Најдобар совет што би можел да им се даде на војниците што ќе ги користат овие играчки е следниов: Чистете ги секој ден, со расклопување, подмачкување и сите други мастрафи. Зошто, подобро ќе ви објасни defenseindustrydaily.com-
"Исто како и нејзината претходничка, M16ката, M4ката се има докажано како одлично оружје - но само доколку се одржува редовно. Без беспрекорно одржување, оваа пушка се закочува, особено во пустински или прашливи услови. Калашниковот можеби не е познат како исклучително прецизно или лесно оружје, но неговата репутација како најиздржлива пушка на сите времиња е сосема заслужена, особено бидејќи може одлично да функционира скоро без било какво одржување. Израелската "Galil" која користи 5.56mm калибар е одличен ученик на калашниковот и може да се пофали со слична издржливост. М16 и М4 пушките едноставно не се споредуваат со нив во овој параметар.
Уште еден цитат:
"Теренските податоци не' водат до заклучок дека М16 и М4 пушките добро функционираат се' додека војниците секојдневно ги одржуваат и подмачкуваат."
Еден војник од 25тата пешадиска дивизија изјавува дека:
"Во пустините на Ирак и Авганистан, М4 пушката многу брзо се закочуваше дури и со малку песок во неа. Чистењето честопати не беше возможно за време на продолжени патроли или престрелки.
"
Друг војник:
"Знам дека е многу прецизна кога е чиста, но понекогаш треба да работи добро и кога е нечиста."
Не знам што да кажам... Да се надеваме дека ќе ги научат војнициве дека без разлика на тоа дали се опколени од миљарда крвожедни муџахедини или кулираат под палма, треба да си одвојат саат-два за чистење на пушките... Или пак да си носат резерва калаш у ранец.