Сателитска антена, Помош.

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
По укинувањето на а1 и мојата незаинтересираност за турските/индиските серии решив да земам сателитска антена за да го проширам изборот на канали.Се одлучив за најефтиното решение, антена без мотор со ech smile dvb-s 881 ресивер.После напорното за жал неуспешно местење викнав мајстор кој ја среди работата но неколку часа после тоа, еве ме мене со идеја за промена на сателитот но пред тоа би сакал да се информирам за неколку работи.Би ги замолив само оние кои пто навистина се разбираат и имаат искуство да коментираат во темава.Сакам да добијам точни информации а нешто недочитано од нет.
Моментално сум на eutelsat w2 со отворените канали кои баш и не се по мој ќејф па сакам да се префрлам на друг сателит поточно на Thor.За несреќа моја најголем дел од програмите се кодирани па тука првото прашање, како стојат работите со кодираните програми?Дали има еден универзален код кој ги отклучува сите програми на еден сателит или пак потребни се повеќе кода? дали често се менуваат кодовите? Ова ми е особено важно бидејки типот од каде што ја земав сателитската рече дека програмите ги кодирале на секои 2 минути, мене малку и ми е нереално тоа да е за сите програми па затоа ме интересира на колку време се менуваат кодовите?Дали за мојов ресивер би било проблем да се дојде до кодови?Зборам за јавни форуми/сајтови бидејки немам пристап до приватни сајтови/форуми.
И за крај, колку е комплицирано да се дојде до тој сателит?Многу личности што ги познавам велат дека сателитов бил еден од најтешките за фаќање.
И за крај дали би можеле да поделите линкови од форуми/сајтови каде што би се информирал подобро за овие работи(и да не ви досадувам со вакви прашања.), и секако каде што би нашол кодови(редовно абдејтувани,најбрзо што може)(доколку има).
Ве измачив со долгиов текст ама ако, една мерка+ за превенција од спамери и тролови.
Благодарам однапред
Hyper Freak
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Вака јас имам 2 сателитски без мотор, и ќе ти кажам од сопствено искуство дека без мотор истата не ти вреди многу.
Сателитот на кој си сега, е добар и со негово менување нема да добиеш ништо екстра. Тhor е навистина тежок за факање, освен ако му ја знаеш вистинската фрекфенција и со помош на апаратче да ја наместиш. Единствено можеш да го фатиш Hotbird ама ни тој не е нешто посебно.
Програмите обично се кодирани, на 3 или 6 месеци.
Милсам дека не секој ресивер има опција за внесување на кодови. Ако има не е којзнае колку тешко за пронаоѓање на истите и можеш да ги најдеш преку google, со малку мака се разбира.
Mој совет би било да си купиш мотор, колку што можеш побрзо, за да не те боли глава.
Се надевам, дека нешто од ова ќе ти помогне.
Поздрав...
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.118
Поени од реакции
8.057
По укинувањето на а1
се океј ти е пријателе прашањето ама дали заради а1 шо ја нема се одлучи за сателитска..шо глеаше на неа освен то шо понатаму го спомна
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
се океј ти е пријателе прашањето ама дали заради а1 шо ја нема се одлучи за сателитска..шо глеаше на неа освен то шо понатаму го спомна
Не гледав нешто посебно на неа но во моментот кога на сител имаше турски серии јас гледај некој друг филм на а1 а се погодуваше некои интересни работи да имаат од време на време.Сега откако ја укинаа каналите кои ги фаќам беа турски/индиски серии 24/7 без некоја телевизија која би можел да ја гледам како алтернатива.Со а1 се издржуваше некако, сега безнеа некако премногу ми дојде од турскиве серии.
Вака јас имам 2 сателитски без мотор, и ќе ти кажам од сопствено искуство дека без мотор истата не ти вреди многу.
Сателитот на кој си сега, е добар и со негово менување нема да добиеш ништо екстра. Тhor е навистина тежок за факање, освен ако му ја знаеш вистинската фрекфенција и со помош на апаратче да ја наместиш. Единствено можеш да го фатиш Hotbird ама ни тој не е нешто посебно.
Програмите обично се кодирани, на 3 или 6 месеци.
Милсам дека не секој ресивер има опција за внесување на кодови. Ако има не е којзнае колку тешко за пронаоѓање на истите и можеш да ги најдеш преку google, со малку мака се разбира.
Mој совет би било да си купиш мотор, колку што можеш побрзо, за да не те боли глава.
Се надевам, дека нешто од ова ќе ти помогне.
Поздрав...
Сателитот е далеку од супер, моментално ги гледам само слободние програми од кои половина се тв три(албанска телевизија на албански јазик) а другата половина се телевизии со српски/народни/турбофолк песни кои јас не ги обожавам.Има дури 2 телевизии со програми со задоволителна содржина.Се одлучив за овој сателит од причина што мајками е голем фан на драгана миркович па да гледа дм сат, и тоа се одлучив да биде одредено време додека да научам како функционираат работите за јас сам да си сменам.Моментално клучевите ги гледам како најголем проблем бидејки неможам ресиверов да го најдам на интернет а и клучевите кои што ги има за ресивери слични со неговото име(ако не и исти) се стари.Во план ми е да земам мотор но не сега, тоа го планирам подоцна.
Јас се надевам дека на форумов има некој кој се занимава со овие работи и кој би можел да ми објасни подобро, или барем да ме упати на вистинското место каде што ке можам да прашам и добијам одговор.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Не гледав нешто посебно на неа но во моментот кога на сител имаше турски серии јас гледај некој друг филм на а1 а се погодуваше некои интересни работи да имаат од време на време.Сега откако ја укинаа каналите кои ги фаќам беа турски/индиски серии 24/7 без некоја телевизија која би можел да ја гледам како алтернатива.Со а1 се издржуваше некако, сега безнеа некако премногу ми дојде од турскиве серии.

Сателитот е далеку од супер, моментално ги гледам само слободние програми од кои половина се тв три(албанска телевизија на албански јазик) а другата половина се телевизии со српски/народни/турбофолк песни кои јас не ги обожавам.Има дури 2 телевизии со програми со задоволителна содржина.Се одлучив за овој сателит од причина што мајками е голем фан на драгана миркович па да гледа дм сат, и тоа се одлучив да биде одредено време додека да научам како функционираат работите за јас сам да си сменам.Моментално клучевите ги гледам како најголем проблем бидејки неможам ресиверов да го најдам на интернет а и клучевите кои што ги има за ресивери слични со неговото име(ако не и исти) се стари.Во план ми е да земам мотор но не сега, тоа го планирам подоцна.
Јас се надевам дека на форумов има некој кој се занимава со овие работи и кој би можел да ми објасни подобро, или барем да ме упати на вистинското место каде што ке можам да прашам и добијам одговор.
Верувај ни другите не се подобри. Единствено може нешто да се стори со мотор, и со некој што наоѓа кодови.
Зошто без мотор, ќе ги отклучиш сите и за 5 дена може да сменат фрекфенција ( што се случува често) и ти си оставуваш при толку мака на куси ракави.
Сепак отиди до некој што ги сервирира, мислам дека може да ти помогне.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Сега најпаметно ти е да ја наместиш антената на Hellas Sat пошто уште таму можеш да го отклучиш digi tv пакетот на кои ги има и Discovery каналите.Зачлени се на овој форум кој е најбољи за сателитски канали http://www.sat-television.com/ и од овде ќе ги земаш кодовите за декодирање на каналите.Секако ќе ти треба и rs232 кабел (100 денари од битпазар) и софтвер за аплоад на кодовите директно во ресиверот.


Како и да е имаш уште многу за учење во овој сектор,а од ден на ден добрите канали преминуваат во Nagravision 3.Систем кој можеби е веќе кракуван но далеку од достапен.Така да според мене умре времето на сателитските - оние бесплатните.
--- надополнето: Aug 22, 2011 10:18 PM ---
Не гледав нешто посебно на неа но во моментот кога на сител имаше турски серии јас гледај некој друг филм на а1 а се погодуваше некои интересни работи да имаат од време на време.Сега откако ја укинаа каналите кои ги фаќам беа турски/индиски серии 24/7 без некоја телевизија која би можел да ја гледам како алтернатива.Со а1 се издржуваше некако, сега безнеа некако премногу ми дојде од турскиве серии.

Сателитот е далеку од супер, моментално ги гледам само слободние програми од кои половина се тв три(албанска телевизија на албански јазик) а другата половина се телевизии со српски/народни/турбофолк песни кои јас не ги обожавам.Има дури 2 телевизии со програми со задоволителна содржина.Се одлучив за овој сателит од причина што мајками е голем фан на драгана миркович па да гледа дм сат, и тоа се одлучив да биде одредено време додека да научам како функционираат работите за јас сам да си сменам.Моментално клучевите ги гледам како најголем проблем бидејки неможам ресиверов да го најдам на интернет а и клучевите кои што ги има за ресивери слични со неговото име(ако не и исти) се стари.Во план ми е да земам мотор но не сега, тоа го планирам подоцна.
Јас се надевам дека на форумов има некој кој се занимава со овие работи и кој би можел да ми објасни подобро, или барем да ме упати на вистинското место каде што ке можам да прашам и добијам одговор.
Каков ресивер имаш?Пиши и серија.
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Сега најпаметно ти е да ја наместиш антената на Hellas Sat пошто уште таму можеш да го отклучиш digi tv пакетот на кои ги има и Discovery каналите.Зачлени се на овој форум кој е најбољи за сателитски канали http://www.sat-television.com/ и од овде ќе ги земаш кодовите за декодирање на каналите.Секако ќе ти треба и rs232 кабел (100 денари од битпазар) и софтвер за аплоад на кодовите директно во ресиверот.


Како и да е имаш уште многу за учење во овој сектор,а од ден на ден добрите канали преминуваат во Nagravision 3.Систем кој можеби е веќе кракуван но далеку од достапен.Така да според мене умре времето на сателитските - оние бесплатните.
--- надополнето: Aug 22, 2011 10:18 PM ---

Каков ресивер имаш?Пиши и серија.
На кутијата пишува echо smile dvb-s 881, еве слики од истиот:
http://i25.lulzimg.com/b3daaf.jpg
и од кутијата
http://i25.lulzimg.com/17dcfa.jpg
се надевам дека тоа помогна, доколку не кажи каде ке побарам.
 

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.464
Овој ресивер е исто што и Echolite или Echosmart. Користат исти софтвер. Единствено со клучеви може да се гледа дел од Bulsat пакетот на Helas Sat2 39°E и нешто од француски и холандски пакет на Astra 19°E. Бидејќи е евтина солуција, колку пари толку музика или со овој ресивер скоро ништо. За гледање на готово се можно од сателитското небо прво моторизирана антена и ресивер со можност за излез на интернет. Ресиверот ти е поврзан преку рутер и клучевите ги примаш дирекно преку интернет. Тоа оди преку некој приватен сервер и со друго име се вика cardsharing. Шерингот не е бесплатен, го има и во Македонија можеш да го најдеш по различни цени.
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
2.304
Поени од реакции
1.775
на ехолајт/ехосмајл ресиверите можиш клучеви да клаваш преку даљинско, клик мени па 8888 и имаш скриено мени за да ги внесвиш кодојте, бараш ирдето2 менито и таму на 04 или 06 па ги внесвиш, иначе за квалитетни програми со филм, музика, спорт, документарци другар само Dreambox му е мајката
 
Член од
22 август 2009
Мислења
214
Поени од реакции
19
Сега најпаметно ти е да ја наместиш антената на Hellas Sat пошто уште таму можеш да го отклучиш digi tv пакетот на кои ги има и Discovery каналите.Зачлени се на овој форум кој е најбољи за сателитски канали http://www.sat-television.com/ и од овде ќе ги земаш кодовите за декодирање на каналите.Секако ќе ти треба и rs232 кабел (100 денари од битпазар) и софтвер за аплоад на кодовите директно во ресиверот.

Дали има разлика помеѓѕ овие RS232 кабли? Бидејќи вчера зедов еден и неможам да го конектирам ресиверот никако, ми покажува сериал порт тестинг и ништо друго.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Дали има разлика помеѓѕ овие RS232 кабли? Бидејќи вчера зедов еден и неможам да го конектирам ресиверот никако, ми покажува сериал порт тестинг и ништо друго.
За да ја користиш портата од компјутерот мора да ја сетираш:

1.Оди десен клик на
My Computer
Properties
Hardware
Device Manager
Ports (COM&LPT)
Communications Port (COM1)
Port Settings
и одиш Bits per second - од 9600 го местиш на 115 200 и ОК.

Ова е за на Windows XP за друг windows незнам.

Види дали ќе функционира па пиши.Може и софтверот да не ти чини.
 
Член од
10 ноември 2008
Мислења
18
Поени од реакции
2
За овој ресивер не ти треба rs 232 кабел бидејќи имаш usb port и можиш се да правиш преку usb portot
како да ставаш клучеви така и софтвер па и да снимаш директно на usb.
Ти пратив PP.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
214
Поени од реакции
19
За да ја користиш портата од компјутерот мора да ја сетираш:

1.Оди десен клик на
My Computer
Properties
Hardware
Device Manager
Ports (COM&LPT)
Communications Port (COM1)
Port Settings
и одиш Bits per second - од 9600 го местиш на 115 200 и ОК.

Ова е за на Windows XP за друг windows незнам.

Види дали ќе функционира па пиши.Може и софтверот да не ти чини.
Пробав ама ништо. Сепак изгледа кабелот што го купив е стандарден а за ова треба Null modem cable. Имало разлика во поврзување на пиновите на кабелот. На мојот кабел не пишува ништо.
 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
13
Поени од реакции
5
Zdravo
koga veke imash oprema ja bi ti preporachal samo da ja obnovish
znachi za pocetok da si zemesh dreambox dm500 se naoga za pomalku od 50 evra
i za kratko vreme ke nauchish za cccam-shering koj e mnogu ednostaven i ti treba internet (pretpostavuvam imash)
a ponatamu ti preporachuvam da si zemesh i motor
p.s. http://www.eurocardsharing.com ti e najdobroto mesto za da se informirash
pozdrav
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Има ли нешто со мк, ср-хр, или бг превод што може да се гледа со Стронг 6006??
Инаку имам мотор ама ресиверов ми е од Дедо Ное оставштина:icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom