Дојде времето и да славиме? Се прашувам што ќе славиме...
Независност 20 години со просјачки стап, поделена нација, милијарди евра искрадени, убиствена транзиција, споменици и жални врби,незадоволно население, војна, уцени,непризнавања,борба за стол, неписмена и проста раја на одлучувачки функции, кодоши и лустрации, попови со џипови од илјадници евра, ограбени цркви,запалени џамии, беда и разлики, политички профит и лигуши, потплатени европски усни,курви и арамии, полицијата убива и тепа,ТАТ ,пирамиди,инфлации, ситни политички души,алкохоличари,пореметени и боксери,страв и трепет,без демократија и право на глас, потплатени медиуми,латас,сорос и слични свињетини,невработеност,кичерај и трчање по Халкидики,протести на стечајци и контра протести пред опозиција,големо уво,око и разни операции со резултат за телиња,шап и лигавка,туризам ала пинк,босанци градат елитни хотели за едно евро во Охрид, декада на ромите,невладини организации,патриоти и супер патриоти,атентати,убиство на претседател,косовски кризи и бегалци,раселени лица,разрушени фабрики и стечајни управници.....
Нека ни е честита независноста! Каролино пеј !