Се за Армијата и Специјалните единици во Армијата

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203

Армиските специјалци, откога го користат новото оружје „колт-М4А2“, по ништо не се разликуваат од нивните американски сојузници





АРМ ја почна скапата инвестиција за исфрлање на автоматската јуришна пушка „калашњиков АК-74“ од употреба и за нејзина замена со американската помодерна варијанта „колт-М4А2“.

- Сега новите пушки ги користат само „Ренџерите“ и некои припадници на другите единици од полкот за специјални операции на АРМ - вели полковникот Мирослав Ѓорѓоски.

Не може да се добие официјална информација колку вакви пушки се набавени, бидејќи тоа има статус на воена тајна.

- Откога ова американско оружје пристигна кај македонските војници, го оценивме како солидно орудие за работа - истакнува полковникот Ѓорѓоски.

Според него, досега користениот „калашњиков“ покажуваше и сé уште покажува одлични резултати, но вооружените експерти на АРМ што го следат развојот на воената индустрија идното оружје на нашата војска го гледаат во американските јуришни пушки.

Купени се, вели Ѓорѓоски, и големи количества резервни делови за овие пушки, а специјално се обучени и таканаречените мајстор–пушкари, војници што во иднина ќе се грижат за сервис на овие автомати.
Најпосле, истакна полковникот, не е битно какво оружје се поседува, битно е кој управува со него и каков професионалец во работата е тој.

Инаку, јуришната американска пушка „колт-М4А2“ е една од најдобрите во својата класа во светот. Првпат во употреба во американската армија е пуштена во 1997 година. Тешка е 2,8 килограми, што е точно на половина од тежината на руската „калашњиков“. Новото македонско оружје користи калибар на муниција 5,56, кој е според НАТО -стандардите. Единствена лоша страна е високата цена на продажба, која десеткратно ја надминува онаа на рускиот ривал АК-74, кој чини 350 евра.

Пред нас, на просторите на поранешна Југославија замена на оружјето спроведе единствено Хрватска во средината на 1990-тите. Војниците на хрватската армија што ја користеа пушката М-16 денес користат автоматска пушка од сопствено производство.

COLT M4A2 5,56mm






Автор: Александар Србиновски



Како прво ,не им се точни информациите,американскава е 2,85 кг и не е скоро 2 пати полесна од Калашот (2,7-3,5кг.,во зависност од варијанта).
Како второ ,во неврзан муабет со припадник на едни од единиците шо ги користат слушнав и дека не се толку добри како шо ги фалат во текстов.

И сега испадна купуваме полошо оружје и многукратно поскапо за љубов на гнасите...
Ваше мислење?
 
Член од
24 мај 2010
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.640
катастрофа :tapp:

не знам колку ќе ги кошта најновиот калашников или нешто постар од најновиот модел, но да се фрлат пари за американсково срање не прифаќам, и самите американци го фалат калашот него нивниот усран колт
 
K

kalimer0

Гостин
Добар е калашот незнам поради која причина го менуваат...
Уствари знам, лижење задник на Американците.
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
А каде ке завршат илјадниците парчиња АК-47??
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
И која е разликата од ова до М16 - 5,56mm?
Скоро иста пушка ,со одредени технички подобрувања (читај понов модел = поскапи набавки) и демек е креирана за замена на М16.Наизглед и не се нешто различни.М4А2 е полесна и пократка ,а е и малку послаба во домет од М16.(М4А2 :500-600 метри,а М16 : 550-800 метри домет).

The M4 carbine is a family of firearms tracing its lineage back to earlier carbine versions of the M16, all based on the original AR-15 designed by Eugene Stoner and made by ArmaLite. It is a shorter and lighter version of the M16A2 assault rifle, with 80% parts commonality.
The M4 carbine is slated to eventually replace the M16 rifle for most combat units in the United States Army.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Па подобар е колтот полесен во челик и има поголем домет а сигурно има и добар систем за ладење.

Домет на истрел до 480м не е малце и прецизноста е релативно добра.
 
С

Спенсер

Гостин
Абееее едно исфрлање... М-4 ќе користат само припадниците на ПСО. Другите единици ќе си останат со "калашников" т.е. М-70аб2 7.62мм.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Јас не би го менувал калашот за АРМ освен што би сакал ваков да е со некои ацесорис на него.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334


АРМ ја почна скапата инвестиција за исфрлање на автоматската јуришна пушка „калашњиков АК-74“

Автор: Александар Србиновски
Авторот на текстот појма нема за која пушка пишува!

АРМ во најголем дел ја има M 70 AB2 пушката која иако личи на спомната подоста се разликува
повеќе на...

http://www.zastava-arms.rs/cms/index.php?id=213
http://www.zastava-arms.rs/cms/index.php?id=227
http://www.zastava-arms.rs/cms/index.php?id=187
http://www.zastava-arms.rs/cms/index.php?id=190
 
С

Спенсер

Гостин
Авторот на текстот појма нема за која пушка пишува!

АРМ во најголем дел ја има M 70 AB2 пушката која иако личи на спомната подоста се разликува
повеќе на...
Точно,ама сепак... народот го знае оној класичен "калашников",па нека им биде така :)

А исфрлање на М-70аб2 ќе биде кога 100% ќе се исфрли од употреба :) А тоа нема да се деси наредниве 10 години.
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
Точно,ама сепак... народот го знае оној класичен "калашников",па нека им биде така :)

А исфрлање на М-70аб2 ќе биде кога 100% ќе се исфрли од употреба :) А тоа нема да се деси наредниве 10 години.
samo edna informacija Vietnam ja dobi vojnta tokmu so ova oruzje m4 cesto se zakocuvaa ednostavno ne bea napraveni za takov teren
 
С

Спенсер

Гостин
samo edna informacija Vietnam ja dobi vojnta tokmu so ova oruzje m4 cesto se zakocuvaa ednostavno ne bea napraveni za takov teren
Знам знам... имам читано и гледано доста на оваа тема,дуелот меѓу АК-47 и М-16/4.

Фала богу,и ја сум фан на АК-47 фамилијата :)
 

baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
Уште за ова да плаќаме...
Што му фали на калашот? Пак од оваа зделка некој ќе пикне огромни пари у џеп а ние ќе немаме што да доручкаме....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom