Педофилија

Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.317
Inache seriozno mislam deka ova se poremeteni lujge
истото пред некоја деценија го тврдеа (дури и научно) и за другите сексуални определби...сега е поинаку. Најверојатно и за педофилијата ќе се смени мислењето, дека е само еден вид сексуална определба.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Seksualna opredelba?! Da siluvash malo dete i da go prisiluvas na intimni dejstva?! Ma nemoj decata seushte si igraat so igrachki pa da gi fakaat za polovite organi i dr.. raboti :S Nemoj nemoj , jas mislam deka za ovie lujge treba smrtna kazna..
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.317
Seksualna opredelba?! Da siluvash malo dete i da go prisiluvas na intimni dejstva?! Ma nemoj decata seushte si igraat so igrachki pa da gi fakaat za polovite organi i dr.. raboti :S Nemoj nemoj , jas mislam deka za ovie lujge treba smrtna kazna..
Се сложувам дека е ненормално и неприродно ама мислењата на психијатрите се менуваат, којзнае што ќе им текне.
Инаку не се споменува силување туку легална возраст за односи -самото лице на 13 и 14 години може да даде согласност за сексуален чин без да биде казнето. А секако дека е ненормална и неприродна работа.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Uste pred dvaeset godini citav deka vo Holandija devojcinjata vo prosek gubele nevinost na 12 godini a kako posledica na toa sto denes mladite pobrzo sozrevaat fizicki (rana zrelost) nego pod pedofilia ne se podrazbira so sila da imas seksualen kontakt tuku dobrovolno vo smisla ako ne se protivi drugata strana. Mislam deka so tek na vreme ke se prifati kako normalnna pojava i pedofilijata sekako ako ne se raboti za nasilstvo.
Psiholozite cesto se vo sluzba na vladeackata ideologija na primer za onepravdanata osoba velat deka sakala samo da svrti vnimanie kon sebe ( zamislete odam na zabar ne deka me boli zabot tuku sum sakal da svrtam vnimanie kon sebe-glupost), kaj seksolozite grupniot seks ne e nesto nemoralno i sto odi vo prilog na degradacija na licnosta koja e seks objekt na poveke od eden partner. Novite generacii imaat drugi svakanja i ne e nisto cudno ako utre kako denes sto e homoseksualnosta prifatena kako licen izbor, se prifati i pedofilijata kako licen izbor na mladata persona.
No da ne zaboravime deka ako se raboti za situiran i bogat pedofil togas poinaku se gleda na toa. Bogatiot sekogas moze da plati dobar advokat, da plati kaucija duri nemu i sami mu se nudat mladi devojki koi vo nego gledaat moznost da napreduvaat vo opstestvenata stratifikacija, ili pak roditelite nemaat nisto protiv ako e toj bogat. Siromasnite sekogas bile posurovo sankcionirani zatoa sto nemaat nisto vo svoja odbrana osven argumentite koi kako takvi se diskutabilni.
 
D

dbt

Гостин
Во денешно време ептен им е олеснета работата на педофилите со сите овие социјални сајтови ко што е фејсбук. Сите родители или попрецизно сите мајки сакаат да си ги покажат децата, кои како трофеи што имаат постигнато од животот кои да истакнат дека имаат нормален живот со веќе формирана заедница, од многу причини кои за мене не се оправдани.

Им сервираат се на тацна, посебно на оние кои немаат храброст да им се приближат на деца па на овој начин ги задоволуваат своите изопачени умови, гледаат и фантазираат.

Само нека продолжат така ... не знам кој ѓавол ги тера па и во купачи на плажа 3 годишно дете да оставаат на сајтови ( демек можеме на одмор да идеме, ете видете ни ги и децата како се бањаат?). Иако знам дека принципот е само пријатели или и нивните пријатели да ги гледаат сликите, но толку имаат доверба во сите тие 500 луѓе што ги имаат во листата?
Потполно се согласувам, во што ги претворија децата, значи до каде отиде изопаченоста на општеството кога најблагородната работа на светот, се претставува како некое си достигнување, пехар, трофеј.... Од кога тоа, неизживејана нацијо родителското чувство се смена со натпревар за престиж, позиција во општеството. Се извинувам заради off-topic ама морав да го кажам ова.

П.С
Сеуште не сум родител, ама сум крајно згнасен од оваа “модерна“ појава.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
CafeDelMar mozhebi sum seushte mal , ama si vo pravo vo vrska so fejsbukov .. Potpolno si vo pravo te pozddrzhuvam!
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Пандорината кутија е отворена...

The Archives of Sexual Behavior published a special edition in December 2002 to discuss whether pedophilia should remain a mental disorder.
Opening the debate was Richard Green, M.D., J.D. a widely known writer specializing in homosexuality and gender-identity issues. Green argued in favor of removing pedophilia from the diagnostic manual (DSM).

Green was one of the clinicians who, in the 1973, took the side of gay activists to argue for removing homosexuality from the diagnostic manual.
Psychiatrist Richard C. Friedman, the author of Male Homosexuality: A Contemporary Psychoanalytic Perspective and a number of related research papers, says that it would be "more helpful than harmful" to continue to view pedophilia as a mental disorder because we know so little about adult-child sex at this time, and because of the potentially harmful age and power discrepancy between children and adults. But he closes his commentary by urging that society not discriminate against people who are sexually attracted to children.
Is the pedophile a dysfunctional person? No, Green says; in truth, there appear to be quite a number of "highly skilled pedophiles" - in fact, even some beloved public figures--so a simple explanation of "social inadequacy" doesn't explain their psychological condition.

Taken together, Green says, these findings converge on the conclusion that pedophilia is not a mental disorder - at least "not unless we declare a lot of people in many cultures and in much of the past to be mentally ill."
http://www.narth.com/docs/debate2.html
http://www.chankowkwai-ia.org/international-symposium/if-the-apa-votes-and-removes-pedophilia-from-thedsm-mental-disease-disorder-will-you-support-the-decision

Од пред некое време не е болест, а сега размислуваат да ја тргнат и од листата на пореметувања...

Истите аргументи како и “за“ хомосексуалноста...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.822
Поени од реакции
12.317
conclusion that pedophilia is not a mental disorder
Сеа ќе навалат педофилите (као лгбт-фрнјдфјдс популацијата) да си ги бранат ставовите...хромозоми, гени, определба...тралалајка. Ние сме хомофобични, педофилофобични...се скурца светов кога нормалното е ненормално и обратно. Само не прашувајте што е нормално, еве и педофилите сега ил за некоја година ќе се нормални...се е тоа нормално, ако не правиш зло на друг...налет таква филозофија. Баш ме занима Најчевска и компанија со кои аргументи ќе ни мие мозок за "пријателите на децата"
 

антонија

модел
Член од
22 август 2010
Мислења
144
Поени од реакции
6
ако ти имаш 27 а девојката 17 тогаш може да те прогласат за педофил, а ако имаш 55 а таа 18 тогаш ке те назначат за функционер.
 

sveznajko

Random nobody
Член од
17 август 2006
Мислења
522
Поени од реакции
101
Не сфаќам кај е тука „болеста“ ?!
Не дека некој им става пиштол на глава да имаат секс додека се помали (зборам 15+ год. ).
Коа више решила да „се даде“ , ок е да се плесне со 17годишен , а не со 30-и-кусур годишен. WTF?
 
L

Liberation

Гостин
Од текстот подолу, ќе може да се заклучи дека педофилите се жртви на својата биологија и на мозочната конструкција која не им дозволува да го контролираат сексуалниот нагон усмерен кон умствено, телесно и сексуално незрела единка. Педофилите не се способни да почуствуваат сексуална привлечност кон возрасна единка, а истовремено не можат да сфатат дека едно дете не е способно да го сфати значењето на сексуалниот чин и не може да одлучува за своите постапки. Од друга страна, педофилите имаат ментална конструкција која не е способна да се носи со светот на возрасните и односите со возрасна личност, па сексуалните фантазии или дури злоставувањето на дете му даваат лажна сигурност во неговиот ограничен свет во кој тој сака да ја има контролата над нештата. Ограничувањето да не злоставуваат деца, тие го сфаќаат како општеството да им забранило да имаат секс, бидејќи повеќето и не се способни да почуствуваат еротска привлечност кон возрасни.

Лицата со педофилична конституција на мозокот и психата се повратници во вршењето на своите злосторства, па затоа оправдана е тенденцијата овие лица да се изолираат од општеството за долги периоди (многугодишен или доживотен затвор).

Станува збор, всушност, за СЕКСУАЛНА РЕТАРДАЦИЈА.

Педофилијата е психичко растројство кое се карактеризира со интензивна и повторлива желба на возрасно лице или постар малолетник, да има сексуален контакт со дете (малолетник помал од 14 години). Ваквите парафилични желби кај педофилите се изразени преку постојано фантазирање за имање сексуален контакт со дете или дури и посегнување по детското тело, која состојба не може да се контролира, а акциите водени од ненормалната желба не можат да се сопрат. Често под педофилија се вбројуваат и сексуалните напади врз деца кои немаат ништо заедничко со педофилична конституција на мозокот на злосторникот.

Меѓу 80 и 95% од педофилите се мажи, додека останатиот дел отпаѓа на жените.

Зборот педофилија потекнува од хеленските педос (дете) и филиос (пријателство), поради што и самоит збор не е доволно опишувачки, паспоред мене треба да се земе за користење поисправниот “педоманија“ што би значело “ненормален интерес за деца“. Инаку зборот не е синоним за педерастијата, која опфаќала само сексуален контакт меѓу возрасен маж и адолесцент најчесто меѓу 14 и 18 години (заради, тогаш, прифатливи причини). Додека педерастијата била исклучиво хомосексуален чин кој вклучувал постари малолетници, педофилијата може да биде хетеро, би и хомосексуална и секогаш опфаќа деца помали од 14 години.

Крафт-Ебинг за прв пат научно пристапува на ова психичко растројство, издвојувајќи ги следните заеднички елементи за секој педофил:
-постојана сексуална привлечност кон деца (Ебинг уште вели “постојано искушение“ да се напасти дете);
-поголемиот дел од сексуалниот нагон е насочен кон деца, отколку кон возрасни; и
-извршувањето на делото најчесто вклучува допирање по интимните делови на детето или обратно, како активности кои ненормално ја зголемуваат сексуалната возбуденост на напастувачот, а во помал дел и пенетрација.

Во своето дело Psychopathia Sexualis, Ебинг воведува поим “псевдопедофилија“ со кој ги означува луѓето кои во суштина не се педофилно психички растроени, туку поради изгубеното либидо кон возрасните, се свртуваат кон напастување на деца како единствен извор на сексуална возбуда. Во истото дело бележи и примери за педофилија кај жените и тврдење дека случаите каде машки деца се нападнати од хомосексуален маж се екстремно ретки. Гледано од денешен аспект, во момент кога светот е потресен од секс-скандали во католичката црква, каде 10% од жртвите на свештенеците се деца, 40% девојчиња поголеми од 14 и цели 60% момчиња поголеми од 14 години, може да се претпостави дека педофилијата меѓу хомосексуалците процентуално е на исто ниво како и процентот хомосексуалци во општата популација.

ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ

Според Меѓународната статистичка класификација, за педофилија се сметаат привремените или постојани сексуални преференции на лице од 16 години или повозрасно, кон предпубертетско дете најмалку 5 години помало од него. Значи, се работи за педофилија кога едниот малолетник е 16, а другиот 11, 17-12, 18-13 и 19-14, но не и во случаите 16-12 или 18-14.

Според Прирачникот за дијагноза и статистика, педофилијата е имање сексуални фантазии кон дете помало од 13 години во рок подолг од 6 месеци и/или сексуално напастување врз дете помало од 13 години, при што субјектот треба да е постар од 16 години а неговите сексуални фантазии да се насочени кон најмалку 5 години помало дете.


Т.н. “ексклузивни педофили“ (најчестите повратници меѓу педофилите), можат да бидат сексуално возбудени само ако фантазираат или се во присуство на предпубертетски деца. Т.н. неексклузивни педофили можат да бидат привлечени и од возрасни. Според едно истражување меѓу 2429 затвореници-педофили, само 7% се идентификувале како ексклузивни педофили, но секако дека процентот на оние кои доживуваат поголема сексуална возбуда во присуство на деца отколку на возрасни, е огромен, кога веќе го сториле злосторството.

Да повториме дека за да едно лице е педофил, доволно е да има сексуални фантазии кон деца помали од 14, а физички сексуален контакт не ни мора да се случи. Исто така, лицето е педофил и ако добива сексуална возбуда од покажување пред деца, воајеризам врз деца, фротеуризам пред деца или возбудување при гледање детска порнографија.

Некои биолошки истражувања по 2002, покажуваат дека педофилите имаат различна мозочна структура: помало количество бела маса, намалена активност на хипоталамусот, помал коефициент на интелигенција и помали општи способности, кои ги тераат да се чуствуваат помалку вредни пред своите врсници.

Од психолошки аспект, педофилите имаат ниско мислење за себе, слаби социјални вештини, агресивни се кон самите себе, се самообвинуваат за својата неспособност, покажуваат зголемена социопатија и когнитивна дисторзија, а според некои истражувања, покажуваат зголемена психотичност, невротичност и интровертност. Во практиката, многу често е невозможно да се направи разлика дали злосторникот е педофил или друг вид престапник кој извршил сексуален напад врз дете. “Педофил“ се користи за секој кој извршил полов напад врз дете, без разлика дали одговара на клиничките критериуми.

Точниот процент на педофили меѓу популацијата не може да се определи, поради тешкотиите во примената на клиничките критериуми. Сепак, познато е дека околу 50% од педофилите си ги напастуваат и сопствените деца. Една друга студија изнесува шокантни факти дека просечно, еден педофил, пред да биде откриен или да се пријави на третман, има извршено 282 сексуални напади (егзебиционизам пред деца, фротеуризам, допирање или пенетрација) врз 150 деца.

Голем дел од педофилите им се закануваат на жртвите за да не бидат откриени. Други, со лажни симпатии глумат пред децата, во намера да ја добијат нивната доверба. До сега, педофилијата е неизлечива болест. Развиени се голем број психијатриски техники за третирање, но резултатите се занемарувачки. Повратништвото меѓу овие злосторници е огромно.

Од друга страна, постојат фармаколошки третмани, но тие не ја лекуваат педофилијата кај болниот, туку ги превенираат сексуалните напади врз децата преку отстранување на сексуалниот нагон (т.н. хемиска кастрација со кипротеронска и леупролидна киселина). Некои други терапии вклучуваат играње на улоги, каде педофилот ја осознава вистинската слика што ја има детето кон половиот нагон.
ИЗВОР
 

Kajgana e sranje

Македонија Шампион
Член од
9 април 2010
Мислења
225
Поени од реакции
64
секој втор маж на светот е педофил, само не би признал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom