Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Иначе турнирот „Трофеј Македонија“ ќе оди директно на Канал 5, почнувајќи од утре со дуелот помеѓу Македонија-Црна Гора во 21 часот, во сабота играат Нов Зеланд-Црна Гора 21 часот, а во недела го играме последниот дуел пред заминувањето во Литванија против Црна Гора, исто така во 21 часот.
 
Баш ќе видиме утре и недела колку се промени од тоа што беше во Љубљана.
 
Дали убо слушнав на канал 5 дека ќе играме две пријателски со Германија и во Минхен и во Берлин.

Oh boy, oh boy:drk::drk:

:drk::drk:
 
Почнуваме со „Тофеј Македонија“, завршуваме со Германија


Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во 21 часот против Црна Гора го игра првиот натпрвар на турнирот „Трофеј Македонија“, кој во следните 3 дена ќе се одржува во Скопје. Со оваа селекција во подготвителниот период, односно на Екс Ју купот во Љубљана веќе одигравме еден натпревар, кој го загубивме со 67-57. Денеска нашите кошаркари на домашен паркет имаат шанса да се одмаздат, но и што подобро да го анализираат противникот, бидејќи на премиерата на Европското првенство играме токму против Црногорците. Денешниот противник располага со икслучитално талентирани кошаркари и дур две НБА-ѕвезди. Никола Вучевиќ настапува за Филаделфија, а во Минесота игра Никола Пековиќ, кој неколку дена премина во редовите на Партизан, но само додека трае локаутот. Црногорците на бековската позиција исто како и Македонија имаат американско засилување во името на Омар Кук, кој игра за Валенсија. Тука секако е и кошаркарот на Гран Канарија Владимир Дашиќ, но и искусниот Предраг Дробњак. Според зборовите на селекторот Марин Докузовски, Црна Гора може да биде најголемото изненадување на континенталниот собир во Литванија. Турнирот ќе го затвориме во недела против репрезентацијата на Нов Зеланд.

„Трофеј Македонија“ нема да биде последната проверка на формата пред ЕП, бидејќи избраниците на Докузовски ќе одиграат и две пријателски средби со селекцијата на Германија. Според распоредот, првиот натпревар ќе се игра во Минхен на 26 август. Вториот меч е закажан за 28 август, а ќе се игра во Берлин. Еден ден по завршувањето на втората средба, селекцијата на Македонија со директен лет од Берлин ќе патува за Вилниус.


„Овие натпревари ќе ни бидат повеќе од добредојдени. Ни се отвори можност да играме уште натпревари, а како што порано имам изјавено, средбите ни се многу важни поради потребата подобро да се воиграме. Преку натпревари многу полесно се влегува во форма. Германија е една многу квалитетна екипа, знаеме и дека без Новицки го победи европскиот вицешампион Србија и Турција, а покрај Новицки, на овие два натпревари против нас, веројатно ќе настапи уште еден НБА играч, Крис Кејман. Во секој случај, најважно за нас е подобро да ја воиграме екипата. Овие две средби со Германија ќе бидат одлична припрема пред Евробаскетот“, изјави Марин Докузовски за интернет страницата на кошаркарската федерација на Македонија.
 
Може некој да го објави распоредот за турнирот?
 
Може некој да го објави распоредот за турнирот?

А дали ти читаш еден пост погоре или по навика на секого треба посебно да му се објаснува. Што е следно колку е цена на карти? Неколку пати е пишано.
 
колку само немаме идеја во нападот...само грешки се прават
 
Каква победа бе ( дај боже да тепаат ) ... Пред да започнат подготовките бев убеден дека ќе бидеме 2 место во група али сега се прашувам дали воопшто ќе идеме понатаму во следната фаза. Не верував дека е толкав цреп Докузовски дека нели во Македонска лига го нарекуваат "Докторот".
 
конечно ни тргна...и како одма се гледа разликата кога влезе Гечевски...
 
15-0 серија.....вака да продолжат да играат ќе ги добиеме црно горциве
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom