Вреди ли да си психолог во Македонија?!

Член од
26 ноември 2009
Мислења
72
Поени од реакции
12
Дали нашиов народ сеуште смета дека треба да си "мрднат" за да направиш муабет со психолог.. Вреди ли да завршиш факултет психологија? Дали по завршувањето можеш да си најдеш работа, добро платена работичка или ќе седиш дома и ќе чекаш луѓето да се свестат дека речиси секому му треба разговор со психолог чат пат? Муабетот ми е, сакам да се запишам на психологија ама не знам колку можам да просперирам во нашава државичка. :unsure:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Муабетот е треба чоек да те ислуша понекогаш... во западно европските држави тоа е психолог, кај нас тоа е комшијата/другар. На запад се плаќа за тоа, кај нас уште е гага.

И се додека маалските трачови се актуелни нема да има поголем просперитет од психолог во основно/средно училиште. Кога секој ќе почне да си ја гледа сопствената мака и работа и нема да го интересира дали комшијата спружил алишта однопаку или на лице, тогаш можеби психологот ќе има поголема функција.
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
за жал.... во поголемите земји нормално е да имаш психолог....
си плаќаш на некој да те слуша и знаеш дека шо и да кажеш останува у таа соба. Кај нас нешо тоа на сите им е испод част да идат на советување... Не дај боже! Е сељаци ниедни, до кога вака бе??? и ние ќе сме иделе напре....абе 500 години сме назад од сегашноста!
 

sasha4fiercef

Титула по желба
Член од
9 август 2011
Мислења
167
Поени од реакции
64
Не вреди, кај нас вредат бизниси што се „фаќа“ голема пара. На тој начин ќе имаш големо „ЈАС“ меѓу мештаните оти нашиов народ се срами да оди на психолог од страв да не му се гибне неговиот имунитет и да го заебаваат после: - Ејјј енего оној на психолог што го носеше таткому(whatever). Башка нашиов народ е еден ураа, и сите УРАААА :D
А за работа не се ни надај, освен ако нејќиш двофакултативно човече да бидеш :pos: а па ако толку сакаш и имаш среќа, запиши се и ваљда ќе маниш на лесна рака. А моја отценка 2/10 за психологијата во Македонија.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Мислам дека некаде имаше ваква слична тема.

Психолог е многу повеќе од слушање, и тоа е доктор на некој начин кој ти помага со главата просто кажано.
Кај нас сељачкиот менталитет се уште не ни дозволува ваквата професија да се издигне на потребното ниво, а жално е што се повеќе и повеќе гледајќи ги луѓево сите гледаме дека многумина имаат птреба од тоа. Не дека е лошо или болест туку едноставно динамчниот начин на живот го прави тоа, и обичниот човек кој не е истрениран како да се справува со миљон ситуации и стресови и енормни его проблеми од неговите семејства колеги и шо ти знам и те како му треба некој кој ќе му помогне како да се справи со сето тоа. Ако имаш здрав разум поедноставно ќе се справуваш со се тоа и ќе бидеш попродуктивен, затоа овие успешните во воие професии во развиените економии се и милионери.
А кај нас...се уште се борат, тажно.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
profesijata psiholog e izmislena samo za da postoi dodatna profesija megu drugite, da zemaat pari nekoi luge koi ne sakaat da se zafatat so rabota..imal dedomi na niva psiholog, pa poradi toa bil cesen i vreden..hehee
 

#LakersMK

iChangeWorlds
Член од
31 јули 2008
Мислења
1.326
Поени од реакции
250
па уствари најмногу има работа за психолози...ќе вриеш од пари...
 
Член од
11 август 2011
Мислења
113
Поени од реакции
27
Па да.
Тоа е убава професија, барем според мене на некои "отидени со паметот" ќе им треба психолог.
Штом ти мислиш дека сакаш да бидеш психолог и се гледаш себе си како таков
Ондак што воопшто ги прашуваш другите за мислење.
Тоа е твој избор...
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Ако се запишуваш на психологија мислејќи на пари, ондак ич не се мачи...
Треба да бидеш вљубен во психологијата за да моеш да ја учиш, да ти е интересно се шо ќе прочиташ, да се воодушевуваш на секој експеримент и стварно да сакаш да работиш со луѓе, макар оа и да е волонтерска работа...
А колку шо глеам низ генерацииве кај нас, малкумина се таквите студенти...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Психологот ти е вид на современ свештеник. Да му се исповедаш, да те сослуша и да те советува. Нашиов народ често меша психолог со психијатар, ги нема разграничено тие поими и мисли дека си мрднат и ако се советуваш со психолог.

Подолго време размислував дали да се запишам на психологија, но откажав бидејќи мислам дека тука нема просперитет со таа професија, сеуште е народот со некои конзервативни заостанати сфаќања. Ретко психолозите кај нас вршат работа за која се обучени, како што споменав често пати се испомешани со други професии...

Не сакам ни најмалку да ти пропагирам, туку ти го кажувам моето искуство. Но, како што пиша Магде, ако ептен сакаш да го работиш тоа, терај! :)
 
Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
A i prethodno go imaf postaveno priznato prashanjeto dali se priznati diplomite od psiholog nadvor od drzavava zsh nadvor ima poveke rabota aj nekoj neka mi odgovori
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Вреди оти 90% од популацијава е изместена од мозокот. Замисли да падне власта ете ти ги преродбениците за работа :LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom