ПОМАЛ IQ ЗА САМОУБИСТВО
Кој би рекол дека нискиот коефициент на интелигенција го зголемува ризикот за самоубиство?
Во најголемата студија од ваков вид досега, тим на истражувачи анализираа медицински записи за повеќе од еден милион луѓе од минатите 24 и повеќе години и ги споредија стапките на прием во болница поради обиди за самоубиство, наспроти IQ скорот. Откако беа земени во предвид фактите како возраст и социекономски статус, кај мажите со помали IQ резултати беше значајно поголема веројатноста за обид за самоубиство. Наодите се објавени во
British Medical Journal.
“Откривме јасна поврзаност помеѓу количникот на интелигенција и обидите за самоубиство во оваа група на мажи. Како и кај претходните, помали истражувања, ние покажавме дека мажите со пониски резултати на тестовите за интелигенција подложат на значително поголем ризик за обид за самоубиство отколку мажите со повисок IQ,” изјави истражувачот Дејвид Бети. Тој продолжува понатаму да укажува на можните објаснувања кои можат да ја поддржат оваа поврзаност.
Најпрвин, нискиот коефициент на интелигенција претендира да биде во корелација со понискиот социоекономски статус и приходот. Затоа поединците со понизок IQ може да доживеат повеќе социјални и финансиски неповолности, што води до зголемување на суицидалните идеи и однесувања. Нискиот коефициент на интелигенција исто така беше поврзан со однесувања неповолни за здравјето, како претерано пиење, што исто така го зголемува ризикот за самоубиство. Сепак, Бети вели дека овие фактори не може целосно да ги објаснат забележаните врски.
Исто така, тој претпоставува дека IQ може да влијае на способноста на личноста да се справи со стресни ситуации или трауматични настани. Други истражувања укажуваат дека луѓето со повисока интелигенција се поотпорни на стресот. Воедно, поединците со пониска интелигенција може да имаат помали способности за решавање на проблеми, а во кризни времиња им е тешко да се соочат со своите проблеми.
Друго можно објаснување, иако истражувачите не можеа да го испитаат подлабоко, е улогата на насилството во детството. Изложеноста на насилство во детството, директно или индиректно како сведок, влијае врз коефициентот на интелигенција, академските постигнувања и идниот ризик за самоубиство или суцидни идеи.
“Самоубиството, било во обид или извршено, е сериозен проблем, особено во раната зрелост, но релативно малку е откриено за причините кои ја водат личноста да се одлучи за така драстична акција,” вели помошникот во истражувањето Елис Вајтли. “Ако можеме подобро да ја разбереме поврзаноста помеѓу коефициентот на интелигенција и самоубиството, тоа би овозможило корисен увид во причините зошто некои луѓе прават толку трагична одлука да си го одземат животот.