираниот!) е, конечно ирационален. Ова никогаш не сум го спорел.
--- надополнето: Sep 1, 2011 12:18 PM ---
Ама веруваш зашто некој претходно тврдел дека постои?

Не, туку поради сопствен опит. Може?
 
Мене ништо не трба да ми докажуваш -- јас не сум тој кој бара докази. ;) Јас се залагам за слобода на верување. Дали постојат реални духовни, спиритуални искуства и состојби? Или се само имагинација? Ако го тврдиш второво, тука ќе го завршиме муабетот.
Не се работи за имагинација, туку јас би рекол, за погрешна перцепција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom