ATP тенис - општа дискусија

Член од
14 март 2010
Мислења
16.844
Поени од реакции
16.006
Очекував Фиш да го збрише Мареј вчера, но испадна обратно. Енди покажа заби и обели образ малце ..

Ноле морам искрено да кажам дека имаше доста среќа, Бердих му направи брејк, одлично сервираше и го диктираше темпото во првиот сет, но се деси шо се деси и не можеше да го заврши мечот.

Финалето инаку да ви кажам дека е од 18.30. На МТВ прочитав најава од 21.00, грешка е. Така да за пола саат спремајте се. Ајмо Новак !!
На МТВ изгледа ќе го репризираат, нема да вршат директен пренос. :mad:
 
С

сашенко

Гостин
Мареј изненадува.Или не толку Мареј колку слабата игра на Џокович.
 
Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Мареј изненадува.Или не толку Мареј колку слабата игра на Џокович.
Искрено со вака повреден и уморен Џокович, Мареј не требаше воопшто ни да се мачи првиот сет, така да.. ништо не изненади според мене.
 
Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Што му е бе?
Повреда на десното рамо. Според мене сигурно размислувал и порано да го предаде мечот, али верувам поради тоа што е финале, сакал да издржи колку што е повеќе можно. Како и да е, барем здрав Новак во ова финале со вака игра на Мареј, мислам дека би се знаел исходот без разлика што немавме можност тоа да го видиме.

Одмор од 7 дена, па не чекаат нови доживувања.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Каде е серијата сега некој да ја спомнува???Или одма сега од животна форма повреден излезе.:eek:
 
С

сашенко

Гостин
Серијата и онака е за респект, човекот се повреди едноставно.Нема смисла вакви муабети.Криво ми е што немаат разбирање некои луѓе за здраствените проблеми на другите тенисери како на пример на Надал чии повреди помали или поголеми секогаш се потценуваат ама повреда си е повреда помала или поголема.Се оприметува кога тенисерот неможе да даде 100% од себе, тоа се гледа на Надал во последно време а тоа се виде и кај Џокович денеска.Нормално тоа на Џокович изгледаше малце потешко бидејки го предаде мечот ама Рафа има проблеми здраствени во последно време.Не би сакал во тој правец маубетот да појде ама ова денес да беше Надал ке беше осудено како секогаш се жали кога губи.Му посакувам побрзо опоравување на Ноле..
 
Член од
31 јули 2011
Мислења
936
Поени од реакции
741
Каде е серијата сега некој да ја спомнува???Или одма сега од животна форма повреден излезе.:eek:
Јас бе ќе ти спомна серија од 3 турнири на НАдал,кај шо испашат во 3 коло.се надевам,за твој инет,ќе продолжит :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Јас бе ќе ти спомна серија од 3 турнири на НАдал,кај шо испашат во 3 коло.се надевам,за твој инет,ќе продолжит :)
Голем к*р шо испаѓал,кога земаше тој мастерси во борба со Роже,морковов не беше ни во предвид кај татко му.Само проблемот е во тоа што кога ние баравме алиби во колената на Надал за вас беше смешно,така и за мене е ова.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.844
Поени од реакции
16.006
Каде е серијата сега некој да ја спомнува???Или одма сега од животна форма повреден излезе.:eek:
Серија која уште долго нема да биди срушена од друг тенисер, барем не во блиска иднина...и мислам дека го пројде Мекинро, со најдобра серија од почетокот на сезоната..
И да се јавува фан на Надал, кој игра во очајна форма последните 2-3 турнири и да кажува за Новак, ептен е безвезе.
 
Зошто бе? Да не го изгубивме правото да правиме муабет за тенис?Ако Надал не игра добро не значи дека нас ни се очите врзани и дека не ги гледаме другите ;)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.844
Поени од реакции
16.006
Зошто бе? Да не го изгубивме правото да правиме муабет за тенис?
Aма безвезално е да се збори за серијата на Новак, ај да има некој во денешно време што имал таква серија на победи во почеток на сезона, па да дискутираме за тоа.
И никој не се вади на овој пораз/предаден меч на Новак ко што гледам, се очекуваше кога-тогаш да му дојди крајот и нему.
 
Знам дека нема смисла ама друго му беше идејата.Кога Надал се жали на повреда и кога тоа ни е алиби за некој негов пораз секогаш негативно го прифаќаат тоа овде на форум.Надал само се жали, ваков е таков е и некои такви слични коментари.Нема смисла повредата и заморот сега на Ноле да се доведат во прашање, а уште повеќе и неговата серија многу јасно.Ама ете за некои можеме да имаме разбирање сите а за Рафа секогаш тоа е некоја глума или не му иде па се вади со повреди.Би сакал да размислувавме вака сите за секој тенисер.Точно дека Рафа најмногу се жали на повреди ама човекот и навистина ги има.На сите ни здосади после секој пораз да слушаме повредата ми правеше проблем и секој пат некоја различна ама треба да се има разбирање за сите.Сепак се спортисти и вложуваат голем напор, нормални се вакви работи.За надал ние јасно дека од секогаш го мачеле повредите барем.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.087
Едно прашање до фановите,навивачите на Џокович. Каде бевте пред 3 години да се палите да скокате вака за Ноле кога не можеше da мрдне од 3 место туку сега напраил некој рекорд го освоил Вимблдон и господ за муда го фативте а? Не го сметајте ова како провокација туку само чисто ме интересира. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom