Значи вака.
Имав мала сообраќајка. Накратко мојата штета 150 евра, на другата странка уште помала. Полицијата не убедува да се договориме и да завршиме работа со „европски образец„, каде што јас преземам одговорност за удесот. Другата странка инсистира на полицијски извештај. Е сега, порано во таа ситуација двете странки го плаќаа тој извештај по 250 евра, со најновиот закон само странката што инсистира на него, плаќа 250 евра.
Мене ме интересира, под претпоставка да бидам на суд прогласен на виновен за сообраќајката, дали може тие 250 евра за записникот да ми ги натоварат мене.