ElNinho
Мадридиста!
- Член од
- 17 јули 2009
- Мислења
- 20.971
- Поени од реакции
- 57.779
- Возраст
- 34

Кралицата на спортовите повторно стапува на сцена. Годинава, најдобрите светски атлетичари ќе бидат пречекани во Даегу - Јужна Кореа, каде ќе се одржи 13тото Светско Првенство во Атлетика.
На ова првенство ќе настапат вкупно 1943 атлетичари од 202 држави. Македонија (за жал) ќе има само еден претставник, спринтерката Ивана Рожман, која ќе се наптреварува во трката на 100 метри. Tука ја имате листата на сите учесници.
Главна сензација, како и на минатите првенства ќе биде машката спринтерска трка на 100 метри, каде што моменталниот светски рекордер Усеин Болт, ќе се обиде повторно да ја помести границата на човековите можности. Кај жените, погледите најмногу се вперени кон Јелена Исинбаева, моменталната рекордерка во скок со стап.
Овие игри на некој начин ќе претставуваат вовед, за атлетскиот турнир на ОИ следната година, последен „тренинг“ на фаворитите и обид да се стигне до совршена форма за Олимпијадата.

Пренос од првенството ќе има на Еуроспорт. Немам информација дали некоја наша тв ги има откупено правата.