Се за Армијата и Специјалните единици во Армијата

Калаш бре !! Ова емкава да влезе малце прашинка во цевката ќе се запуши .. Калаш и прашинка и све ќе однесе .. :icon_lol:
 
И исфрлен, пак звукот ќе го слушам од комшииве така да нема да ми фали баш :icon_mrgr:
 
оф мори мајко... прво укинаа редовна војска па сеа на „помодерни“ пушки се одлучија.. 10 пати поскапо ке ги кошта за разлика од калашот кој досега покажал одлични резултсти и сеуште покажува одлични резултати..
неможам ова никако логички да си го објаснам! значи имаш истестирана пушка Светски фалена и позната и ти купуваш нови пушки ( мачка во вреќа ) затоа што калашниковите требале да се исфрлат од употреба. а никаде не пишува со која причина ги менуваат? демек модернизација прават? абе ајде... за време на војната во виетнам цел свет знае дека американците ако убиеле противник ја фрлале соопствената пушка и ги земале калашниковите затоа што биле 10 пати подобри него нивните м-ки или шо и да имале... малце ако се загрее пушката укочува и не пука па мочале по нив за да ги ладат ( ова го има и на еден филм кој е базиран на вистинска приказна исто така за виетнам ). и едно прашање.. Дали воопшто оваа пушка може да пука под вода ??? - мн битен фактор !
 
Едино познавање од пушки ми е од видео игрите и од неколку документарни емисии на дискавери (во кои се споредуваше калашот и колтов ,и во сеќавање ми остана дека калашов имал помала прецизност али многу поголема разорност), во рака сум држел едино ловџиска и воздушна(само со неа сум пукал) , значи некој тип на табула раса сум за оружје , но што ми беше зборов , не гледам некоја потреба од ова освен перење на пари... Слободно нека ме демантира некој,и да ја посочи потребата на ваквиов потег.
 
Слободно нека ме демантира некој,и да ја посочи потребата на ваквиов потег.
Што треба подновување на воениот арсенал на АРМ треба, ама потегов е само за да и се помогне на исцрпената американска економија. И очекувајте уште многу вакви тендери со кои ќе се модернизира армијата. Сепак партијата што го доби ова министерство, го доби како компензација за транспорт и врски. И не за џабе ставија економист за министер.:cenzura:
 
Што треба подновување на воениот арсенал на АРМ треба, ама потегов е само за да и се помогне на исцрпената американска економија. И очекувајте уште многу вакви тендери со кои ќе се модернизира армијата. Сепак партијата што го доби ова министерство, го доби како компензација за транспорт и врски. И не за џабе ставија економист за министер.:cenzura:
абе , незнам од каде ми текна метафорава но ако патиките не ти се удобни , ти сигурно нема да ги смениш само врвките ? Или во најмала рака да почниш од врвките...
 
абе , незнам од каде ми текна метафорава но ако патиките не ти се удобни , ти сигурно нема да ги смениш само врвките ? Или во најмала рака да почниш од врвките...
Особено ако врвките се добри. Се согласувам дека има многу поприоритетни работи што треба да се набават во армијата. Сите знаеме што ни фалеше во 2001 и повторно 10 години подоцна сме скоро на истите позиции.
 
na koj isti pozicii ., i podolu sme od toa shto e potrebno a za isfrlanjeto na kalashot od upotreba., ., vo kontakti so nekoi prijateli shto bile vo avganistan amerive za vreme na nekoi akcii gi zimale a m16 ja frlale dodeka se prepucavale ., a i vo istoriskite arhivi za vojnata vo vietnam stojat mnogu svedoshtva za upotreba na kalashot od strana na amerite., sram da im e ., chist biznis(n):coffee:
 
Да се модернизираат само специјалните единици со емки - ај како ми како. Полесна е, имаш подобра агилност, помал трзај и поголема брзина на палба. Али целокупно да се исфрли ''калашот'' - не ќе е на арно. Смрди на некоја превара...
 
Подобро би им било да купеле ХК 416 има многу подобри перформаси, односно е спојка на м4 и м16 затоа е 416, хеклер и кох по барање на Американците ги поправиле недостатоците на м4 и м16

 
Само уште да беа нашиве АК47 или 74 па да правевме муабет.. Тхат ис факинг Застава м70
Застава е лиценцирана копија на АК 47... шо во превод значи дека е исти курац, исто паковање. Различна земја на производство.
 
Застава е лиценцирана копија на АК 47... шо во превод значи дека е исти курац, исто паковање. Различна земја на производство.
така е . си видел една си ги видел сите. компатибилни се барем така сум слушнал.
и најбитно не е до пушката толку колку до офицерите. како не учеа во војска. со снајпер го киниш офицерот и војската ке трча како мува без глава.
 
од сеа пиштоли на кабзи,вода, дијаболи... Пушки исто така.. Калашникови , емки , тешка артилерија , бомби и се друго ќе се исфрли од употреба. Ножевите ќе ги замениме со џебни ножеви исто така ... И то е то..
 
Заменија неуништливо парче оружје што направи револуција во делот на јуришните пушки и има издржливост да пука и да не заглавува под ниту еден тежок удар на природата и човекот. Можеш да ја ставиш во вода, снег, оган, прашина итн. и пак да пука нормално. Американскава е срање од пушка. Слична на М16, која патем Американските војници ја користеа во Виетнам и која на секое рафално пукање им заглавуваше и неможеа да се борат, а не верувам дека и оваа е нешто подобра. FAIL!
--- надополнето: Aug 30, 2011 11:10 AM ---

Не е ова FAIL на пушката, до тапациве е, сигурно не знаат да ја склопат како што треба и затоа им излетаа деловите. А плус тоа има 100 верзии на AK-47 кои се произведуваат во други држави како Кина, Романија, Украина итн. кои го немаат истиот квалитет како оригиналот произведен од Русија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom