Фан Клуб: Арсенал

Член од
7 јули 2009
Мислења
1.228
Поени од реакции
28
Boomer okej be brat moze ne delime isto mislenje ali sakav da kazam deka ima kvalitetni igraci za do 25 milioni .. da ne opravame za diego sea ,moze bi se snasol i bi vratil forma
 
Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Си ибавме мамата со расправии, за нешто што верувам дека не е ни под план Б ставено во Арсенал. Нема везе, бар во некое поле сме добри. :LOL:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.956
Поени од реакции
9.587
не ме интересират кого ке купит само да купит зш лига европа не ни бегат до година
 
Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.484
Поени од реакции
10.220
Ова со Џеки почнува да ми мириса на сериозно.Исто ко Вермален ми заличува.Те денес,те утре...та на крај у Мај :eek:
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
38
Поени од реакции
6
Ова со Џеки почнува да ми мириса на сериозно.Исто ко Вермален ми заличува.Те денес,те утре...та на крај у Мај :eek:
http://www.arsenal.com/news/news-archive/team-news-gibbs-djourou-traore-rosicky
Според ова нашата млада ѕвезда е подобро, иако сигурно нема да настапи утре и не би требало да биде лански Вермален. Што побрзо се врати тоа подобро за нас, изгинавме со болницата во тимот И што чека Венгер со замените на Фабрегас и се поверојатниот Насри, 31 Август 23:59? Ова не ми се допаѓа. За утрешниот состав со Црвените ќе бидеме десеткувани Вилшер, Жервињо, Сонг, Диаби, Гибс, сигурно нема да ги гледаме утре некои и подолго,Насри не го ни сметам со оглед на тоа што се пишува по медиа, 50-50 Росицки, Џуру, Траоре, па изгледа утре ќе ги видиме Рио, Лансбури, Фримпонг, Чемберлејн во игра, двајца дебитанти, но и покрај ова не се предаваме и очекувам прва победа сезонава на домашен терен во ПЛ.
 
Член од
27 април 2007
Мислења
7
Поени од реакции
0
Здраво, го следам форумот, но никако да постирам нешто :)
Арсенал фан, ДА! Нема натпревар без нервоза, дофрлања од другари, смешки на сметка на играчи итн.
Прочитав многу коментари и мислења, ама тоа што ме натера да напишам нешто е следно:
Сите што сте против Арсен Венгер, кажете еден подобар менаџер што може и треба да го замени!!
поздрав
 
nemat ama dali ne treba da ja zasili ekipata iskreno
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Здраво, го следам форумот, но никако да постирам нешто :)
Арсенал фан, ДА! Нема натпревар без нервоза, дофрлања од другари, смешки на сметка на играчи итн.
Прочитав многу коментари и мислења, ама тоа што ме натера да напишам нешто е следно:
Сите што сте против Арсен Венгер, кажете еден подобар менаџер што може и треба да го замени!!
поздрав
знаеш.... велат старите дури не пробаш нема да знаеш.... венгер е докажан тренер, али кога ќе удриш во ѕид и нема простор за никакво подобрување треба да пробаш да смениш.
не сакам да се мешам или да провоцирам овде затоа што почитувам ногу форумџии фанови на арсенал. али мислам дека нема да биде лошо ако се промени тренерот или пак политиката на клубот. нема знаци на амбиција ни во управата ни во тимот.. колку фудбалери продадовте и тоа за добра пара ама сепак не се појачувате така со поквалитетни играчи... тука ви е грешката по мое.
спортски поздрав
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846

Јас сум за да се промени не смени политиката на клубот. Сигурно Венгер додкеа има поддршка од управата нема да ја менува политиката. Политиката на управување ја прави управата, затоа исе вика управа. Доколку Венгер не ја задоволува таа политика ќе биде заменет, но бидејќи не го менуваат тоа значи дека тие ја прават таа насока на водење на тим. Затоа и до некаде (но донекаде) не го кривим Венгер колку што целосното работење на целата управа.
 
во право си дека венгер игра како што ќе му диригираат па затоа и напоменав дека управата е таа што треба да го смени ставот и политиката со цел да се врати амбицијата и моитвацијата во тимот. ако случајно гасдата реши да го одврзи ќесето 100% су сигурен дека венгер ќе се согласи, тој сака промена али изгледа од управата не дозволуваат средства за да се случи таа промена.
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.836
Поени од реакции
495
Венгер во оваа ситуација е само играчка која служи за правење на пари за бордот на Арсенал зошто да го избркаат му даваат по 10м за трансвери годишно после тоа продаваат 60м само профит прави на клубот плус тоа клубот последните години пак ротира во топ 4 премиер лигашки екипи, кој и да е друг тренер со малце пари за трансвери би бил под 10то место во премиер лигата за разлика од Венгер, ако сакаме титули Венгер мора да остане но да се смене управата и да се трошат парите на трансвери а не само да се продава и да се зимат младинци и бордот да се збогатува на сметка на Венгер...
 
D

D_NazGUL

Гостин
Здраво, го следам форумот, но никако да постирам нешто :)
Арсенал фан, ДА! Нема натпревар без нервоза, дофрлања од другари, смешки на сметка на играчи итн.
Прочитав многу коментари и мислења, ама тоа што ме натера да напишам нешто е следно:
Сите што сте против Арсен Венгер, кажете еден подобар менаџер што може и треба да го замени!!
поздрав
Прво да ти посакам добредојде на форумов и се најубаво.

Јас не сум против А.В. бидејки тој човек направи многу за клубот, но кога веќе е очигледно дека нема повеќе ниту сила ниту идеи пожелно е да си замине. Тоа ти е како и секој добар играч. Повеќето си заминуваат со славата у една рука, а некои доживуваат дебакли и ги памтиме само како пропалитети. Ако А.В. не земе ни оваа година ништо и си замине од клубот, верувај 70% ќе го паметат по лошо а не по успесите што ги имаше со класата на непобедливите, кои сам тој ги створи. Баталете управата ова управата она, ако не му се допаѓаа одлуките на управата на А.В. ќе си заминеше тој уште пред три години. Има многу клубови кои би му дале одвзани раце да прави што сака. Немојте со тие муабети аман, управата била крива, да бе А.В. со пиштол на глаа седи у клубот - не смее да си оди, абе ајде.

Сите ние кои го пратиме клубот повеќе од 10-15 години знаеме многу добро што се направи тој човек, но исто така не можеме да замижуваме пред катастрофата во која се снајде клубот сега. Сите квалитетни играчи се продадоа или се продаваат деноиве. Имаме неколку повредени играчи за кои немаме квалитетна замена на терен. Со кого ќе играме? Дај нека ни дадат Ливерпул пола клупа на позајмица колку да имаме играчи на терен. Јас еве отворено кажувам дека не верувам во младиве дебитанти. Сепак овие први неколку утакмици се многу важни и играчите ќе бидат под огромен притисок. Тука треба искуство и цврста рака, а не пишлиња што си даваат автоголови кога ќе ги збрка некој по терен. Верувам само во упорноста на некои играчи, кои сеуште веруваат во големината на Арсенал, кои сеуште веруваат дека Арсенал е еден од ретките клубови кои играат прав фудбал и не се лесно заслепени од парите и славата.

А.В. е едно себично човече кое смислило некаква си грандиозна идеја и сака да ја истера до крај на сметка на сите во клубот, па и на нас навивачите. Очигледно е дека ништо нема да биде од таа негова идеа, ништо. И тие луѓе кои беа дел од неговата идеа, го напуштија (Цеск, Насри ...). Што сега, пак од почеток???? Ова му е последна шанса, да се поправи, да ја врати довербата, да купи квалитет, да ги зацврсти младите таленти, да го смени фитнес тренерот и целата нивна програма, да го исфрли Пет Рајс (колку беше патетичен и збунет против Удинезе - ужас), да смени малку тактика (4-4-2 рецимо) и да прекине со реториката „па и 4-то место не е така лошо“ и „ланската сезона направивме многу“.

И да за сите вас кои веќе се спремате да ми реплицирате: повторно ќе навивам и ќе се радувам кога и овие млади дебитанти со А.В. ќе победуваат, но не е тоа поентата, нас ни треба константа, а не варијабла. Ни треба титула, ни треба уште еден Верма, уште еден Вилшир, уште еден РвП, а не дечиња кои у солекувална ги лажат со топка за да им ја земат цуцлата.

Поздрав ганери и еве давам предлог заено да се збереме некаде и да гледаме Ливерпул утакмицата.
 
Логикс

Gooner
Член од
17 септември 2007
Мислења
7.358
Поени од реакции
2.290
Росицки,Траоре и Џуру не се спремни за утре.Значи Скилачи ис бек.:D
--- надополнето: Aug 19, 2011 11:57 AM ---
Рио ќе биде во тимот утре,а можеби и Насри.
Венгер бара засилувања и не планира да си замине од клубот.:D
 
Член од
6 мај 2008
Мислења
1.836
Поени од реакции
495
Позитивна ствар за мечот со Ливерпул го имаме Аршавин одморен :icon_mrgr:
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.320
Поени од реакции
2.846
Мислам дека Мијачи утре ќе ги реши како Аршавин пред некоја година :P или пак не... :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom