Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Муабетот ми беше дали после 30ти кога ќе излезат конечните (за повисоките години, не за бруцошите) треба да се носат некои документи и кои?

http://smestuvanje.mon.gov.mk/PotrebniDokumenti.aspx На линкот ги имаш потребните документи...слушнав дека треба да се носи фотокопија од личните карти на жирантите ,а таа изјавата која што треба да ја потпишат не ја најдов во потребните документи.....Дај некој од повисоките години нека објасни што како..
Еден мој постар пост на истава тема

aко веќе си примен/а

ти треба тој документот од интернет за жиранти
фотокопии од личните карти на жирантите
меница од 100 денари
документите што се купуваат на влезот во студентскиот (околу 200 денари)
пари за да уплатиш прва рата и уште некои трошоци (во Гоце околу 3.700 двете уплатници)
сето тоа го пополнуваш, средуваш и ги носиш кај управникот најверојатно
три слики со големина на пасош
индекс и лична карта

ако ми текнит уште нешто ќе пишам ама мислам дека само ова беше

Ова за обврската за жиранти, сликите, меницата го објавуваа секоја година после конечните резултати
 
@ Alex The_Great Ова со жирантиве, може да бидат било кои двајца (вработени) кои ќе дадат согласност?
 
@ Alex The_Great Ова со жирантиве, може да бидат било кои двајца (вработени) кои ќе дадат согласност?

Не сум чул проблем некому да настанал заради жирантите, така да би требало било кои двајца вработени исто како в банка кога земаш кредит :)
 
Сиве овие изјави кои се потребни за семејна положба, за подмирени трошоци во студентскиот итн. се пополнуваат таму на денот на доставување, од студентскиот ги добиваш за пополнување или..??
 
Сиве овие изјави кои се потребни за семејна положба, за подмирени трошоци во студентскиот итн. се пополнуваат таму на денот на доставување, од студентскиот ги добиваш за пополнување или..??

Море си ја отворил некогаш странава?
Кликаш на линкојте и ги спушташ и ги печатиш сите тие изјавите и си ги пополнуваш дома, в двор, кај ти е поарно и ги носиш пополнети.
 
Море си ја отворил некогаш странава?
Кликаш на линкојте и ги спушташ и ги печатиш сите тие изјавите и си ги пополнуваш дома, в двор, кај ти е поарно и ги носиш пополнети.

Зошто пак истиве да се носат во домот , нели овие ги дававме у Кузман.
Утре ли конечни резултати ќе излезат? или ќе одмораат за празникот :D
 
Ja да прашам, пак се носи ли потврда за редовен студент откога ќе излезат конечните резултати. Ај пишете пошо заборавив од лани како беше.
 
Зошто пак истиве да се носат во домот , нели овие ги дававме у Кузман.
Утре ли конечни резултати ќе излезат? или ќе одмораат за празникот :D

Море тие документи се за пријавување, не знам вие бруцошите кога сте ги однесле, мислев дека не ви се однесени.

За вселување има еден пост мој на страна 62, една страна поназад од оваа:
Пост 930
 
И чаре за тие шо не се најдоја на списокот? Има такви? Или само јас сум? Има надеж за жалба или?
 
И чаре за тие шо не се најдоја на списокот? Има такви? Или само јас сум? Има надеж за жалба или?
Kaj виде резултати, уште нема објавено ? Ако те нема приговор ќе поднесиш, ја лани поднесов и на никој не реков и ме примија.
 
Абе збунка ми напраја од сабајлечки,јас само видов резултати и отворив,то ти било уште прелиминарните за повисоките години,лажна тревога,ама фала сепак,да си знам :)
 
Каде треба да се најде тоа документот сто беше за Обрска на жирантите ??
--- надополнето: Aug 30, 2011 3:17 PM ---
Забораив да писам дека го имам но оној од пред 2г што беше...незнам дали и лани беше истиот и оваа година?
 
Јас најдов на страната на Пелагонија во делот сместување - потребни документи http://www.dsdpelagonija.mk/
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom