Успех или љубов?

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
:duel: Кога се одвива борба помеѓу желбата за успех и желбата за љубов?
Пример!
Ви се отвара можност за ново работно место, или добиваш стипендија за во друга држава.Тоа е се што си посакувал и си работел за тоа, но...За време на процесот се заљубуваш во некој, имаш сериозна врска и се тоа.Дали ќе ја ризикуваш љубовта или не?:wub:
Емоции од таков тип не можат да ми застанат до таков успех, одма носам калкулирана одлука да се прекине везата и идемо даље.
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14
Мислам дека успехот би требало да е на прво место, што знам зависи од понудата... Дечко ко дечко секогаш ќе дојде нареден, не ни верувам дека постои нешто ко ''Господин Вистински'', после да се случи нешто како да ме остаи или изнереври или нз нешто слично, па ќе трескам глава што сум ја пропуштила можноста, но така мислам сега може ќе сменам мислење за неколку години :)
 
Член од
5 февруари 2010
Мислења
290
Поени од реакции
58
Секогаш се водам според тоа дека вистинската љубов се случува само еднаш во животот. Вистинската личност е онаа која ќе те подржи во секоја твоја одлука без разлика на се и ќе те сака безусловно. Ако ти се пружи шанса за постигнување поголем успех на професионален план и ти тоа го сметаш за правилна и вистинска одлука, саканата личност треба максимално да те подржи во тоа (што се очекува и од твоја страна доколку нему му се пружи истото). Доколку на патот од тоа искуство наидете на проблеми во врската/бракот од типот на недоверба, егоизам, нетолеранција и сл. тогаш нормално е дека ќе има и такви последици кои би можеле да му наштетат на вашиот взаемен однос. Вистинската личност никогаш не би ве ставала во ситуација да избирате, туку би верувала во вас, би ви укажувала на грешките и секогаш би била до вас доколку паднете поради некоја ваша погрешна одлука. Со зрел пристап и компромис меѓу партнерите се може да се постигне, во спротивно кога и да е и без разлика на кој начин синџирот кој постои меѓу нив ќе се раскине или барем не би било она што вистински би требало да биде.
 
Член од
15 јуни 2011
Мислења
62
Поени од реакции
14
A od kaj bi znaela jas deka toj e vistinskiot??? cesto se slucuva da mislime deka "toj e vistinskiot" a potoa da izleze najgolem kreten...da sum bila vo takva situacija koga nemozev da si poveruvam deka konecno ja pronajdov svojata srodna dusa pa izleze deka ni odblizu ne bilo taka....mislam deka bi ja izbrala rabotata ako toj me saka i ako ni bilo sudeno ke bideme zaedno ako ne koga veke ke stanam uspesna licnost ke imam i podobri priliki da si go najdam vistinskiot :)))
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
569
Поени од реакции
339
Емоции од таков тип не можат да ми застанат до таков успех, одма носам калкулирана одлука да се прекине везата и идемо даље.
Во потполност се согласувам со тебе :) секогаш постои надеж за нова љубов но ретко кој ќе ти даде можност за успешна кариер. Јас лично не би ризикувала да бидам со некој кој можеби утре ќе ме фрли како стара искористена крпа и после ке си лупам глава од ѕид.... Кариерата на прво место
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
:duel: Кога се одвива борба помеѓу желбата за успех и желбата за љубов?
Пример!
Ви се отвара можност за ново работно место, или добиваш стипендија за во друга држава.Тоа е се што си посакувал и си работел за тоа, но...За време на процесот се заљубуваш во некој, имаш сериозна врска и се тоа.Дали ќе ја ризикуваш љубовта или не?:wub:
Зошто љубовта би те спречила во нешто, а исто така зошто тоа нешто би ја спречило љубовта меѓу двајца? Со доволно меѓусебно разбирање може да ги имаш и двете. Ако не, барем знаеш дека не бил/а вистинскиот/а за тебе. Ако некоја личност доволно те сака, ќе и` биде мило да успееш и ќе стои покрај тебе да те поттикне да си го оствариш сонот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Џ.
С

Сатори

Гостин

Бобо не секогаш е прашање на тоа дали личноста ќе биде задоволна за твојот успех, понекогаш тоа е премногу да се бара од луѓето, не на сите им е во природа.
Многу повеќе е прашање на местоположба. :)
Не можеш да градиш врска на далечина, исто како што не можеш понекогаш да се ризикуваш себе за нас.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Бобо не секогаш е прашање на тоа дали личноста ќе биде задоволна за твојот успех, понекогаш тоа е премногу да се бара од луѓето, не на сите им е во природа.
Многу повеќе е прашање на местоположба. :)
Не можеш да градиш врска на далечина, исто како што не можеш понекогаш да се ризикуваш себе за нас.
Мислев дека правиме муабет за сериозна врска. Врска со личност на која можеш да и` довериш и живот. Знаеш нели де...онаа вистинската личност која ја бараме целиот живот. Ме сфаќаш? Онаа личност со која функционираш како едно, која те исполнува со самата помисла дека постои и знаеш дека таа се радува што постоиш...No matter if you're faaaaaaar beyond the horizon...Ако ја најдеш таа личност, ќе ти биде мило да успее па и далеку од тебе.
 
Ќе ти биде мило да успее, ама нема да биде со тебе додека успеваш, затоа што ќе бидеш далеку од неа. :)
By the way, I did try that.Epic fail.Сериозната врска, далбоката љубов и жртвувањето на сопствените амбиции за некој.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.942
Поени од реакции
1.750
Ќе ти биде мило да успее, ама нема да биде со тебе додека успеваш, затоа што ќе бидеш далеку од неа. :)
By the way, I did try that.Epic fail.Сериозната врска, далбоката љубов и жртвувањето на сопствените амбиции за некој.
Пак јас и ти со спротиставени ставови а? Ми лајки:)

Моите лични ставови велат дека далечината е само простор кој можеш да го совладаш многу лесно. Знам дека е многу да бараш од некого такво нешто, ама убавината е да не побараш ништо, а да добиеш. И јас би бил среќен да знам дека „мојата Елиза“ е среќна што си го исполнила својот сон, па макар била и светлосни години оддалечена од мене.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.829
Поени од реакции
8.850
:duel: Кога се одвива борба помеѓу желбата за успех и желбата за љубов?
Пример!
Ви се отвара можност за ново работно место, или добиваш стипендија за во друга држава.Тоа е се што си посакувал и си работел за тоа, но...За време на процесот се заљубуваш во некој, имаш сериозна врска и се тоа.Дали ќе ја ризикуваш љубовта или не?:wub:
Нема да останам заради некого некаде. Ако е доволно голема таа љубов, ќе издржи. Или тој ќе дојде кај мене, сеедно.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Многу повеќе е прашање на местоположба. :)
Не можеш да градиш врска на далечина, исто како што не можеш понекогаш да се ризикуваш себе за нас.
gresis moze, mojata (y) kako uspeva ne znaci ako e nevozmozno deka ne e neostvarlivo,
vazno e dali taa te saka samo toa e vazno.. a moze da ti e tuka pa i da ti se preprava..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom