Патиштата се посебна приказна.Генерално се добри и се вози мноогу брзо.Ако класифицирам поединечно-некои се фантазија,некои се `само` ок,некои се заради изградба на нови во хаос,за некои вистина немам објаснување.
Патот до Истанбул од Гр-Тр граница е ок,две ленти во правец со ограничување 90 ама се вози доста побрзо.Се реновира доста,се пренасочува многу често и се наидува на многу чудни ситуации.Ова важи за цела Турција.Пред Истанбул се вклучува во автопатот Едрене-Истанбул.Истанбул како Истанбул,кој бил знае,кој не бил нека си носи GPS за да ја најде посакуваната дестинација обавезно!За транзит ајде некако,ама ако сакаш да најдиш адреса во некој дел од градот...само GPS или такси пред тебе евентуално.
Истанбул-Анкара е супер автопат!Анкара е слична приказна со Стамбол.
Од Анкара према Аксарај,Невшехор добар пат,со исклучок кај соленото езеро(Tuz golu) кое е must see! каде е патот пак во две ленти во правец но е во `припрема за изградба`-читај чакал некои 10км па,дикат!Инаку таму по патот видов за прв пат табли со предупредување да не се застанува и обрнува внимание на сигнализација на други возила освен на полицијата и жандармеријата и да си ги чуваш вредните работи во тебе ако паркираш!
Низ Кападокија добри двосмерни патишта.
Истото тоа важо и за патот према Конја,старата селџучка престолнина со милион и кусур жители сега,градот на Мевлана,на дервишите.Патот низ Анадолија е пушка,стандард 2 ленти во правец,со пустелија околу тебе,се вози 130 комотно.
Од Конја према Анталија почнуваат ипланините(широк,добар пат со големи,не многу нагли кривини),патот во изградба и треба мноигу внимание,иакоп е се обележено,се вози лудо и треба многу Дикат!Планините се големо освежување после пустелијата во Анадолија.Алпски пејсажи а одиш на Медитеран!
Анталискиот регион е поврзан со дбар пат,нешто како автопат-otoyolu на Турски.
Анталија-Фетије стандардниот пат со 2ленти во правец преку планини пак.
Фетије-Памуккале-одев по најневозможниот пат-сам сум крив а и ГПС-от-Гармин не можи да ги ажурира мапите доволно колку што Турците прават измени во патната инфраструктура.Возев 200км Галичица дел по чакал,дел по свеж асфалт дел комбинација,па кози,овци,100тина камиони,2 Тофаши картали о Мурати и ние!Гадно се зезнав но по 5сати се приклучивме на патот за Денизли кој е феноменален и се лета и така низ Денизли до Памуккале.
Памуккале-Кушадаси е дел 2 ленти во правец дел суперавтопат.
Кушадаси према Измир до Алиага автопат,потоа пак градење на патот,де две ленти,де пренасочување,па чакал,пак асфалт...тоа е Турција,нонстоп се гради патишта и се вози лудо.