Форлан според документацијата е дојден ко слободен играч ама ако добро разбрав Атлетико му дужеле 5м евра па Интер се согласиле истите да му ги дадат, така да Интер е у минус од 5 милиони евра, и од минус од 7.7 со ангажманот на Зарате, што значи во плус се од 19.3 милиони евра по продажбата на Ето ( ако се одземат овие 7.7 од она што го инкасираа од камерунецов ).
Ето е продаден 21+бонуси 25 ,Форлан не е слободен 5 милиони е, Зарате 2,7 за позајмица ова е според Газета.
Плус ова лето купени Алварез 8 мил+бонуси
Џонатан 5,5 мил
Нагатомо 6,5 мил + 2 играчи не ми текнува кои.
Грешка Ето е 25+2мил бонуси http://www.gazzetta.it/Calciomercato/23-08-2011/addio-eto-o-802558111014.shtml
Сега, откако пропаднаа сите обиди да го ангажираме Паласио па мораме да се задоволиме со Зарате
20 години ме малтретираат ама ова не им го заборавам
да пишам збор два за засилувањата и очекувањата. За играчите кои си ги имавме и лани нема потреба да пишуваме, зошто имавме цела година да им пцуеме се до трето колено. Како и да е, новите играчи се оние кои можат да го издигнат клубот повисоко, ако се покажат во најдобро светло.
Диего Форлан.
Еден од моите омилени играчи. Пресреќен сум што го зедовме. Се надевам ќе го видиме во елементот од светското првенство. Не ми сметаат годините, доволно е да одигра една добра сезона. Играч кој е постигнува голови и асистира и може да игра на повеќе позиции. Жеден за докажување во голем клуб што би било круна на неговата кариера. Доби голема поддршка од Алваро Рекоба, нешто што ни избега денес пошто бевме нервози со трансфер пазарот.
Мауро факин Зарате идна легенда на Интер!
Тоа што дојде Зарате а не Паласио го прави трансферот нешто посебно. Помлад, подобар, гладен за голови. Може да игра и крилно и централно, брз е и често ги праќа противничките фудбалери да берат јаготки. Се надевам дека ќе започне во Интер како што започна во Лацио, со серија од феноменални голови кои го свртеа тогаш вниманието на целата лига кон него. За Интер е важен трансфер затоа што ја врати довербата кај навивачите. Потребен ни беше напаѓач кој ќе игра а не напаѓач за клупа, и добро е што бидна ова. Форлан и Зарате заедно не се помалку од Ето и Пандев, се надевам тоа ќе го докажат во пракса.
Лук Скајвокер Кастињос
Детево има инстинкт на убиец. Билив ју ми! На пријателските натпревари покажа колку малку му фали за да ја затресе мрежата. Не знам како игра со топка, некаде пишуваше дека природна позиција му е надворешен напаѓач, но од она малку што го видов, ми изгледа како егзекутор. Се надевам дека ќе има минутажа да се докаже.
Општо за нападот:
Мислам дека со Форлан, Зарате, Пацини, Милито и Кастињос имаме доволно материјал за да играме формација со 3 напаѓачи, ќе има 2 резерви на клупатата за ротации. Исто така, Форлан и Зарате ќе му дадат на Гасперини разни тактички можности. Она што е важно во овој напад е што имаме играчи од потег, играчи кои можат да се пробијат во 16м и кои ќе ја држат противничката одбрана на ред алерт. Во споредба со нападот лани, во кој го имавме разиграниот Ето но и Милито вон форма и Пандев обично далеку од голот, сега имаме многу поофанзивен строј кој би требало да се искористи.
Рики Алварез
Не знам дали да го сместам во нападот или во средината, мислам дека покрај толку напаѓачи нема да добие претерано офанзивна улога. Не покажа многу во пријателските, се надевам дека ќе почне да го оправдува трансферот. Сеуште е импресиониран од тимот, треба да се ослободи, по принципот „Биди опуштен, да не бидеш отпуштен“. Очајно ни е потребна промена во средината и во него и во Оби гледам свежа крв.
Андреа Поли
Беше ѕвезда во подем, но прво му се случи повредата а потоа прецедникот на Самп ги продаде Пацини и Касано, го зеде Бљабљани и го однесе тимот во Сериа Б. Во секој случај, талентот е тука, дали ќе се наметне останува да видиме.
Родриго Алборно
Немам појма за овој.
Џонатан со неколку презимиња
Ни за овој.
Лука Калдирола
Нешто чудно се случува со поранешниот капитен на Примавера, го снема од радарот. Во одбраната на Интер може да игра само епизодна улога.
Марко Давиде Фараони
Матрикс вода ќе му носи на овој. Кока кола е за Сантон, не е ова со потценување кон вториот многу ми е жал што не се наметна, веројатно не можеше да се справи со притисокот во Интер. Changes everything, the pressure. Како и да е, ќе добива повремени шанси, ако игра како на пријателските, сигурно ова ќе биде значајна сезона за него во Интер.
Емилијано Вивиано
Жал ми е што нема да остане подолго во Интер. Човекот не сака да биде замена, па можеби е и подобро откако ќе се опорави од повредата да замине во клуб каде ќе биде број 1. Ќе беше подобро за Syn да останеше, вака ќе може само да пцуе по Цезар а алтернатива нема
Гасперини
И на крај, се се сведува на овој младич. Во екипа со 10 засилувања, тој мора да најде вистински формации, вистинска тактика и 7-8 играчи врз кои ќе ја изгради играта. Времето безмилосно си тече а факт е дека Интер не е подготвен и сосема е можно да имаме многу проблеми во првиве два месеци. Гасперини ќе треба да го стабилизира бродот. Експериментот со 3 дефанзивци може да го прослави или поверојатно, да му ги спакува куферите. Се надевам дека ќе изгради тактика врз основа на фудбалерите кои ги има на располагање, дека ќе игра офанзивно и храбро и ќе не направи среќни. Од него зависи најмногу.
Мора да сме свесни дека немаме најдобра екипа во лигата, а заостануваме и во подготовките. Но мислам дека можеме да бидеме компетитивни и дека ќе го направиме првенството интересно. За толку имаме и тим, а имаме и клупа. Мора да заборавиме на сите проблеми и да му дадеме поддршка на тимот во желбата да ги уништи Сасуке и Марли.
Солиден пост Иосоно, поготово таму кај Вивијано, завршниот дел , aли го оправдувам неговото заминување од тимов со оглед дека ќе доаѓа Куцка иако судбината упорно го буткаше тука, прво ради фејлот од грешка на Болоња кога ја даваа документацијата за негов трансфер и се избрукаа иначе нивни играч ќе беше, и после по договорот со Леверкузен за негов премин таму он се повреди ...
За Цезар си кажав ја, сезона без киксови немал, он гарант и нареднава година ќе кикснуе али for the love of God нека го прави тоа кога победите ќе бидат осигурани или на старт од мечеви кога играат против чкљ екипи, не ко со Баерн лани, и знаеме дека блиску живее до стадионот, тоа со идењето пешки више не поминува, уствари после гужвине по утакмица и побрзо дома пешки стигал отколку со кола, true story.
Алборно иначе е крилен играл и идол му е Кристијано Роналдо, значи таков циркузантски фудбал сака да преферира, моментално ќе биде дел од примавера тимот, можно е во иднина да биде префрлен и во првиот тим, тоа му е и приоритет број 1 моментално.
Мене ме радува тоа што сега со Форлан и Зарате имаме играчи од потег каде што можат да ја решат утакмицата во секој момент...кога и тука би го вклучиле Алаварез тогаш Гасперсон можи слободно играта да ја постави преку контри(што не беше случај порано) и плус средниот ред добива на креативност...(јас искрено од Алварез очекувам многу)..ако не заборавите тука е и Снајдер..дада не е заминат во Манчестер и сеуште сме колку толку конкурентни кога тој е дел од нашата екипа..е сега имаме некојд руг проблем а тој е одбраната..сите знаеме дека Самуел неможи да биди на такво ниво од историската сезона..Ранокија сеуште е млад,слаб и неискусен а Лусио е тромав..кога веќе би ги додале Киву и Мајкон тогаш уште отсега да си нарачаме апчиња за смирвање и нов мебел низ куќа знајќи какви глупости можат да прават овие двајца....за пензионерите Камби/Занети и Станкович одамна се имам изјаснато дека тие се негативната страна во овој тим бидејќи од нив патиме сеуште во играта...а за крилата и нападот немам некои замерки....е сега се зависи од Гасперсон како ќе ја постави играта и како ќе се понашаат играчите на теренот....
Не го заборавајте и Оби,мислам дека има капацитет за во прв тим така да очекувам многу од него оваа сезона! За нападот нема шанси да имаме проблеми,Форлан,Пацини, и Зарате ке бидат најголема оспаснот за сите противнички екипи и мислам дека ке бидеме екипа со највеќе дадени голови!Кратко и јасно,очекувам титулата да остане во Милано али овој пат во сино црниот дел
Не го заборавајте и Оби,мислам дека има капацитет за во прв тим така да очекувам многу од него оваа сезона! За нападот нема шанси да имаме проблеми,Форлан,Пацини, и Лавеци ке бидат најголема оспаснот за сите противнички екипи и мислам дека ке бидеме екипа со највеќе дадени голови!Кратко и јасно,очекувам титулата да остане во Милано али овој пат во сино црниот дел
Што е, тука е. Неам инспирација за пишување, се што мислев заборавив со доаѓањето на Зарате.
Туку, за примавера тимот и поразот:
Натпреварувањто дозволува 3 играчи од 1992 година, останатите мора да бидат 1993 или постари.
Во примавера тимот на Интер, подобрите и поголемиот дел од играчите се 1992 година.
Еве од кои играчи мора да се бираат тројца:
1.Benedetti, Kysela, Manini, Natalino, Biraghi, DellAgnello, Jirasek, Knasmullner, Lussardi, Tallo, Thiam.
(Барди голманчето замина во Ливорно)
Еве ги играчите кои настапиле и кои биле повикани: Inter (4-3-1-2): 1 Cincilla; 2 Giannetti, 5 Bianchetti, 4 Spendlhofer (16 Mella 61), 3 Falasca; 8 Romanò (capt.), 6 Pecorini, 11 Duncan; 7 Candido (13 Kysela 29); 9 Terrani (18 Vojtus 45), 10 Bessa. Unused subs: 12 Melgrati, 14 Benassi, 15 Alborno, 17 Galimberti. Coach: A. Stramaccioni.
За Џонатан да напишам прогласуван е за најдобар десен бек на Бразил 2008 и 2009 потоа се повреди и му падна цена не играше многу последната сезона затоа и го земавме лесно.
Посебно го фалат дека офанзивата му е добра страна.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.