concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
закон секако МОРА да има, дури и релативно...нормално строг..,А делот за аудиограм, видеограм и интегрални кола намерно или случајно го игнорирате? Не се однесува ова само на Бил Гејтс, туку општо за авторските права, без разлика дали станува збор за софтвер, музика, филм, или технологија. Интелектуалниот труд би требало сите да го ценат, а оправдувањата дека ние тука имаме плата од 200 евра и не можеме да си дозволиме да плаќаме за вакви "глупости" е смешно. Ако имаш мала плата, а ти требаат патики, не идеш да крадеш Најк од некоја продавница (се надевам), туку ќе се задоволиш со некој ефтин модел можеби и од пазарче, или ќе идеш бос.
Некој вложувал труд, инвестирал во знаење, опрема, кадар, плаќал даноци за својата дејност, за на крајот некој да го краде. ОК, не сум информатичар, ниту имам нешто со авторските права, а "поседувам" куп пиратски филмови, песни и по некое кракирано програмче, но не се тешам дека не плаќам за тоа затоа што имам малку пари. Така се однесуваме затоа што можеме, никој не се обидел да не спречи. Нема оправдување дека стандардот ни е низок, па државата треба да мижи пред кражбата на интелектуална сопственост. Тогаш ајде во државата нека не постојат и закони за забрана на трговија со дрога, на пример, па стандардот ни е низок, мора некако да се живее нели.
Ако градиме сериозна држава ваков закон мора да постои, иако реално неговата имплементација е ограничена дури и во најбогатите општества. Нашата држава треба да го зголемува економскиот стандард, и да лобира цените на овие производи за нашиот пазар да бидат по привилегирана цена, соодветна за нашите можности.
Сакам да кажам, не дигајте галама за џабе, јасно е дека ќе си продолжиме како досега, свесни за ризикот, но и свесни дека никој или малку ќе бидат оние индивидуалци што ќе го почуствуваат законот на свој грб. Но безобразно е да се оправдува криминал, од било кои причини.
но исто така мора да има и закон против монопол, апсолутно строг , како и закон кој ќе се почитува до последното ситно буквиче....дека СЕ МОРА да биде на Македонски!!! се друго е плен на слободен лов....