Куќа од контејнери

  • Креатор на темата Креатор на темата Seniorita
  • Време на започнување Време на започнување

Seniorita

џм..
Член од
11 април 2011
Мислења
1.344
Поени од реакции
681
Возраст
32
Првата куќа од контејнери на Балканот никна во Штип!



nov_tipo_objekti.jpg
По неколкумесечно “копање“ по Интернет и деноноќни калкулации за најисплатлива варијанта, за неполна година во штипската населба Пребег никна уникатната еколошка куќа

Како да изградите куќа, а да не потрошите ниту една цигла или пак вреќа малтер? Како, пак, да помислите да инвестирате во нов дом со почетен буџет од 4.000 евра? Штипјанецот Влатко Зејтиников даде одговори на овие прашања со неодамна изградената прва еко-куќа на Балканот, направена од бродски контејнери.

По неколкумесечно “копање“ по Интернет и деноноќни калкулации за најисплатлива варијанта, за неполна година во штипската населба Пребег никна уникатната еколошка куќа. Иако навидум сличен на останатите, овој дом благодарение на неверојатните перформанси, веќе добива димензии на градежен феномен. Високата енергетска ефикасност, екстра малата тежина, а во исто време огромна носивост и издржливост, го прават овој дом не само пријатно и безбедно, туку и економично место за живеење.

Сопственикот Зејтиников вели дека најобичниот и најевтиниот бродски контејнер го претворил во неверојатно место за живеење.

“Куќата ја направив речиси сам, 90% од вложениот труд е мој. Пред да почнам со реализација не кажав никому, освен на сопругата. Идејата најпрво ми ја дефинираше длабочината на џебот. Ограничениот буџет ме натера два месеци деноноќно да пребарувам по Интернет.

Почнав да ги проучувам монтажните куќи на Хот и Хот, но сфатив дека тоа е прескапа инвестиција. Кога почнав да градам, тук-таму ќе се појавеше некој “аналитичар“ од страна за да фрли една доза скептицизам, ама таквите реакции ми даваа уште поголем стимул да издржам докрај.

На самиот почеток побарав совет од двајца архитекти, но ме одбија велејќи ми дека се работи за луда идеја. Потоа, ниту барав совети, ниту публицитет, а дури откако ја завршив куќата, сфатив дека сум направил голема работа. Накратко, во еден здив си изградив дом“, раскажува Зејтиников.

БЕТОНОТ ИМА ИЗДРЖЛИВОСТ ДО 100 ГОДИНИ, А МЕТАЛОТ ДО 1.000

Сопственикот на куќата од контејнери потенцира дека ваквите градби имаат неверојатно голема издржливост. Бетонската конструкција, вели, има рок на траење 100 години, 50 години до ферментирањето и потоа следува фазата на еродирање. За разлика од бетонот, пак, ако металот соодветно се заштити, има издржливост и до 1.000 години. Зејтиников објаснува дека во случајов, успеал оксидацијата да ја сведе на минимум.

КОЛКУ ЧИНИ “КОНТЕЈНЕР-КУЌАТА“?

Зејтиников за “Капитал“ раскажува дека изградбата на куќата ја почнал со 4.500 евра, колку што го чинеле трите бродски контејнери купени од отпад на старо железо. Вишокот материјал успеал да го препродаде, па карабината на куќата не го чинела ниту 4.000 евра. Кога ја поминал и фазата поставување прозорци, пресметал дека за целата куќа со зафатнина од 180 метри квадратни потрошил помалку од 35.000 евра.

ВИСОКА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

За просечна куќа од 100 метри квадратни потребни се околу 18 тони бетон, 35 тони песок, 60 тони цигла и 5 тони железо. Емисијата на јаглерод диоксид при градењето на оваа куќа би била 15 тони од бетонот, околу 8 тони од циглата и 6 тони од железото или вкупно 29 тони емисија на јаглерод диоксид. Во споредба со оваа градба, кога се гради со контејнери воопшто нема емисија на ова соединение, затоа што се употребуваат веќе користени контејнери подготвени за рециклирање.
 
За пофалба е снаодливоста не сопственикот, инаку низ светов куќи од контејнери се градат подолго време а пред подолго време гледав на дискавери имаше негде во западна европа (мислам дека беше Англија) имаше изградено дури цел комплекс од вакви згради :)
Едит: еве за што зборев :)
 
Термо изолација?

Првинг сунгер па една мрежа врз тоа па врз неа кнауф. Од лично искуство ти кажувам. Живеам во контејнер зграда одамна...
 
Првинг сунгер па една мрежа врз тоа па врз неа кнауф. Од лично искуство ти кажувам. Живеам во контејнер зграда одамна...
Сунгер и не е баш некоја многу добра изолација ама врши работа :Р Јас радо би ставил каменаволна :)
 
Сунгер и не е баш некоја многу добра изолација ама врши работа :Р Јас радо би ставил каменаволна :)

Е да, заборавив и тоа ставивме. Ептен изолиравме по дома и сеа е супер.
 
Кај еден обиект многу е битна изолацијата, бидејки со тоа се намалуваат значително трошоците при експлатација на истиот (сметки за греење, ладење и слично) Не сакам да се правам многу паметен ама тоа ми е до негде струка па затоа кога ќе почнам на ова тема може малце и да забегам со муабетот :)
А мене ме интересира кај може кај нас да се набави ваков онтејнер и колку пари би чинел еден ?
не сакам да глумам паметен ама имам размислувано многу на оваа тема, зошто мислам дека трошоците за конвенционалните градби се многу скапи а освен тоа има и многу отпад загадување потребно е многу време и слично, Па затоа сметам дека време е и во Македонија да се започне и со масовна изградба на вакви и слични градби.
Дури имам и идеа за отварање на фирма која би градела вакви и слични објекти :)
 
Во Велес има вака..само Два контејнери едно врз друго и од надвор нема ништо..а од натре изгледа им е изолацијата едно друго..и си седат луѓево..
 
Колку е ова безбедно од аспект на разни зрачења?

Инаку, жалосно каде не' води капитализмот. Наредно? Куќа од пластични шишиња?
--- надополнето: Aug 28, 2011 5:02 PM ---
А мене ме интересира кај може кај нас да се набави ваков онтејнер и колку пари би чинел еден ?
Штипјанецот кажува го чинело 1500 евра од контејнер.
 
Во Велес има вака..само Два контејнери едно врз друго и од надвор нема ништо..а од натре изгледа им е изолацијата едно друго..и си седат луѓево..
Kaде точно се наоѓа таа куќа во Велес? :)
 
А заштита од громови и уземљење?
Иначе е за пофалување ова ;)
 
Инаку, жалосно каде не' води капитализмот. Наредно? Куќа од пластични шишиња?

Касниш брат. Веќе направено. И ги има во огромен број... :)

Еве една по фенси иначе попростите се повеќе.

2bqoux.jpg


Него ме интересира за оваа со контејнерите, колку е издржива на земјотреси и други природни непогоди? Иначе како идеја е супер. :)
 
Ова и естетски е ок, особено за минималистите.
Наводно, ваквата градба штитела од природните штетни зрачења, секој контејнер посебно имал носивост на оптеретување од 30 тони и особено ги препорачуваат во региони каде има чести природни катастрофи, како урагани и земјотреси. Кровот, нели, нема шанси да ти падне врз глава :)

infinski-manifesto-container-house-14.jpg


container_house5.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom