Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Уф... ако беше нешто германско и повозено (читај го има во многу примероци) низ државава најверојатно ќе ти најдев друг тапацир, само да го смениш (така е најефикасно).

Е сега ова ќе мора да го одработиш сам. Така да ако имаш желба и воља, тури некое сличе да видиме како изгледа тапацирот во сегашната состојба, па да видиме како би можел да се оправа. Ако е од типот на трослојните (најчесто се такви) подлога од пресована хартија, средина танок сунѓер и најдолу платно, тогаш можиш сам да го залепиш многу едноставно.

Ако е поинаков, треба да кажиш каков е, па да видиме како би можел да го средиш.

п.с. Дека мајстор некој ќе ти го напрај то нешто, тешко. Него да не познаваш некој шо тапацира мебел? Да ми го среди тапацирот на покривот од Мерцедесот, ама по моја мерка, не по негова (т.е. да не е шалабајзер). Нема многу многу за лепење, се се сведува на кроење и шиење.
 
--- надополнето: Aug 16, 2011 9:41 AM ---
http://imageshack.us/photo/my-images/64/abcd0006v.jpg/
http://imageshack.us/photo/my-images/153/abcd0007q.jpg/
http://imageshack.us/photo/my-images/849/abcd0008s.jpg/
ете вака некако изгледа
 
ете вака некако изгледа
Toa e тоа, ист таков тапацир имаше кај мене на ескордот. Јас сам си го оправав, бидејќи беше отпуштен само на делот покрај предната шоферјшајбна, се среди на лице место без проблем.

Е сега во зависност од тоа колку е отпуштен имаш две опции: да го средиш на лице место (ако е малку, по крај) или да го средиш надвор (ако е некаде провиснат во средина).

Ако одиш со првата варијанта: на местото каде што е отпуштен има и тенок сунѓер. Со сува крпа или само со рака истреси го максимално да не останат остатоци бидејќи ќе ти пречат во процесот на лепење. И внимавај, да не го одлепиш уште појќе. За лепење (барем јас) користев лепак за хартија од оние што наликуваат на кармин. Не користев течно лепило бидејќи тоа е продорно и можи да се познава низ матерјалот долу (како флеки), а карминот си брка работа без проблем. И тоа е тоа, процедурата трае 15 минути сосе чистење и држење.

Ако одиш со втората варијанта: треба да ја растуриш колата да можиш да го извадиш тапацирот надвор. Откако е се комплет извадено, треба да го одделиш платното од подлогата. Сунѓерот кој што се наоѓа измеѓу платното и подлогата да го одстраниш со правосмукалка, од двете површини. По потреба платното можиш да го испериш (ако е премногу валкано). Сунѓерот како опција отпаѓа бидејќи толку танок неможиш да купиш. Потоа процедурата е иста, само што тука користиш течно лепило, бидејќи станува збор за голема површина. Го премачкуваш долниот дел со неостик (најдобро со четка, да дојди танок дел), чекаш лепилото да се исуши 10-15 мин. Потоа го поставуваш платното и го оставаш добро да се исуши. Убо би било да се потисни на клучните места, а на крајот да се фати со штипка. Од ко ќе се исуши, монтирање назад.
 
OK, фала, ај ќе пробам па ќе видам шо ќе биди
 
Imam Subwoofer izlaz na radioto...
Dali nekoj znae kako moze da go iskoristam bez pojacalo..???
I kako bi idelo povrzuvanjeto na zvusnikot so izlazot,
 
Што може да и биде на колата ако се возе 5-10 минути со крената ручна( рачна) ? не премириса,ниту пречади нешто, а возењето беше глатко ?
 
Da gi pregrees zadnite dobosi i izedes gurtnite.
 
Што може да и биде на колата ако се возе 5-10 минути со крената ручна( рачна) ? не премириса,ниту пречади нешто, а возењето беше глатко ?

Како може возењето да биде глатко?Не осеќаш дека треба повеќе напор за да тргнеш,дека се мачи колата :/ На крај-краева немаш сијаличка за рачната :D ? Инаку гуртни може да се истрошат,добошите да прегреат...
 
Како воопшто може автомобил со крената рачна да вози повеќе од 10 метра доколку не се стисни барем половина од гаста што не е нормално за тргање и како тоа ќе се смени брзина без да се намалат обртаите и со тоа да неможе да се смени брзина и доколку се смени да не се изгаси моторот поради оптеретување?
 
Абе феномен некој :D Јас мислев колата со крената рачна нема шанси да мрдне од својата положба (укопана е) и без да се симне колата нема шанси да тргне,се додека не го видов ова.
Сеа под хитно да се мењат добоши или гуртни ? скапи ли се овие :tapp:
 
Ме интересира дали на 4х98 размак (Фиат) може да се постават 4х100 фелни бидејќи на тој размак има далеку поголем избор? Гуглав малку и видов дека имало некои посебни штрафови и сл...
 
Што кола е ко прво и основно. Ако не ти мирасало на изгорено и ако не чурело тогаш најверпајтно немаш штета пошто не ти била крената многу рачната или па не ти држи убаво.
--- надополнето: Aug 17, 2011 9:25 PM ---
Ме интересира дали на 4х98 размак (Фиат) може да се постават 4х100 фелни бидејќи на тој размак има далеку поголем избор? Гуглав малку и видов дека имало некои посебни штрафови и сл...
Може јас на југо сум ставал 4x100 ( југото е 4x98) Само ке пазиш во центар да го наместиш бандажот.
 
Што е подобро Мерцедес Ц 220 cdi (2007-2008) или Ауди A4 2.0 tdi (2007-2008)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom