Во целост се сложувам со
постот на Acid.
Никола да се грижеше и да го занимаше безбедноста на Точка, до сега ќе платеше на некој да им ги закрпи дупките. Zero Science и Ѓоко Крстиќ како личност се стварно супер и со доста искуство. Ама тоа е... Дури ни директориумите не им се заштитени на Точка, а лозинките на админ корисниците може да ги пробие и петгодишно дете.
Друго, еМагаре не требало да ги објават јавно информациите. Така на сите им се достапни податоците на администраторските сметки и било кој може да ги искористи со цел да наштети. Можеби не е од еМагаре, но сепак тие ги имаат јавно објавено податоците.... со тоа се губи тоа „етичко“ кај нив.
Инаку сајтот е „хакнат“ од
https://www.facebook.com/antraxt.baclground, дечко кој на прв поглед ми изгледа многу уфилман... а тука еМагаре може да се вклучи и како соучесник во сето ова сценарио, бидејќи тие ги имат објавено информациите.
Но, ја би рекол дека Точка и само Точка си се криви, бидејќи малку повеќе да мислеја на безбедноста немаше ова да им се случува по 100 пати.