Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

Член од
13 октомври 2005
Мислења
525
Поени од реакции
47
Бесценети совети од еден грижлив покоен татко за своите деца


Приказната за Пол Фланаген и неговата татковска љубов може да го трогне секој што ќе ја прочита.
Последните месеци од својот живот Пол ги поминал подготвувајќи се да го напушти овој свет, но имал за цел зад себе да остави скапоцени спомени по коишто ќе го паметат неговите деца.
„Ништо не му беше поважно на Пол од тоа да биде најдобар татко што може. Кога дозна дека ќе умре, немаше време да се сожалува. Тој целосно се фокусира на тоа да продолжи да биде добар татко во текот на претстојните години, иако знаеше дека лично нема да биде присутен“ – изјавила неговата сопруга Менди.
Томас, Пол и Луси
Пол, кој по професија бил учител, пишувал писма и снимал ДВД пораки за своите деца, Томас и Луси, кои кога починал имале 5 и 1,5 години. Тој им купувал подароци за родендените на кои знаел дека нема да биде присутен и полнел голем ковчег со неговите омилени книги.
„Секоја книга има и порака за Томас и Луси во која тој објаснува зошто ја сакал, и колку се надева дека и тие ќе ја сакаат кога ќе бидат доволно големи за да можат да читаат“ – раскажала Менди.
Менди со децата и списокот со совети
Пред околу еден месец Менди случајно открила уште едно од многуте писма од Пол. Писмото го пронашла во неговиот лаптоп и тоа содржело совети за среќен и исполнет живот наменети за неговите деца.
„Го отворив и солзи ми потекоа по образите, открив правила за водење на добар и среќен живот. Списокот со 28 инструкции за водење на добар живот не содржеа празни зборови, секоја од нив целосно го одразува начинот на којшто Пол го водеше својот живот. Тој беше паметен и храбар и чесен до дното на неговата душа, но јас никогаш немаше да пронајдам зборови за да го сумирам тоа како што тоа го направил самиот. Не можам да ви опишам колку сум задоволна што знам дека нашите деца ќе растат со вистинско разбирање за она што го направи Пол да биде Пол“ – изјавила Менди за Dailymail.
Пол починал во ноември 2009 година, на 45-годишна возраст, од рак. Во текот на последните месеци од животот тој се погрижил за финансиите на семејството, го организирал својот погреб, составил крикет тим од своите пријатели кои секоја година организираат хуманитарен натпревар во негова чест, им напишал писма на пријателите и бил на шопинг со Менди за да им купат подароци на своите деца за нивниот 18-ти и 21-ви роденден.
Менди и Пол ѝ купиле на ќерката Луси прстен за 21-от роденден, а кога продавачката ги запрашала дали е со соодветна големина, тие одговориле: „Не знаеме“.
„Таа се погледна во Пол и забележа колку е болен. Потоа, сите тројца се погледнавме во количката на Луси, која не ни знаеше што се случува“ – раскажала Менди за денот кога го купувале прстенот.
„Кога некои луѓе ќе дознаат дека имаат да живеат само неколку месеци, тие решаваат дека нивниот живот нема да биде целосен додека не скокнат со банџи или не го посетат Големиот Кањон. Но, Пол не беше таков. Сè што нему му беше важно беше токму тука. Тој живееше и умре според своите правила, и знам дека пронајде исполнетост“ – дополнила Менди.

Бесценетото писмо од Пол

  • Бидете учтиви, бидете точни, секогаш велете „ве молам“ и „благодарам“ и држете ги ножот и виљушката правилно. Другите луѓе се учат како да се однесуваат кон вас од вашите манири.
  • Бидете добри, внимателни и милосрдни кога другите се во неволја, дури и кога имате свои проблеми. Другите ќе ѝ се воодушевуваат на вашата несебичност и ќе ви помогнат кога во иднина вам ќе ви биде потребна помош.
  • Покажете морална храброст. Правете го она што е правилно, дури и тоа да ве направи непопуларни. Отсекогаш сум сметал дека е важно да се погледнам наутро во огледало додека се бричам и да не чувствувам вина или каење. Се разделувам од овој свет со скоро чиста совест.
  • Покажете смиреност. Бранете ги сопствените верувања и ставови, но направете пауза за да видите што велат оние на другата страна и повлечете се кога знаете дека не сте во право.
  • Учете од сопствените грешки. Ќе направите многу, па искористете ги како алатка за учење. Ако продолжите да ги повторувате грешките или наидете на проблем, тогаш нешто не правите како што треба.
  • Не кажувајте погрдни зборови за некого пред трети лица, затоа што единствениот кој ќе изгледа лошо ќе бидете вие. Ако имате проблем со некого, кажете му го тоа в лице.
  • Ако некој ве налути, не реагирајте веднаш. Откако ќе кажете нешто, никогаш не можете да си го вратите назад, а повеќето луѓе заслужуваат втора шанса.
  • Забавувајте се. Ако тоа вклучува преземање на ризик, тогаш нека биде така. Ако ве фатат, држете ги рацете кренати нагоре.
  • Донирајте за хуманитарни цели и помагајте им на оние кои имаат помалку од вас, многу е лесно и толку исплатливо.
  • Секогаш гледајте на посветлата страна! Чашата е полна до половина, никогаш половина празна. Секоја несреќа има позитивна страна ако ја побараш.
  • Направете вашите инстинкти секогаш да велат „да“. Барајте причини за да правите нешто, а не причини за да кажете „не“. Вашите пријатели ќе ве ценат поради тоа.
  • Бидете внимателни: ќе добиете повеќе ако можете да дадете некому повеќе од она што тој го посакува. Компромисот може да биде „крал“.
  • Секогаш прифаќајте покана за забава. Вие можеби нема да сакате да одите, но тие ве сакаат таму. Покажете учтивост и почит.
  • Никогаш не оставајте пријател на цедило. Јас би закопал тела за моите пријатели ако тоа го побараа од мене... токму затоа ги избирав внимателно.
  • Секогаш оставајте бакшиш за добра услуга. Тоа покажува почит. Но, никогаш не наградувајте лоша услуга. Лошата услуга е навреда.
  • Секогаш однесувајте се подеднакво кон оние што ќе ги запознаете, без разлика дали тие се погоре или подолу од вас во животот. Кон оние што се над вас однесувајте се малку поразлично, но не им ласкајте.
  • Секогаш почитувајте ја возраста, бидејќи годините значат мудрост.
  • Бидете подготвени да ги поставите на прво место интересите на вашиот брат/сестра.
  • Гордејте се со тоа што сте и со тоа од каде потекнувате, но бидете отворени за другите култури и јазици. Кога ќе започнете да патувате (што се надевам дека ќе го правите), ќе научите дека вашето место во светот е и витално и незначајно.
  • Бидете амбициозни, но не премногу. Поткрепете ги вашите изјави со мајсторство и напорна работа.
  • Живејте го секој ден од животот до максимум: правете нешто што ќе ве насмее и избегнувајте го одложувањето.
  • Дајте сè од себе на училиште. Некои учители забораваат дека на учениците им е потребна стимулација. Па, ако вашиот учител не ви ја даде, дајте си ја сами.
  • Секогаш плаќајте најмногу што можете да си дозволите. Не кратете во хотели, за облека, обувки, шминка или накит. Но, секогаш барајте добра зделка. Ќе добиете онолку колку што ќе платите.
  • Никогаш не се откажувајте! Моите два мали војници немаат татко, но вие сте храбри, со големо срце, здрави и силни. Исто така сте многу сакани од многу добар тим од членови на семејството и пријатели. Самите си ја создавате добрата судбина мои деца, па продолжете да се борите.
  • Никогаш не се сожалувајте себеси, или не го правете тоа долго време. Плачењето не ги подобрува работите.
  • Грижете се за своето тело и тоа ќе се грижи за вас.
  • Научете уште еден јазик, или барем обидете се. Никогаш не се впуштајте во разговор со странец без прво да го поздравите на неговиот мајчин јазик; во секој случај прашајте дали зборува англиски!
  • И за крај, ценете ја мајка ви, и грижете се многу добро за неа.
Ве сакам двајцата со целото мое срце.
Тато Х
Совети од кои сите треба да учиме.


-------------------

од Фемина.Мк (на сајтот има уште еден куп убави работи)

Проширете ја статијава до секого до кого можете и на сите начини.

Да го шириме доброто нека се множи како вируси, бактерии, нека има општа епидемија на Доброто! Секаде! Секогаш! Дај Боже!!!
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.649
Поени од реакции
31.536
da go otstranime nesvesnoto od nas., no toa neznachi deka mozheme da gi uchime drugite preku toa shto go rabotime ., a toa e edna nova svest i eden nov svet kako nejzin neizbezhen odraz:coffee:
 
S

smexy

Гостин
Секогаш пливај спротивно од течението на реката! ~ Јас.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Пред да почнеш да ми судиш за мојот живот...облечи ги моите чевли тргни по мојот пат, помини преку планините и долините, почувствувај ја болката и среќата,помини низ годините по кои јас минувам, падни пред секое камче кое ми е препрека..Стани и повторно помини преку истиот пат, како што тоа јас го правам... Е дури тогаш...можеш да миСудиш!!!
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.649
Поени од реакции
31.536
nekoi duhovni uchenja tvrdat deka celata bolka na krajot na kraishtata e samo iluzija i toa e tochno ., no prashanjeto e dali e toa tochno i vo vashiot sluchaj:coffee:
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Unless a tree blossoms, it knows no blissfulness.

You may have all the pleasures and comforts and luxuries of the world, but unless you know yourself, unless your inner lotus opens,
you will have something missing, and a feeling that
" I am not complete",
" I am not whole"
“I am not what existence wanted me to be."

This “missing” feeling goes on nagging everybody.
Only the expansion of your consciousness will help you
to get rid of this feeling, of this nagging, of this anguish, this angst.

Unless you disappear into the universal ocean just like a dewdrop,
you will not find that existence showers
so much joy and so much celebration on you
that you cannot contain it; you have to share it.

You become a raincloud which is so much burdened with rain
that it has to shower.

A man of deep insight, a man of intuition,
a man who has reached to his being becomes a raincloud.
He is not just a blessing to himself,
he becomes a blessing to the whole world.
Кој друг ако не Ошо :)
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.649
Поени од реакции
31.536
gledame no dali zdogleduvame.,., slushame no dali dobro sme slushnale., sekogash e dobro da napravime proverka na samite sebe:coffee:
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Едно младо момче за 2.000 евра купило коњ. Го платило и газдата му ветил дека ќе му го донесе утредента. Утредента дошол газдата и му рекол на

момчето:Жал ми момче, коњот цркна!“

Момчето: „Добро, вратете ми ги парите“.

Газдата: „Жал ми е но не можам да ти ги вратам парите, веќе ги потрошив“.

Момчето: „Тогаш донесете ми го цркнатиот коњ“.

Газдата: „Зошто!?“

Момчето: „Ќе направам лотарија. И немојте никому да кажувате дека коњот цркна!“

По месец дена се среќаваат газдата и момчето, па газдата го прашува како поминал со лотаријата.

Момчето: „Распишав лотарија, едно ливче беше 30 денари, продадов доволно за да си ги вратам моите 2.000 евра“.

Газдата: „Зарем никој не се пожали?“

Момчето: „Само типот кој го доби цркнатиот коњ, па нему му ги вратив триесетте денари“
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.649
Поени од реакции
31.536
samo onie shto bosi go izodele po prv pat patot znaat kolku e trnliv:coffee:
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.649
Поени од реакции
31.536
izgradi ja doverbata vo sebe se dodeka imash pravo da bidesh sreken:coffee:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Не ми ја продавај својата совршеност, покажи ми ги своите гревови.... за да те видам тебе......
Не ми ги реди победите, раскажи ми за поразите...за да знам колку поднесуваш.....
Не ми зборувај за големината на твоето срце, кажи ми за маленкоста...за да видам колку можеш да дадеш.
Не ми го брои парите во раката, кажи ми од каде ти се
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Knock,
and He'll open the door

Vanish,
and He'll make you shine like the sun

Fall,
and He'll raise you to the heavens

Become nothing,
and He'll turn you into everything.

Rumi
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.649
Поени од реакции
31.536
Не ми ја продавај својата совршеност, покажи ми ги своите гревови.... за да те видам тебе......
Не ми ги реди победите, раскажи ми за поразите...за да знам колку поднесуваш.....
Не ми зборувај за големината на твоето срце, кажи ми за маленкоста...за да видам колку можеш да дадеш.
Не ми го брои парите во раката, кажи ми од каде ти се
(y)
me gledash vo tvojata sovrshena bezgreshnost

mozham da podnesam tolku za da me iluzorno zapoznaesh

ne zboruvam ., dejstvuvam so mojata malenkost narechena srce

da imam pravo da gi brojam ., tie se delo na delovite od mojata raka..........:coffee:
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
РИЗИК

Во плодната почва биле засадени ДВЕ СЕМИЊА едно до друго.
Првото СЕМЕ рекло:
- САКАМ ДА РАСТАМ !.. Сакам да ги пуштам корените длабоко во почвата под мене и да пуштам ливчиња преку земјината кора и надвор... Сакам да ги развијам нежните пупки како знаменца, за да го најавам доаѓањето на пролетта... Сакам да ја почувствувам топлината на сонцето врз лицето и благодетта на утринската роса врз моите венчени ливчиња... И ТАКА ТОА ПОРАСНАЛО...
Другото СЕМЕ рекло:
- СЕ ПЛАШАМ... Ако ги пуштам корените надолу во земјата, со што ли се ќе се сретнам во мракот... Ако си направам пат нагоре, преку тврдата почва над мене, можам да си ги нахранам ливчињата... Но, што ќе се случи, ако ги отворам пупките и некој инсект се обиде да ми ги изеде ?.. А кога ќе ги отворам цветовите, што ако некое мало дете ме откорне од земјата? .. Не, многу подобро е да почекам, додека не стане посигурно...
И ТАКА ТОА ПОЧЕКАЛО...
Една кокошка, која си буричкала низ ровката почва барајќи храна, го нашла СЕМЕНЦЕТО, кое чекало и бргу го ГОЛТНАЛА...

ПОУКА : ОНИЕ ОД НАС КОИ НЕ СЕ ОСМЕЛУВААТ ДА РИЗИКУВААТ И ДА РАСТАТ ЌЕ БИДАТ ПРОГОЛТАНИ ОД ЖИВОТОТ !!!
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.649
Поени од реакции
31.536
lesno e da se ostane prisuten kako psmatrach na svojot um koga sme dlaboko vkoreneti vo nasheto telo., bez razlika na toa shto se sluchuva vo nadvoreshniot svet.,., nas nishto nemozhe da ni ja raznisha harmonijata:coffee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom