Зависи што се подразбира по „српска“ музика....
Најчесто под ова се мисли на песните со нинтендо мелодии и траги-комични текстови, попознати како „турбо-фолк“.
Ако се мисли на таа „српска“ музика (која всушност е производ на ромското народно творештво) тогаш моето мислење за неа е крајно негативно! Тешко дека има нешто полошо од неа и мислам дека не вреди да трошам повеќе зборови на неа....
Сепак, под српска музика може да спаѓа се што е создадено од српски музичари, така?
Мора да се признае дека во Србија творат многу квалитетни музичари и се прозиведува и квалитетна музика. Само не дека во Македонија или во некои други земји нема...
Немам ништо против ваквата музика, но ми пречи нејзината огромна популарност кај нас. Посебно кај нас младите. Младите знаат повеќе песни само од некоја српска група отколку што знаат воопшто македонски песни.
Ова нешто мора да прекине. Српската култура едноставно има преголемо влијание во Македонија! И ова не е нормално!
Политиката на форумот е забранета, знам, но тука мора да спомнам еден (и можеби и единствен
) став кој го делам со еден наш бивш премиер: Македонија е последна земја која сеуште живее во духот на Југословенството. А мене тоа воопшто не ми се допаѓа!